Според некој претходен начелен договор, бевме спремни да се договориме
за овој простор со условот тој да може да биде изнајмен на пократко
време. Меѓутоа, сопственичката на просторот побара минималното траење
на договорот да биде една година.
Незнам за другите, но тој услов не одговара за состојбата во која што
сме. Таа состојба е дека бараме (и најверојатно најдовме) партнерска
организација со која ќе можеме, со здружени капацитети да обезбедиме
поголем и поатрактивен простор. Во моментов заедно со Метаморфозис се
обидуваме да најдеме таков простор. Нив им треба демо простор за
презентација на нивната работа и тоа мислам дека добро се вклопува со
дел од темите со кои ние се занимаваме во КИКА.
Идејата со просторот на ул. Варшавска беше тој да биде привремена локација.
Според мене, договор од една година можеме да потпишеме дури откако ќе
се исцрпат сите опции вклучително и горенаведената опција со
партнерска организација.
--
Misha Popovikj
http://stream.kiberkotle.net
Искрено не верувам дека ќе се случи нешто со метаморфозис пошто на нив
не им гори и ова пак највеќе ќе зависи од нашиот ангажман (кој што
досега е минимален, за жал), ќе се исцрпат сите опции со време, а
времето тече, хаклаб немаме и се што сме праеле досега полека но сигурно
се распаѓа. Само сакам на сите тоа да им биде јасно ако уште не им е.
Иако можеби не е совршен поради локацијата и тие некои мали недостатоци
како неспремна кујна и немање греење моето мислење е дека треба да се
земе просторот, па нека одлучи мнозинството.
Мислам дека аргументот „не е во центар“ воопшто не држи пошто јас година
и пол идев на работа у кисела вода, па се враќав у влае, па пак доаѓав у
кисела вода/црниче у хаклаб, кој сака да доаѓа доаѓал и ќе продолжи да
доаѓа. Ако гледаме така може и поголема предност да биде само тоа што
партизанска е блиску а на неа поминуваат еден куп автобуски линии
наспроти една што идеше накај старата КИКА.
Газдарицата рече дека е спремна да уложи во кујна и тенда доколку го
земеме просторот.
--
Арангел
xmpp/mail
ufo \o/ linux.net.mk
http://blog.spodeli.org