Јас сум Ќиров Данчо. Почетник сум во TeX и сега ја открив оваа група.
Се извинувам ако делувам конфузно, не сум искусен ниту во оваков тип
на комуникација. По струка сум дипломиран математичар и почнав
посериозно да го проучувам TeX. Ги знам основните елементи на ТеХ, но
само стандардните команди и тоа за англиски јазик. Ги разгледав
почетните бесплатни книги за ТеХ: Formatting information и The Not So
Short Introduction to LATEX2е. Успеав да направам документи на
кирилично писмо, но не можам да се снајдам со формирање на поглавја на
кирилица. (нпр. како се прави на почетокот на поглавјата наместо
Chapter 1 да пишува Глава 1, исто и во tableofcontents да ги дава
така). Во преамбулата користам
\usepackage[cp1251]{inputenc}
\usepackage[OT1,X2]{fontenc}
и со македноска поддршка на тастатурата успевам да искуцам на
македонски. Но \chapter командата ми дава Chapter во насловот на
главата. Како да го сменам? За babel пакетот мислев дека нема
македонска поддршка, ако може да ме упатите како да го користам.
Ве молам кој може и сака, барем да ме упати каде и како да се научам.
Благодарам за секој одговор на барањата.
\def\chaptername{\fontencoding{X2} \selectfont Глава}
\def\contentsname{\fontencoding{X2} \selectfont Содржина}
и така натаму за табела, индекс, слика...
Кога ќе навлезам повеќе во програмирањео во ТеХ сеако дека ќе создадам
макроа и пакети за автоматизација на сето тоа, но ако има веќе
достапни постоечки пакети и макроа секако дека ќе бидат добредојдени.
Ќе ми биде корисен секој совет, помош и било каква дискусија околу
македонската адаптација во ТеХ.
Поздрав.
Здраво Данчо,
Јас досега веќе неколку пати имав почнато со правење на еден целосен
пакет за македонизација на (Ла)ТеХ-от, но поради не баш големата
заинтересираност се остануваше недоправено. Пробај со овој пакет
http://code.google.com/p/mkdtex/downloads/list, и ако мислиш дека има
некаква надеж можеме да продолжиме со работата. Па можеби и ќе го
внесеме во официјалната бабел дистрибуција и стандардните
дистрибуирани hyphen пакети.
Поздрав.
Васил
благодарам за брзиот одговор како и за поканата за соработка. Во
потполност ја поддржувам иницијативата, само пак ќе нагласам дека се
уште сум во почетна фаза, па ќе мора да помине некое време додека
навлезам во сето ова. Ќе те замолам (ако смеам да се обратам со
``ти``) да ми објасниш накратко како да го инсталирам и користам
пакетот што ми го приложи за да можам да го користам, па да го
искоментирам. Мислам дека сето ова ќе вроди со плод. Вреди да се
направи нешто во врска со македонизацијата на ТеХ: и македнскиот јазик
заслужува квалитетна типографија.
Поздрав.