На 10.04.2011 на TeamSpeak беше одржан Интернационален состанок на глобалниот лингвистички тим, под диригентска палка (:P) на Реј (глобалниот лингвистички координатор,за преводи на pootle) и Родриго (исто така, само за преводи на dotsub). На тој состанок се поделени неколку линкови од видеа или алатки на кои Реј и Номада (Родриго) работеле 2 години за поедноставување на работата на сите лингвисти во светот (значи треба да се квалитетни!), па би сакала да се договориме кога сме слободни за состанок на TeamSpeak или Skype конференциски разговор да ги разгледаме заедно, да се организиираме подобро, да се информираме кој кога може да помогне и да се дружиме! :)Во прилог ви ги испраќам линковите.
Како предлог го ставам терминот : Среда, 19h, На Скајп (воглавно се имаме како контакти, за останатите - viktorija.vix)
Ве поздравувам и очекувам одговор :))
P.S. Тимспик е програм за држење онлајн состаноци, многу е корисен и едноставен за употреба. Кој сака да се приклучи на неделните состаноци на ТимСпик, може да пише тука во овој мејл, и ќе му пратиме инструкции за инсталирање.
--