Во месец септември ја започнавме акцијата за малата Мартина...
Да помогнеме на Мартина (6г.) со мала донација да изврши успешна операција да може сама да оди! Мартина Гавановска е 6 годишно дете кое од самото раѓање има неразвиени патели на колената и не може да оди. Редовно се применувани физикални терапии но без никакви резултати - треба да се направи специфична операција на двете колена.
Поради специфичноста на возраста и самата операција, никој во Македонија (Клиничкиот центар во Скопје, приватните болници) не се нафаќаат за ваква операција, па е контактирано и однесена на преглед во нашето соседсво, во Детската клиника – Тирсова во Белград во која ординира рускиот експерт - ортопед Др - Дмитри Попков.
По извршениот преглед Др – Попков прифатил да ја изврши операцијата, за која смета дека истата ќе биде успешна на двете нозе и малата Мартина без проблеми по рехабилитацијата ќе може самостојно да оди. Посочено е дека според возраста, сега е краен момент во развојот на Мартина да се направат операциите.
Поради неможноста мајката сама да ги обезбеди средствата за операција и понатамошното лечење, принудена е да побара помош од хуманите луѓе кои кои би сакале да и помогнат на Мартина да го помине овој пат кон нејзино самостојно проодување.
Да помогнеме Мартина да оди самостојно, да игра и да го живее животот со сите негови предизвици, исто како и нејзините другарчиња.
ПОМОГНЕТЕ И ВИЕ СО МАЛА ДОНАЦИЈА!
На Мартина можеме да и помогнеме со директна донација на нејзината денарската сметка како правно или физичко лице.
Да и помогнеме на Мартина да почне да оди самостојно! Да бидеме хумани!
|