Велам ок, а не супер, оти:
- Scoring and actions е далеку посложено (и поспоро) за употреба отколку
кај Агентот
- јес да сега можам да креирам фолдери на кирилица, ама не можам да ги
употребам во Scoring and actions (дава ???)
- не можам да ги избришам ебаните Inbox-и кои не ми требаат или барем да ги
преименувам!
- ми бута и мејл и њуз постови во Sent, иако може да се одбере да го копира
пратениот мејл и во друг фолдер.
- се на се манипулацијата и акциите (филтрирање) со фолдерите е лошо решено
- како у п.м. да напраам тредовите да се сортираат со најстарите најгоре во
листата!?
- до сега толку
Како и да е, ќе му дадам шанса и ќе го упражњавам паралелно со Агентов па
да видиме кој ќе победи. :)
--
o---][ x ][---( икспе )-o-( попе )---][ P ][---o
> Сепак, на најбитните
> работи кои се однесуваат на кирилицата не добив никаков одговор. Можеби ако
> повеќе луѓе покукаат... ;)
Кажи поконкретно за што, ќе им покукам и ја малце. :)
| икспе напиша:
| > - Scoring and actions е далеку посложено (и поспоро) за употреба отколку
| > кај Агентот
|
| Мислам дека ова ти е субјективен заклучок, поради навика :| Еднакво сложени
| се за употреба.
Мислев на тоа што кај Агентот кликаш за да составиш филтер, барем кај
основните (и најчести) филтри, а кај 40тудето мораш да ги куцкаш сите
наредби, значи од аспект на мрза. :) Добро е што можеш да ги ископираш од
Агентот "посложените" филтри, да не ги дума чоек пак.
| > - не можам да ги избришам ебаните Inbox-и кои не ми требаат или барем да ги
| > преименувам!
| > - ми бута и мејл и њуз постови во Sent, иако може да се одбере да го копира
| > пратениот мејл и во друг фолдер.
|
| Ова можеш „елегантно“ да го заобиколиш ;)
| Додај нова категорија [десен клик, па Category -> Manage categories -> New
| (можеш и на кирилица да ја крстиш :)], па тука направи ги директориумите
| што ти требаат и стави ги да се гледаат групите кои што сакаш.
Добра финта. Тенкс. :)
Ај да не се мачам, кажи филтерче за да ги издвојам сите пратени мејлови и
њуз постови во 2 различни фолдера...ако си направил вакво нешто, ако не, не
се мачи. :)
| > - како у п.м. да напраам тредовите да се сортираат со најстарите најгоре во
| > листата!?
|
| Кликни над тредовите во втората колона (кај што се плусчињата што
| означуваат дека има и одговори) на триаголничето што сега ти е свртено
| надоле. Лошо е што ова мораш да го направиш за секоја група :(
Се изнакликав! :)
Само не знам зошто не се постигнува истото кога ќе одбереш:
[Colum editor] -> [+/-] -> [Sort by] -> [Thread, Max. Score, REV. DATE] ?
Може ли некој од вас (симпли, икспе, ип или други)
да ми каже што највеќе бара од еден њуз ридер? Значи
како точки, на пр. 1. Да поддржува јуникод, 2. Да може филтрирање на
кирилица, 3. шорткати и сл.
Ова го прашувам зашто почнав онака од хоби да правам свој њуз ридер
кој засега ги содржи моите потреби (атачменти-те да ги покажува како
агент-от, на превју да ми ги листа хедерите што однапред ќе зададам да
ми се гледаат, да можам да фарбам со посебна боја квотирани говори,
со посебна боја (и стил, италик на пр) сигначрите. Сето тоа за
побрзо и полесно да се снаоѓам кога читам пораки а беспрекорно
да работи кирилицата.
Инаку кога ќе биде некоја работна верзија (читај употреблива) ќе ја
објавам сосе сорс, под ГПЛ лиценца.
Провери да не е multiline header-от, и на кое место е прекршен...
--
Дамјан (jabberID:dam...@bagra.net.mk)
If Bill Gates had a dime for every time a Windows box crashed...
...Oh, wait a minute, he already does.