Драги милонгери и милонгероси,
сакам да ве информирам за неколку работи.
1. Поради салса и танго семинар на Прима Данца, оваа сабота (19.02.2011) ќе мора практиката да ја одржиме од 20 до 22 часот.
2. На програмата овојпат имаме танго
- имаше неколку интересни хировци (+ едно хиро со сакада и предно болео) што ни ги покажа Рафаел, би можеле да ги вежбаме нив.
- исто така јас би можел да покажам неколку милонгеро варијации за едноставен заден крос - многу се едноставни и користни за интерпретација и танц во мал простор.
Ако има некој нешто друго да предложи супер.
3. Неколку девојки ме прашуваа за клипчиња каде што ги има тие малите предни очовци... еве неколку што најдов од прва рака, има во овие клипчиња разни варијации (предни задни, спори брзи, машки женски, добри лоши, убави грди).
Исто така направете си пребарување и ќе најдете и сами (има обично кога играат милонга)
4. Ме замолија од Прима Данца да пренесам дека овој викенд има танго и салса семинар - го приложив во атачмент распоредот што ми го пратија - во сабота во нашиот термин имало танго за напредни (колку што разбрав било 650 денари, ама боље да си се информирате таму).
поздрав
се гледаме во сабота во 20 часот
Ивица