Драги,
Најпрво се заблагодарувам на сите што навреме го завршија и ми го испратија преводот на деловите. Иако требаше да биде готов до денес, јас , Габриела, Тодор и Ивана Војновиќ имаме уште малку до крај, па од таа причина целиот превод ќе биде склопен и финализиран како документ - утре.
Потоа, следи лекторирање и естетско уредување на истиот, за на крај да стигне до Благој кој ќе ги изврши неговите крајни подготовки за електронска верзија.
Ќе беше добро да стигнеме со се до претстојната работилница, меѓутоа со оглед на тоа што сите имаме дневни обврски и активности кои мораме да ги завршиме, тоа понекогаш не е можно. Затоа, со цел да имаме квалитетно дело ќе го земеме времето шпто ни е потребно за да го завршиме ова.
Поздрав до сите и се читаме за наредни активности :)
--