Почитувани членови на Македонскиот Лингвистички Тим и сите останати,
Во тек е превод на глобално ниво на новиот филм на Проектот Венера - Paradise or oblivion.
ОВА Е АПЕЛ ДО СИТЕ ЗА БРЗА ПОМОШ за превод и лектура на филмот на македонски јазик, бидејќи мора да бидеме готови до Четврток (27.03.2012 е крајниот рок, но ние заедно со Грците и пар други сме посебен случај)
За тие што сакаат да преведуваат процесот на регистрација е следен:
1. Праќате мејл на PoO.Tran...@gmail.com со барање дека ви треба NDA (non-discosure agreement) бидејќи сакате да преведувате
2. Ви го праќаат NDA Договорот за авторски права и слични точки (со кои се согласувате дека нема да го менувате филмот да вадите делови..) на што Вие треба да одговорите со праќање на Ваше ием и презиме, јазик на кој ќе преведувате и датум на кој сте го потпишале електронскиот договор.
Ви враќаат мејл дека Вашето барање е примено и потврдено и станувате дел од македонскиот лингвистички тим кој работи на овој проект конкретно.
Потребна ни е брза повратна информација, повеќе кандидати и добра организираност бидејќи имаме само 3 дена.
Поздрав и за сите дополнителни прашања и информации пишете ми тука или на скајп
:***
--
