Пред некој ден се сретнав со една многу неверојатна ситуација, па сакав да
прашам дали некој можеби видел нешто слично, или пак знае за решение на
проблемот.
Британската амбасада (а слушам и неколку други) во Скопје одбива да стави
виза во новите македонски пасоши од 2005 кои имаат букви како ш, ч, ѓ, ќ, ж
и сл. Овие букви сега се напишани како СХ, ЦХ, ГЈ, КЈ, ЗХ и тн. во делот за
машинско читање на пасошот, додека порано беа напишани на "нашата"
српско-хрватска латиница. Во амбасадата велат дека тоа им создава проблем со
двоен идентитет, и одбиваат да ги користат овие пасоши. Не знам дали се
засегнати само оние кои веќе еднаш имале виза, и се влезени во нивните бази
на податоци, или сите, ама знам за барем два вакви случаи.
Во МВР, не знаат ништо, и тврдат дека амбасадите треба да ги прифатат
пасошите такви, иако веќе добиле доста поплаки.
Дали станува збор само за некоја официјална нота која нашето министерство не
ја доставило до амбасадите, или пак оваа нова транскрипција е невалидна?
Ако некој знае за ваков слушај, и како се решил, ве молам пишете!
Игор
Игор ig...@mt.net.mk
"Igor" <ig...@mt.net.mk> wrote in message news:4243...@news.mt.net.mk...