Global Day of Coderetreat 2015 - Skopje, Macedonia

25 views
Skip to first unread message

Dalibor Nasevic

unread,
Oct 28, 2015, 5:35:02 AM10/28/15
to MK Ruby Users Group
Здраво на сите!

Global Day of Coderetreat повторно во Македонија по јубилеен, петти пат! Уште еден ден на кој ќе можеме да се дружиме и вежбаме ОО дизајн на софтвер. Настанот ќе се случи на 14ти Ноември 2015 со почеток во 9 часот во просториите на Endava кои се воедно и наши спонзори годинава.

За повеќе информации и регистрација повелете на следниов линк:


Како вообичаено, настанот е од отворен карактер и бесплатен за учество. Потребно е само да дојдете со ваш лаптоп и ентузијазам да го поминете денот со останатите програмери во запознавање и применување на eXtreme Programming практики како: Simple design, Test Driven Development, Refactoring, Pair programming, Coding standards, Collective ownership, итн, без секојдневниот работен притисок дека нешто мора да се заврши и постави во продукција, туку со фокус на вежбање и споделување искуство и знаење.

Се гледаме,

Далибор

Dalibor Nasevic

unread,
Nov 13, 2015, 3:03:31 AM11/13/15
to MK Ruby Users Group
Здраво на сите,

Мало потсетување: Global Day of Coderetreat е утре, Сабота со почеток во 9 часот во Endava. 

Ако има некој заинтересиран во последен момент, страницата за регистрација е: http://coderetreat.org/events/global-day-of-coderetreat-2015-skopje-macedonia

За загревање, Object Calisthenics - 9 steps to better software design: http://www.cs.helsinki.fi/u/luontola/tdd-2009/ext/ObjectCalisthenics.pdf

Се гледаме :)
Reply all
Reply to author
Forward
0 new messages