Се појави потреба да донесеме политика на кој начин се добива клуч од КИКА.
Па повелете, споделете ги вашите идеи и мислења.
--
Igor
Објаснете ја потребата првин, за да знаеме како да искоментираме
> Објаснете ја потребата првин, за да знаеме како да искоментираме
не TOP-постирај!
Потребата е едноставна, доаѓа некој во хаклаб 2-3 пати и после вика
сакам и јас клуч.
Му даваме или не и под кој критериум кој ќе важи исто за сите.
--
дамјан
1. Често кога праќам од мобилен праќам од нерегистрираната адреса, па ми враќа дека nailot е.одбиен
2. Прашував за појќе инфо пошто сакав да знам која е потребата што ќе се.задоволи со политиката
3. Ме интересира зошто некој би побарал клуч? Па нели има дежурни? И не ми текнуваат точно сите обврски на дежурен, ама претпоставката е дека е одговорен за барем некој основен ред таму. Со тоа ако некој има клуч и во меѓувреме си влези-излези без знаење на дежурниот, може само да му ја отежнува работата. Се разбира додека не се направи систем со магнетни картички на нуклеарен погон за на врата :)
4. На почетокот некој спомна дека треба да се дадат клучеви само на оние што плаќаат кирија. Според мене и ова е премногу луѓе. Доволно е секој од пријавените дежурни да има копија за да не си играат штафета.
Мислам дека куќниот ред го регулира ова, цитирам,
„Тој што плаќа членарина станува член. Членовите имаат пристап до
хаклабот 24x7. “
и
„Посетител кој што со посебен интерес и активности придонесува во
работата на хаклабот а не е во можност да плаќа членарина може да биде
изгласан за член“
Ова по автоматизам повлекува дека членовите добиваат клуч. Мислам дека
треба да се остани на тоа, членовите да си добијат клуч :)
Одлично!
Уште делот може да биде изгласан за член да се допрецизира и имаме рамка
со која може да функционираме.
Ова знчи за сите членови да се направат клучеви, и да се види кој има покажува
посебен интерес за да биде изгласан за член за да добие клуч.
Поздрав,
--
Igor