Здраво на сите!
На 10 и 11 Април повторно ќе се одржи Rails Girls во Скопје како дел од најголемата Ruby on Rails работилница за девојки во светот!
Оваа година целиме да ги подобриме овие бројки :)
Би било одлично доколку ни се приклучите како ментори за заедно да го споделиме Ruby on Rails ентузијазмот и знаењето со сите учеснички, кои во текот на работилницата ќе учат основи на програмирање и ќе изработат мини веб апликација.
Работилницата се состои од два дела:
10.04.2020: Installation party (~ 19:00 - 21:30) - каде што на учесниците првично им помагаме со setup на Rails околина
11.04.2020: Workshop (~ 09:00 - 21:00) - појадок, учење, презентации, изработка на туторијалот и after-party .
Одговорност на секој од менторите е да им помага на учесничките додека го изработуваат туторијалот, да одговара на нивните прашања и секако да научат нешто :)
Моментално работиме на подобрување на туторијалот, и ќе им биде испратен на сите инструктори навремено.
Слободно контактирајте ме доколку имате било какви прашања, идеи и слично.
Поздрав,
Мариана