Почниваат да се појавуваат нови pppХ интерфејси (до сега највеќе имам
начекано да стигне до ppp9), и притоа не се гасат старите, што значи во
одреден момент компјутерот зима 10 живи IP адреси. Нормално во овие
моментт пренос на податоци од интернет нема никаков, апликациите што
седат конектирани во позадина како на пр. Гаим го прекинуваат линкот и
не успеваат повтрорно да се поврзат. Ако рачно почнам пажливо да ги
гасам интерфејсите (да внимавам да не го спуштам интерфејсот преку кој
иде дефаулт рутата), кога ќе останам само на еден интерфесј се си е во ред.
Ако направам рестарт на компјутерот, по рестартот имам само еден ppp
интерфејс активен, но тоа не трае многу долго.
Има некој идеа што може да го предизвикува проблемов и како да се реши?