Еве што мислам дека ни треба и дека можеме да си го дозволиме со оглед
на тоа дека добивме и донации во последниов период:
- иверица за масите во собата за random hacking (кај што ќе стои
проекторот) - не знам цена, Глиша?
- канали за кабли за во random и hardware hacking собите - исто неам
цена, ќе прашаме
- такви штекери со порти за на маса што би излегле од под масата, кај
што би биле спроведени и каналите со каблите (еден бил 250 денари x 10
= 2500 мкд
- гигабитен свич, тука постојат неколку опции.
* TP-Link TL-SG1008D 8-port Gigabit Switch - 1.768 ден (ова е од
сајтот на СЕТ може да најдам и поефтино по набавна, не мора овој
бренд)
* TP-Link TL-SG1005D 5-port Gigabit Switch - 1.175 ден (исто, со тоа
што вакви два би ни требале за да ја покриеме бар едната просторија со
гигабитна мрежа)
Кабли би требало да можам да зеам без пари котур па да напраиме колку
ни треба, исто и за конектори (мрежна клешта иаме).
Мислам дека можеме да си дозволиме да фукнеме 50-100 евра за да го
напраиме местото поубаво и пофункционално. Па пишете што мислите.
За интернет треба да побараме спонзорство, тоа уште не сме го
напраиле, знам дека ни е приоритет али тоа може и да го плаќаме од
сите по 100 денари плус во месецот и треба да бидеме покриени со
пакетот од телекабел (750мкд) додека да најдеме спонзорство.
--
Арангел
xmpp/mail
ufo \o/ linux.net.mk
http://blog.spodeli.org
Мислам дека подновувањето на хаклабот треба да се одвива во фази. Во
моментов најбитно е да го утврдиме капацитетот за редовно
добивање/собирање донации. Откако тоа ќе биде сторено, и ќе има
неколкумесечно искуство дека работите функционираат можеме да
продолжиме со техничко подновување на КИКА.
Зошто го велам ова?
Бидејќи во моментов сме скоро кнап со месечно зацртаниот буџет. Има
променливи за кои сеуште не сме сигурни како на пример потрошувачка на
струја и слично. Донациите кои ги добивме се супер кикстарт, но јас
попрво би ги искористил за уште еден месец плус отколку за опрема.
Поради ова мојот предлог е следниов:
Првата набавка треба да биде плоча за масите во random hacking собата.
Јас би одел на поефтината варијанта. Толку ни е чергата. Исто така би
одел со поефтината варијанта за умрежување.
Откако ќе се стабилизира приливот на донации, би продолжиле со набавка
на друга опрема.
Ова е секако само мое мислење.