NSND е анти-конференција (bar camp/foo camp) на која се собира
„кремот“ на
„хакерската“ култура во регионов - барем така викаат :)
Во секој случај секогаш има луѓе од кои може да се научи многу, а уште
се
поинтересни дискусиите и расправиите за тоа чиј програмски јазик е по-
опскурен
и сл.
:)
Не, сериозно,
Анти-конференција значи дека нема класичен формат на предавач и
публика, и
програма, туку се се договара на лицу места и се очекува поголема
партиципација на сите луѓе.
темите на НСНД се за сѐ и сешто поврзано со сите можни технологии,
програмирање, хардверско хакирање, систем инжењеринг - има пуно
ствари.
Понекогаш се работи и на конкретни проекти. Плус, ќе се игра пицигин
на
сплитската плажа.
Оваа година, ден-два пред НСНД ќе има и некоја по-официјална
програма/предавања на кој ќе гостуваат луѓе од странство - сеуште не
ги знам
деталите околу тоа, па ќе допишам покасно. Само знам дека насловот е:
„inlaws&outlaws“ или „odmetici i odvjetnici“ и ќе гостуваат луѓе од
светот на
слободниот софтвер, пиратските партии и creative commons.
Така да,
ако има заинтересирани би можеле вашиот интерес да го искажете тука,
чисто
како информација.
Јас лично скоро сигурно ќе одам (99.9%) но некоја посебна организација
за
одење, сега-за-сега, нема!