Имам XP2600+(512KB) so MSI KT400 и MSI Ti4200(128DDR). Одкако видов во
еден усран Целерон со FX5200(128DDR) дека ме шие со графика и
перформанси во играта Act of War посакав промена!
Во графиката имаше толку голема разлика што може слободно да се
компарира со времето кога го брцнав првиот Voodoo со 4MB и тогашниот
software render.
Сега проблемот е во тоа што АГП верзиите на графичките се дефицитарни
овде и нема многу избор. Од друга страна ако се надградам во PCIEXPRESS
се плашам дека целава работа е уште во фаза на поправање на грешки и
нема да можам да ја терам конфигурацијата со години.
Проблемот е дали вреди да се плукне 400 евра на комплетен апгрејд или
само АГП картичка од 150 евра?
Фала ти многу. И ја мислев така.
Ќе начекам некоја 6600 со 256ДДР. Иако 128-256 РАМ за сегашните игри не
менува многу али во Act of War со 8 играчи во ЛАН и милион тенкови и
пешадија мислам дека повеќе ќе помогне РАМ-от одколку брзината на ГТ
верзиите со 128!?
>во Act of War со 8 играчи во ЛАН и милион тенкови и
>пешадија мислам дека повеќе ќе помогне РАМ-от одколку брзината на ГТ
>верзиите со 128!?
Нема шанси, баш поради милионите тенкови (милиони полигони, а не текстури)
GT верзијата со побрз клок ќе се снајде многу подобро.
--
k0
There are 10 types of people in this world, those who understand binary, and those who have friends.
"McMek" <mc...@hotmail.com> wrote in message
news:42530741$1...@news.mt.net.mk...
> corpz wrote:
>> Jas imam Athlon 2800+ so GeForce FX5900, i vozi kako podmachkano. Kupi
>> si samo grafichka. Procesorot ti e dobar, barem vo narednive (skoro)
>> godina dena.
>
> Фала ти многу. И ?а мислев така.
>
> ?е начекам неко?а 6600 со 256ДДР. Иако 128-256 РАМ за сегашните игри не
> менува многу али во Act of War со 8 играчи во ЛАН и милион тенкови и
> пешади?а мислам дека пове?е ?е помогне РАМ-от одколку брзината на ГТ
> верзиите со 128!?
Еден фрејм, резолуција 1600*1200*32 bit, завзема 7.32 MB графичка
меморија. Ако е вклучен Double Buffering (99,102%), тогаш се дуплира,
значи речиси 15 MB меморија. Triple Buffering, you get the point. Значи
стигнавме до 22 MB. Вклучи 4xAA, и ти требаат 88 MB. Од 128 ти
остануваат 30MB за текстури, lightmaps, bumpmaps etc., што, реално, е
малку. Во овој случај, 256MB is a must за новите игри со квалитетни и
големи текстури. Ама, прашањето е дали твојата графиЧка и процесорот
воопшто можат да ја изрендаат целата геометрија на екранот на таа
резолуција. Џабе што имаш еден тон слободна графичка меморија ако GPU +
CPU ти се Bottleneck.
Втор пример, на 1280*1024*32 еден фрејм е 5MB, со Triple Buffering 15MB,
со 2xAA 30 MB, и ти остануваат речиси 100MB меморија за текстури, што,
за се освен Doom III на Ultra High е сосем доволно (повторно, ако GPU и
процесорот ти се доволно снажни за таа резолуција.
Ако има многу полигони, тогаш најбитен е клокот на GPU-то (и, нормално,
процесорот). Ако има огромни текстури, висока резолуција и
AntiAliasing/Anisotropic Filtering, тогаш во игра влегува и количината
на меморијата (ама пак после клокот).
Не дека меморијата не е важна, само многу е побитно целиот систем да
биде добро избалансиран.
Теоретски се е ОК. Али се сложувам со твојата последна реченица. Дома
имам две Тi4200 картички. Едната е MSI со 128RAM од првите серии што се
појавија. Другата е ASUS со 64RAM купено пред годинаипол. ASUS-от има
побрза меморија и процесор али (не знам колку, мислам негде околу 50 -
100 MHz). Али во игри како Генералс и Акт оф Вар, посебно во овие новите
MSI каде и каде е побрза.
Иако во тестови гледам дека во денешните игри ГТ е побрза мислам дека
ако графичката е добро избалансирана, тоа со 256МБ ќе работи побрзо во
идните игри. Сепак се работи за иста графичка.
Мое мислење е дека брзината на ГТ-то не е побрзо за да го надокнати
трансферот системски РАМ - графички РАМ за 128МБ повеќе меморија во по
спората картица? Што мислите?
Плус Z баферот. 24 бита + 8 бита стенсил бита, за секој пиксел, па
пресметај...
Хммм, некои графички користат компресија на Z баферот...
> Значи
> стигнавме до 22 MB. Вклучи 4xAA, и ти требаат 88 MB.
Не баш. Зависи каков АА. Најчесто е multisampling метода, каде нема
зголемување на фрејм баферот него само на Z баферот. Компликувано, пак.
> Од 128 ти
> остануваат 30MB за текстури, lightmaps, bumpmaps etc., што, реално, е
> малку.
Хммм, сега сите игри користат компресирани текстури (мислам компресирани
во графичката меморија).
> Во овој случај, 256MB is a must за новите игри со квалитетни и
> големи текстури.
Точно, мада и зависи од играта. Ако играта има добар „дизајн“ нема
потреба од којзнае високо резолуциски текстури.
> Ако има многу полигони, тогаш најбитен е клокот на GPU-то (и, нормално,
> процесорот). Ако има огромни текстури, висока резолуција и
> AntiAliasing/Anisotropic Filtering, тогаш во игра влегува и количината
> на меморијата (ама пак после клокот).
Анизотропното филтрирање не бара додатна меморија.
> Не дека меморијата не е важна, само многу е побитно целиот систем да
> биде добро избалансиран.
Битна е и брзината на меморијата , а често тоа се заборава...
Малку објаснување за некои работи...
Тони
Оки, ова беше само генерализација за да се добие општа претстава.
>> Значи стигнавме до 22 MB. Вклучи 4xAA, и ти требаат 88 MB.
>
>
> Не баш. Зависи каков АА. Најчесто е multisampling метода, каде нема
> зголемување на фрејм баферот него само на Z баферот. Компликувано, пак.
Зависи од имплементацијата. Овде давав пример за worst case scenario.
>> Од 128 ти остануваат 30MB за текстури, lightmaps, bumpmaps etc., што,
>> реално, е малку.
>
>
> Хммм, сега сите игри користат компресирани текстури (мислам компресирани
> во графичката меморија).
Нормално, ама, на пример, за Doom III на Ultra High беше препорачано 512
MB графичка меморија. Сакам да кажам, зависи од играта, а ако играш
(по)нова игра 1600*1200 со 4хАА, многу е веројатно 128 MB да не се доволни.
>> Во овој случај, 256MB is a must за новите игри со квалитетни и големи
>> текстури.
>
>
> Точно, мада и зависи од играта. Ако играта има добар „дизајн“ нема
> потреба од којзнае високо резолуциски текстури.
Се согласувам, ама тоа зависи од девелоперите, нели? Ретко се наоѓа
некој што прави крајно оптимизиран код (или воопшто концепт, или
дизајн), попрво се оди да се добијат резултати, а оптимизацијата некако
секогаш заврши во долниот дел на листата приоритети. Bottom line, нема
баш многу голема корист од nV 6800 Ultra со 128MB RAM, исто како што
нема корист од некој Radeon X300/nV 5200 со 256 MB RAM.
>> Ако има многу полигони, тогаш најбитен е клокот на GPU-то (и,
>> нормално, процесорот). Ако има огромни текстури, висока резолуција и
>> AntiAliasing/Anisotropic Filtering, тогаш во игра влегува и количината
>> на меморијата (ама пак после клокот).
>
>
> Анизотропното филтрирање не бара додатна меморија.
My bad ;)
>
>> Не дека меморијата не е важна, само многу е побитно целиот систем да
>> биде добро избалансиран.
>
>
> Битна е и брзината на меморијата , а често тоа се заборава...
Точно тоа е нешто што сакав да потенцирам, се се врти околу тоа *колку*
има графичка меморија, а не околу самиот GPU (pipeline-и, клок) и
брзината на меморијата.