Пријавувањето за настанот заврши пред 5-6 дена, па сакав да пишам да
се собереме СИТЕ,
да ги прочитаме мотивациските писма и да ги избереме учесниците...
Арно ама се пуштив компјутер сабајлечки и гледам твитерот полн, кој е
примен, а кој не е
на TEDx Skopje, кој се фали, кој се жали...
СТЕ си ја завршиле работата, а?
Мислев дека сите ќе учествуваме во читањето на мотивациските писма и
избирањето на учесници,
али јбг, повеќе среќа следниот пат.
"Одборот на старци" до сега не најде време ниту еднаш да пише една
порака до кај сме со
организацијата, цело време, се шушкаше околу говорниците кој е избран
и дали прифатил и околу
местото за одржување на настанот. Целава работа е многу повеќе од
говорниците и настанот...
Јас само еднаш добив порака за состанок на групата за техника, на кој
не се појавив бидејќи бев
зафатен и од тогаш ништо.
Не ме интерсеираа деталите кој што ќе работи, туку во глобала до кај
сме, ама таква порака до
сега немам видено на листава. Околу техниката дознавам ситници од луѓе
кои не се во нашава
група.
@"Одборот на старци": Можеби си комуцирате на лични мејлови и работите
течат како што треба,
но никој ништо не кажува... можеби сте загалавиле негде и некој од
листава можеби може да ви
помогне... не срамете се, кажете што не/ве мачи... Нели идејата на TED
е споделување ;)
И? Ќе каже некој до кај сме и што уште останува да се доработи за да
го истераме настанот?
ПОЗДРАВ, Јован
моментот кога заврши пријавувањето беше објавено дека
"За изборот ќе Ве известиме на 15-ти октомври. Ви блаодариме."
(http://twitter.com/#!/TEDxSkopje/status/26975212407)
Така што кој од луѓето што биле во организација сакал да чита можел да
се пријави правовремено кога видел дека објавата е таква каква што е.
Инаку, да... ќе има тролање. Нормално е. Се пријавиле 300 луѓе, може
да одат 100, 200 сигурно ќе тролаат на еден или друг начин. Кои и 100
да беа одбрани другите 200 ќе тролаа.
--
н
Ама јак муабет се сврте по интенетов околу изборот на говорниците :)
Немам ништо против направениот избор на учесници, туку поради тоа што
нигде не се пишува/кажува како стојат работите.
Ме чуди што наместо да напише некој како стојат работите, добив
филозофирање како организацијата на настанов е многу сложена и дека
неможе никако да им се помогне другарчињата од одборот. Што се
однесува до „касното палење“, сега имам повеќе време и сакам да
помогнам, али јбг, вас ниту можам, ниту знам како да ви помогнам, ниту
пак кажувате што правите
за да можам негде да се вклучам негде. Не сакам да ви досаѓам и да ви
одземам време затоа што некои од „одборот“ се жалеа дека многу трошеле
од слободното време за организирање на настанот. Да кажевте што се
случува, ќе го поделевме потрошеното времето... Друг начин за
комуникација освен оваа мејлинг листа, немам. За јавување по телефони,
не ви ги знам броевите, немам пристап до листата на луѓе....
Едноставно не држите настрана и не не замарате со организацијата на
настанов :P
Ајде истерајте ги сложените, неизвесните и комплексните процеси до
крај и гледајте бар направете добар план што се треба да се направи на
30ти (кога ќе не има повеќе од 5-10 души членови на одборот) за да го
истераме настанот како што треба :)
ПОЗДРАВ, Јован
П.С. Да, нападот е најдобра одбрана :p