Ана Пантовска е храбро, разиграно и насмеано девојче, кое во септември требаше да тргне на училиште во прво одделение. Наместо да се бори со букви и бројки, таа веќе две години секојдневно се среќава со игли, трансфузии и мачни терапии.
Ова храбро девојче стоички го поднесе сознанието дека боледува од акутна леукемија Ph+, стоечки го поднесе и тоа дека училиштето ќе го замени со болници.... Потребен и е третман со матични клетки за кои нејзините родители немаат средства и упатуваат апел за помош. ПОМОГНЕТЕ СПОРЕД ВАШИТЕ МОЖНОСТИ, КЛИКНЕТЕ ТУКА: www.bidihumansega.mk
ДОНИРАЈТЕ И ВИЕ, КАКО ФИРМА ИЛИ ФИЗИЧКО ЛИЦЕ!
Фондацијата ДОПИР од Скопје, е непрофитна Хуманитарна Организација која работи на собирање средства за помош на деца кои имаат здравствени потреби а нивните социјално загрозени семејства не се во можност да обезбедат средства за неопходно лекување. Ние сме им последна надеж дека ќе успеат.
Нашата задача е на организиран начин заедно со Вас хумани и општествено одговорни луѓе, да помогнеме семејствата да обезбедат средства за лекување на своите најмили и со донација по Ваш избор да им дадеме шанса овие деца да се изборат за својот живот.
ВАШАТА ПОМОШ Е НЕОПХОДНА!
Вашите донации ги распределуваме подеднакво на секое дете од нашата програма.
Поддржете не, заедно да помогнеме и овие деца да станат нечии родители!
БИДИ ХУМАН СЕГА!
www.bidihumansega.mk
|