Здраво на сите!
Задоволство ми е да ве информирам дека по пауза од 5 години, по втор пат во Скопје ќе се одржи Rails Girls како дел од најголемата Ruby on Rails работилница за девојки во светот.
Workshop-от го закажавме за 12-13 април 2019.
Како што можеби веќе знаете, работилницата се состои од два дела:
1. Installation party (~ 19:00 - 21:30) / На учесниците првично им помагаме со setup на лаптопи
2. Workshop (~ 09:00 - 21:00) / појадок, учење, презентации итн.
Планираме бројка од 40-60 учеснички, а веќе имаме пријавено 50! :)
Моментално имаме само 3ца инструктори, потребни ни се уште!
Одговорност на инструкторот е да помага на учесничките, да одговара на прашања и да нуди помош каде што мисли дека е потребно.
Пред настанот, се организира 1 до 2 состаноци со менторите, а едниот од нив прво ние како ментори го поминуваме туторијалот за да видиме да не наидеме на некакви проблеми, ако некој има прашања и слично.
Технички, ние треба да знаеме што треба да се направи во туторијалот, и да одговориме на прашањата кои би ги имале учесничките.
Доколку имате било какви прашања слободно контактирајте ме.
Поздрав и се гледаме во Април! :)
Мариана