ПВК ОРИОН како дел од програмата за работа започнува со нова активност за членовите и пријателите. Во соработка со центарот за здрава храна Актива организираме едукација за здрав и активен начин на живеење и бесплатна Body Scan анализа- комплетна анализа на телото, однсно одредување на следниве параметри:
-
Килограми. - Процент на мускули: колку од нашите килограми се мускули. - Процент на поткожни масти: колку од нашите килограми се масти. - Висцерални масти: тоа се мастите кои се наоѓаат помеѓу нашите витални органи и имаат одредена функција. - Базален метаболизам: енергијата што ја троши телото кога мируваме за одржување на температурата и на клеточните процеси и е неопходна за организмот да функционира. - Протеински внес: колку грама протеин дневно ни се потребни. - Процент на вода: количина на вода која ни е потребна
дневно. - Процент на коски: колку од нашите килограми отпаѓа на коските. - Метаболичка возраст: Размена на материите се намалува кога ќе наполниме 16-17 г.
На настанот можете да дојдете со ваши пријатели или членови на семејството и секој ќе има можност да добие персонализиран програм на исхрана соодветен на целта која сака да ја постигне:
1. Слабеење 2. Качување мускулна маса 3. Енергија 4. Имунитет 5. Регенерација
Со цел секој да добие индивидуален третман и доволно внимание групите се ограничени на 20-25
лица. Ве молиме да го пријавите вашето присуство (и на лицето/а што би дошле со вас) со праќање на порака на pvko...@yahoo.com или на нашиот Facebook fan page Swimming & Waterpolo Club "Orion"- Skopje (https://www.facebook.com/pages/Swimming-Waterpolo-Club-Orion-Skopje/326062517515734 ) најдоцна до 10 март 2014 година (понеделник). Сите пријавени ќе добијат повратна информација. Доколку
има поголем интерес ќе бидат организирани дополнителни настани.
Се гледаме во среда! Спортски поздрав, ПВК ОРИОН
ВАЖНО: Настанот е наменет само за членовите на ПВК ОРИОН во групата “Пливање за возрасни“ и нивните пријатели, за останатите членови: децата од пливачката школа, натпреварувачите и нивните родители ќе бидат организрани дополнителни настани за што навремено ќе ве известиме!!!