Почитуван Градоначалниче,
Дали како напатени жители на Париска, може да очекуваме скоро асфалтирање на кракот на Париска кој води кон задниот дел на гим. Георги Димитров. Во прилог Ви праќам слики од состојбата на улицата, каде секојдневно поминуваме и ги "лупаме" нашите возила и ги "кинеме" гумите. Бидејќи веројатно никогаш не сте поминале низ таа улица (се наоѓа во "елитна" населба, не во Африка), Ве каниме да ја посетите и да се уверите сами во очајната состојба на улицата која е таква мин. 5 год. Ние ќе Ве почестиме со кафе/чај како добри домаќини.
Срдечен поздрав,