Има значителен број Албанци кои се интересираат за Движењето. Ако познавате некои Македонски Албанци моја препорака е да се поврзат со оние од Косово - тие се најактивни, мислам дека се присутни по социјалните мрежи.
Што се однесува на преводот на Story of Stuff - одлично што е готово, ако некој стигне да го пречита би било исто одлично. Мојата идеја беше да се промовира со универзитетски професори кои ќе имаат нешто да кажат за концептот на планирана застареност, за тоа нема време до 22, а за 1-2 можеби, како и да е, ако сакате можеме да одиме и со едноставна промоција на краткиот филм.
Што се однесува на оние кои бараат дозвола за да работат на проект за превод преку Pootle 2.0 - извинете што не можам да ви овозможам пристап. Се работи за тоа што сите кои побрале пристап кон тимот го добиле, но пристапот на одредени проекти - сите бараат пристап за превод на Activist Orientation Guide - се уште не знам како можам да ви го обезбедам. Постои можност доделувањето на пристап за работа на посебни проекти да не е можно и глобално - се извинувам што не сум во тек со информациите кои ги дава Ray како глобален координатор. Ако некој знае нешто повеќе нека каже.
Поздрав