Просторија

4 views
Skip to first unread message

Arangel

unread,
Aug 29, 2011, 3:48:53 PM8/29/11
to Хаклаб КИКА
ја испратив поракава до другата листа, еве ја и тука, ако се пријавува
некој може да ме контактира мене директно или да пише тука одговор.
--------------------------------------------------------

Денес бев да го проверам просторот над стара Точка, на Илинденска
веднаш до влада. Се работи за простор од 60м2, три соби (кујна со мало
собиче, една соба колку онаа што ја имаме сега во КИКА и уште една
помала) - се на се +20 квадрати реално.

Предноста е што има веце со када, кујна со шпорет, две соби (едната е
голема колку големата што ја имаме сега + уште една помала).

Еве некои слики:
https://picasaweb.google.com/105856714226540976575/82911?authkey=Gv1sRgCLuNtc3Bg7yRogE#5646301966556979394

Местото дефинитивно треба да се реновира малце (минимум да се искречи)
али мислам дека тоа нема да ни биде проблем.

Цената е 180 евра + некој данок, вкупно 200 евра месечно + струја вода
колку што трошиме.

Првиот месец се плаќа 50% од киријата за агенцијата што посредува.
Греење нема.

Значи за оние што не се во тек - просторот што го имаме моментално има
нерегулиран статус и не знаеме до кога ќе може да останеме таму, можно
е да останеме уште долго, можно е утре да не замолат да напуштиме.
Дополнителен проблем е што почнаа да доаѓаат повеќе луѓе па понекогаш
не не собира сите во едната соба.

За да го земеме ова ни треба комитмент од 10 луѓе кои што би плаќале
по 20-25 евра месечно. Па ако има такви пријавете се тука.

Просторот е на втор спрат а целата куќа ја користат невладини
организации и фирми и нема да биде проблем да остануваме до касно и
сл. Во дворот има ограда каде што можат да се оставаат точаци а
паркинг нема колку што знам тоа е free-for-all од позади таму.

Novica Nakov

unread,
Aug 29, 2011, 4:26:01 PM8/29/11
to spodeli...@googlegroups.com
> Првиот месец се плаќа 50% од киријата за агенцијата што посредува.

значи, прв месец 300 евра?


од каде е влезот за тој дел од зградата?


--
Новица

Reply all
Reply to author
Forward
0 new messages