Инсталирам Mandrake 10.0 на диск на кој веќе има NTFS. Линуксот си работи во
најдобар ред и има пристап до НТФС партицијата(нормално, само read), но
виндоусот (на два компјутера XP, на еден WIN2000) не се подига. Пораката е
(на црн екран, без ГУИ):
Loading Windows...
И не мрда.
- Првиот пат : користам LILO, и мислев дека е до него, па пробав со GRUB, но
ништо не се смени. Го репарирав виндоусот,се си пројде без проблем, но пак
не се подига. Бидејќи беше нов компјутер, без податоци кои треба да се
спасат, ги избришав сите партиции, па одново инсталирав XP и Mandrake 9.1,
и си работеше во ред.
- Вториот пат : Истиот проблем и порака, меѓутоа винодус-от немало да го
користат, па го оставив така. Сега има инсталирано XP и Mandrake 10.0, а
работи само Mandrake 10.0.
- Третиот пат : На 23.03.2005. Има W2K, ставам Мандрак 10.0,линуксот работи,
а нејќе виндоусот, исто како во предходните случаи. Овојпат, важни се
подеднакво обата оперативни системи. Што ќе рече-мора обата да бидат
функционални.
И пази губење време : Пак го репарирам виндоусот, но пак бадијала. Спасувај
15 ГБ постоечки податоци, бриши партиции, инсталирај В2К, враќај снимените
15ГБ податоци, Инсталирај Мандрак9.1.
На што се должи ова ? Сите машини се со различен процесор (една е целерон 1
ГХЗ, една е целерон >2 ГХЗ, една е П4), и со иста големина на ХДД - 40 гб.
Како да го поправам виндоусот без наведените компликации ?
П.С. Ако е важно - во линксот партициите се ехт3.
Релевантен податок за ситуацијава е како ти биле партиционирани компјутерите
пред и после инсталација на Мандракот. (да го имаше output-от на fdisk
-l /dev/hda пред и после инсталација ќе беше супер)
--
дамјан
Reboot America.
кој те разбра - добива награда.
--
дамјан
In theory, there is no difference between theory and practice.
But, in practice, there is.
инсталирав во дос едно програмче OSL boot manager со надеж дека ќе ми
помогне али авај.
си реков е па со инсталација на икспе мора да се реши ова. неќеше ни
така. при првото рестартирање (додека се инсталира икспето) пак истото:
некоја команда и некој плус и си стои така.
сфатив дека со моето ограничено знаење ми останува само формат на све
живо. податоците ги префрлив на друг хард диск. заминав посрамен со
зборовите “прва лига е линуксот, ќе видите ко ќе се навежбам“:-)
Кај мене симптомите беа исти:
Њиндоњс НТФС prva партиција, fat32 втора партиција
и ехт3 партиции за линукс.
Grub boot лоадер.
LInux се креваше без проблеми, за Windows после Chainloader +1 се
заглавуваше.
Е што врска има Линуксот со твојот проблем.
Нели windows-от не сакал да ти се boot-ира.
Инаку windows-от е многу чуден по ова прашање (партиции и boot-ирање), и
најмала промена која не му се свиѓа и не boot-ира (ти ибам).
Прво и основно, windows како C: ја зима примарната партиција што е означена
како активна (или bootable).. ако ова ти се смени - нема да се boot-ира.
Но има и по некој заеб со extended партициите... некогаш мисли дека
постоењето на extended партиција значи и постоење на некоја D: партиција..
и така имаш едно некорисно D: во windows-от цело време, друг пат нема точно
да ги препознае големините на партициите па ќе ти пребрише нешто.. итн...
Linux од друга страна можеш да го boot-ираш од било каква партиција,
единствено ограничување кај некои BIOSи е дека партицијата кајшто ти е
кернелот мора да биде под 1024 цилиндри или така нешто (зависно од
BIOS-от).