Другарки и другари, не очекува танго месец :)
Ни претстојат неколку работилници - ќе има за учење многу нови работи, а тоа во превод значи и многу вежбање. Како што разговаравме повеќепати нема смисла да се учи, ако после тоа што се учело човек не го извежба и не го користи на милонги.
Практиките остануваат во стариот термин 18-20 часот и претплатата останува истата - 600 денари.
Еве колку за евиденција, точка по точка, што следува во март:
1. програма за практиките во март
- 5.03 - вежбаме танго
- 12.03 - вежбаме милонга
- 19.03 - вежбаме танго
- 26.03 - вежбаме валс
2. работилници месецов
- 12-13 март - Работилница со Рафаел (1 дел) - организира Тангоинг Скопје
- 19-20 март - Работилница со Рафаел (2 дел) - организира Тангоинг Скопје
- 21-25 март - Работилница со Душка и Алфредо - организира Танго банда
(за цени и друго инфо проверете ги профилите/пејџовите на Facebook на Тангоинг и Танго банда)
Јас се надевам дека ќе има меѓу нас луѓе што биле и на двете работилници, за да може да размениме искуства. Колку што видов термините не ни се поклопуваат со работилниците, што е одлично. Во секој случај, како и порано што правевме, нашите практики си се одвиваат независно од работилниците - така што кој си решил да си вежба на практика, условите остануваат исти, без оглед на се :)
поздрав
Ивица
PS. Поздрав за новите на листава, и жалење за тие што нема да бидат со нас овој месец :)