Ја инсталирав програмата на "Фондот За Здравствено
Осигурување" која се вика Капитација. Инсталацијата и подесувањата ги
направив според упатството кое доаѓа со програмата. Но кирилицата не
работи како треба. (Инаку во програмата се користи YUSCII распоред и
со самата програма доаѓа фонтот MAC C Swiss со истиот распоред). На
пример ако сум во формата во која се внесуваат прегледите, постои
"паѓачка листа" од која се бира дијагнозата. Проблемот е во тоа што во
имињата на дијагнозите наместо нашите знаци "ч", "њ", "ш" итн. содржат
некои "куки" и "кваки".
Ако некој имал слични проблеми со програмава и го знае
решението за истите, би го замолил да го постува.
--
Горан Делчев