Стефан Влахов Мицов - Философският ключ за македонския идентитет 01-10

14 views
Skip to first unread message

Комитата

unread,
Oct 4, 2007, 5:46:54 AM10/4/07
to Macedonia Discussion Group
Представям ви първите 10 части на капиталния труд на Стефан Мицов за
македонскиот идентитет.
Чавдаре, така като чета какво пише за българските академични среди,
това са камъни най-вече в твоята градина. Има и доста осъдени
проявления на великобугаризъм ;-) Плаках, когато четох за
репресираната западногерманска студентка.

СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ, ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ (1)
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1090&ArticleID=71062

Во Тодорживковата Бугарија еманципацијата минуваше низ автоцензура и
страв
Жељу Желев, на пример, во својство на претседател го поддржа
признавањето на Република Македонија, но се исплаши да ги признае
македонската нација и јазик. Што останува за признавање на
македонското малцинство во Бугарија!

Македонија во мојата лична биографија и судбина

Роден сум и живеам во ненормална држава. Ненормална во секој поглед,
со исклучок на нејзината природа. Држава обгрната со своја митологија
што нема ништо заедничко со реалноста. И каде што посакуваното се
преобразува во „реалност“. За реализација на таа „реалност“ тукашниот
народ ги облекува одеждите ту на ситиот итрец Итар Петар, ту на
арогантниот патриот Бај Гањо. А, кога во крајна линија неговиот
митологизиран свет трпи порази од објективната реалност, причините се
бараат насекаде надвор од државата и од самиот народ - кај соседите,
големите сили, во географската положба, во среќата и судбината. На
таков начин се добива лавиринт без излез.

Мојата еманципација во однос на бугарската држава и од неа создаваните
институции и атмосфера се одвиваше бавно и мачно. Фактот дека сум од
мешано потекло - Македонец по мајка, не ми помагаше. Токму обратно.
Тука ќе отворам една заграда. Дали има држави во светов со „чисто“
население? Да не зборуваме за Балканот и особено во Бугарија. Неодамна
еден тукашен шовинист пресмета дека бугарската нација се состоела од
53 етноси. Бројката е поголема, но тоа нема значење. Јасно е дека за
поддржување „нација“ со толку многу и неусогласливи (несложливи)
составки се потребни вештачка атмосфера и изолација од околниот свет.
Во таа смисла, различното потекло на огромниот дел од таканареченото
бугарско население е погубно за државата. Се налага тоа да биде
државно под поклопец со севозможни средства - на идеологијата,
политиката економското и полициското насилство.
Но, бидејќи политичките режими и општествените системи доаѓаат и си
одат, требаше да се најде поефикасен начин што не се влијае од тоа кој
управува со Бугарија: фашисти, комунисти или демократи, и дали
устројството е социјалистичко или капиталистичко. Исходот беше
пронајден на митолошко рамниште. Според „умерениот“ мит, Бугарија е во
самата основа на европската цивилизација, со најстара култура,
историски споменици итн. Шизофреничниот ракурс на таа митологија и
одредува на Бугарија не само приоритетно место меѓу цивилизациите како
што се кинеската и египетската, туку и родоначалништво над речиси сите
народи во светот.

Своевидна круна во тој поглед е тврдењето во таканаречената Бугарска
библија дека Бугарите се појавиле пред 75 илјади години од соѕвездието
Големата Мечка и ја колонизирале Земјата.

Наметнувањето слични шизофренични бладања може да се случи единствено
преку секојдневна систематска пропаганда од електронски и печатени
медиуми, учебници и патриотски изјави од секаков вид. Дури и сега, во
времето на прокламираната демократија, преку државниот телевизиски
канал „Бугарија“ секојдневно се емитуваат меѓу 6 и 10 пропагандни
предавања за бугарските постигнувања во уметноста, науката,
литературата, економијата, политиката, селското стопанство итн.

Одличен белег во пропагандата на „бугарштината“ во сите нејзини
димензии е придружното насилство. Кога аргументите се несериозни или
видливо смешни, на помош доаѓа стравот. Во некогашните предавања на
радиото „Слободна Европа“ посочуваа дека западниот човек не го познава
изразот „бестрашен“ бидејќи нема претстава што е тоа страв. Но, во
Тодорживковата Бугарија еманципацијата минуваше низ надминување на
чувството на автоцензура и страв.
Прво во свеста, а потоа и во јавните изјави.

Во едно демократско општество од западен тип не би имал никаков
проблем да се изјаснам за своето мешано потекло. Ниту, пак, ќе ми се
наметнуваше еманципација од што и да е. Зашто еманципацијата означува
превозмогнување, ослободување од нешто. Во Бугарија вистинскиот
проблем беше не толку во еманципацијата од комунистичката пропаганда,
иако обидите за тоа се казнуваа жестоко. Тешко беше да ја разбереш
суштината на бугарското општество и држава. Не случајно повеќе од
малобројните (во Бугарија немаше дисидентско движење како во Унгарија,
Чехословачка, Полска) дисиденти што го критикуваа комунистичкиот режим
беа националисти.

Жељу Желев, на пример, во својство на претседател го поддржа
признавањето на Република Македонија, но се исплаши да ги признае
македонската нација и јазик. Што останува за признавање на
македонското малцинство во Бугарија!

(Продолжува)


СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ, ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Моите професори - еднооки во царството на слепите (2)
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1091&ArticleID=71118

Можеби зашто уште десетгодишен сум си ја определил својата идна
професија, мојата еманципација почна не од моето македонско потекло,
туку на обратен начин - од проблемот со мојата „бугарштина”.

Во моето родословно дрво нема професионални историчари и филозофи, но
некако интуитивно или под влијание на родителите и книгите, уште како
момче ја поставував историјата на пиедестал. Впрочем, од разговорите
во семејството знаев дека моите дедовци по мајка се преселници од
Македонија (едната, поодамнешна гранка на родот – од вардарскиот, а
другата – од егејскиот дел), а мојот татков род е измешан од бугарска
и куманска крв. Едно појаснување. Куманскиот етнос играл суштинска
улога во управувањето на средновековна Бугарија, а по османлиското
завојување се локализира во неколку населби околу бившата престолнина
Трново.

Мајката на татко ми е од таква населба – Кумани. Кога бев малечок
моите родители избегнуваа да ги коментираат етничките специфики на
нашите предци, како и проблемите на мојот татков род со власта. Дури
кога пораснав разбрав дека дедо ми Стефан (на кого сум крстен) лежел
по 1944 година во затвор со обвинение дека е кулак (крупен сопственик
и трговец) и шпекулант. Така или инаку, загатките во семејството, а и
моите набљудувања надвор од него – во училиште, меѓу блиски и познати,
почнаа да ја оформуваат во мене претставата за еден лицемерен и лажен
свет, против кого наивно ја спротивставував историјата.

Последната ми правеше впечаток со беспристраснота на фактите, како што
си мислев тогаш. Обратно – уметничката литература ме збунуваше со
своите измислици. Своите ученички години ги поминав исцело заробен во
книгите, а добивав и голем број научни списанија по историја,
археологија, етнографија, издавани од бугарски и советски (западните
изданија беа табу) универзитети и институции. Таа лажна, како што
разбрав подоцна, начитаност ми го дигаше самочувството.

Уште повеќе, кога за време на моите идни спорови со професорот Николај
Генчев – декан на Историскиот факултет, тој изјавуваше:”Ти си
безобразно информиран”. Дека тоа не е така почнав да чувствувам уште
за време на моето студирање на Софискиот универзитет. И покрај
ласкавите признанија на моја сметка (бев заменик претседател на Клубот
за техничко и научно творештво во факултетот, претседател на научниот
кружок по историја на Бугарија, во кој учествуваше и сегашниот
претседател Георги Прванов), сфаќав дека историјата почнува да ме
ограничува поради догматизмот и манипулативноста на поднесената
фактологија. И дека многу често токму уметничката литература и
писателите даваат поверна слика на минатото.
Историјата, особено во бугарска интерпретација, беше сува статика
потчинета на класно – партиски и националистички, односно идеолошки
постулати. Се разбира, првенствено обвинував за неквалитетните
предавања на самите професори. Вистина е дека на прсти се броеја
предавачи (освен Генчев, професорите Александар Фол, Бистра Цветкова,
Андреј Пантев) „конвертирани” отаде Калотина. Подоцна сфатив дека за
жал и тие биле еднооки во царството на слепите.

Поради скудоумната атмосфера во Историскиот факултет, решив да го
продолжам школувањето по индивидуална програма. Поинаку кажано, да не
одам на предавањата што беа задолжителни, а не можев да ги издржам,
туку да се јавувам индивидуално на испити. Таквата желба беше преседан
на факултетот и деканскиот совет тоа го отфрли. Меѓутоа, во улогата на
декан, проф. Генчев, стави вето на решението и така ми беше дозволено
делумно да излегувам од „кочината” (која самиот Генчев велелепно ја
опишува во неговите посмртно објавени „Спомени”).

Располагањето со повеќе слободно време за читање и самоподготовка, а и
фактот дека мене и на уште неколку студенти деканот ни издаде
препорака за работа со „забранета литература”, почна да ми ги
разбиструва погледите. Во тој поглед, и за вистината за „македонското
прашање”. Во тоа време, всушност, јас продолжив да се заблудувам за
суштината на бугарското општество и политичкиот систем. наспроти
неколкуте мои „приземјувања” уште пред завршувањето на студиите.
(продолжува)


СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ, ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Чипот во главата на Бугарите (3)
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1092&ArticleID=71174

Како ученик во гимназијата неколкупати учествував во таканаречените
„национални политички конкурси“, чија голема награда предвидуваше
влегување без испити на универзитетот. Во ЏИ клас до последниот момент
бев на списокот на петтемина среќници, но најпосле токму јас и еден
колега-средношколец од Бургас, со кого стоевме на прво место, бевме
заменети со други. Влегувањето на универзитетот за мене не
претставуваше никаков проблем (две години пред тоа ги имав подготвено
кандидат-студентските теми) и еден месец пред моето скандалозно
исфрлање бев примен со кандидат-студентски испит трет по ред.
Огорчувањето ми се засили откако на крајот бев кандидат за
специјалноста „меѓународни односи“ (условот беше кандидатот веќе да е
примен за студент) во Москва, но по положените испити бев отфрлен без
никакво образложение..., со предлог да се запишам на надворешна
трговија во Софија. Денес можам да признаам дека сакав да станам
дипломат за еден ден да се спасам во туѓина. Односно, веќе сум имал
претстава за бугарската политичка реалност. Сепак, се уште немав
поставено знак на еднаквост меѓу конкретниот политички режим,
тоталитарниот систем и деформацијата на самото општество.
Веќе повеќе од една деценија немав никакви илузии во тој поглед, но
некогаш наивно мислев дека доволно е да бидам славен Тодор Живков, а
потоа - да го изменам општествениот систем на тоталитаризмот
(социјализмот) за да настапи демократија. Само што последната означува
да се измени пристапот и кон историјата и кон современоста. Поинаку
кажано, треба да биде сменет „чипот“ во главата на Бугарите, како што
неодамна изјави поранешниот цар и премиер Симеон Втори. Бидејќи
станува збор, ако не за генетичка (извесно е дека на Запад често ја
прифаќаат определеноста „Бугари“ не како етничка карактеристика, туку
како медицинска дијагноза), тогаш најмалку за мисловна деградација.

Мојот творечки пат практично е летопис на стремежот кон еманципација и
осмисленост на сопствениот идентитет. Самоиницијативно ја избрав
темата на својата дипломатска работа - „Српското културно влијание во
Македонија по Кримската војна до 1878 година“. Уште од насловот е
видливо дека сум бил повлијаен од бугарската историска пропаганда да
ја поставам како крајна граница во своето истражување годината на
ослободувањето на Бугарија од страна на Русите. Сепак, за разлика од
други колеги, го употребив изразот „влијание“, а не „агресија“ или
„експанзија“.

Изворите што ми беа на располагање во Бугарија не ме задоволуваа, па
во текот на две години ја посетував Република Македонија (тогаш во
составот на СФР Југославија) под форма на приватно патување и
екскурзија. Во првиот случај, заедно со мајка ми, гостував кај нашите
пријатели во Скопје - Дарина и Симо Лековски, а направив доста голем
полукруг со воз до Ниш, за да успеам да ги пренесам своите неопходни
книги. Излишно е да кажам дека внесувањето слична „ѓаволска
литература“ во Бугарија беше забрането.

Во вториот случај имав среќа дека токму мојот рачен багаж, во кој ги
имав ставено книгите, остана непроверен. Посетата во Република
Македонија дефинитивно ги отстрани моите илузии во врска со
политичкиот режим во Бугарија. Во моментот македонските колеги водат
дискусии за општествениот систем на некогашна Југославија, критички
споредувајќи го со оној на Запад. Но, воопшто не можат да си
претстават каква беше положбата тука. Во 1979 година, на пример, бев
зашеметен од слушнатите критики на Македонската телевизија против
одговорни фактори во едно брзо предавање.

Такво чудо тешко може да видите во Бугарија дури и денес - четвртина
век подоцна. За време на студирањето на Софискиот универзитет се
спротивставував на мошне негативниот однос кон Југославија и
Македонија, што тотално владееше во таканаречената историска
општественост. Заблудата ми беше од друг карактер. Од прочитаните
книги бев останал со впечаток дека Бугарите останале во морален долг
кон Македонците по 1878 година како кон сонародници. Си спомнувам за
еден свој реферат, прочитан на научната конференција на градот Петрич,
Пиринска Македонија, по што се дигна голем шум, во кој тврдев дека
Македонците имаат право да се чувствуваат различно, откако Бугарите ги
отфрлиле.


СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ, ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Цел ми беше да бидам научник, а не патриот-пропагандист (4)
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1097&ArticleID=71379

Си спомнувам за еден свој реферат, прочитан на научната конференција
во градот Петрич, Пиринска Македонија, по што се дигна голем шум, во
кој тврдев дека Македонците се во право.

Атмосферата за време на таа конференција беше отворено простачка,
историчарите го кренаа лозунгот „Охридско Езеро - веслачка база на
Софискиот универзитет“, а врв на дивјаштвото беше еден каменуван
автомобил со југословенска регистрација.

Моите вистински проблеми почнаа со подготовката на дипломската работа.
Мојот научен раководител проф. Генчев беше напишал во својата книга за
бугарската преродба, која во тоа време се сметаше како аксиома, дека
„нема ниту едно историско сведоштво во светската литература“ што би
докажало дека за време на преродбата во Македонија некој имал
небугарско сознание. Книгите што ги бев донел од Скопје, сепак,
категорично и многукратно го демантираа. И, така, бидејќи мојата цел
секогаш беше да бидам научник, а не некаков патриот-пропагандист,
поинаку кажано, да ја ставам вистината над се друго, решив да ги
изложам добросовесно фактите. Во меѓувреме, во својство на раководител
на студентските научни програми на факултетот, организирав научна
конференција, на која поднесов реферат во врска со српско-македонските
односи.

Пречката настана при публикувањето на соопштението за конференцијата
во списанието „Исторически преглед“. Будниот редакциски колегиум
обрнал внимание на третирањето на Србите и Македонците (а не -
Бугарите) како рамноправни субјекти. Тој факт ги натера испитната
комисија и рецензентите на мојата дипломска работа да ја читаат неа
под лупа. Се наѕираше голем конфликт, од кој сепак раководството на
катедрата по балканска историја каде што учев немаше интерес.

Во Бугарија речиси секогаш одвратните нешта се случуваа молкум, а
јавните репресии служеа како опомена. Во интерес на вистината, во
времето кога Никола Генчев беше декан на факултетот (1976-1981) се
почувствува либерализација, студентите добија поголема можност да се
изразат преку учество на научни конференции, истражувања и зборници.
Тоа не им се допаѓаше на повеќето професори-догматици и на партиските
и државни органи, кои ги набљудуваа и контролираа идеолошките
дисциплини.

Очигледно деканот видел дека со својата тврдоглавост ја заплашувам
протечната либерализација на факултетот и ги редеше заканите, дека
нема да дипломирам, дека вистината си е вистина, но и учениот треба да
биде патриот. Јас, сознавајќи ја повеќе интуитивно, отколку
аналитички, таквата неодредена ситуација (сепак не можев да бидам
„ликвидиран“ без да се крене шум) продолжував да бидам упорен.

Единствениот компромис што во краен случај го направив беше да го
сменам изразот „српско-македонски“ што во мојот обемен труд се
сретнуваше не помалку од 45-50 пати, со „српско-бугарски“. Сепак, се
откажав да ја препишам својата дипломска работа под изговор дека немам
време поради блискоста на одбраната, а го залепив на соодветните 45-50
места спомнатиот израз „српско-бугарски“.

Факт што тогашниот ректор на Софискиот универзитет, проф. Илчо
Димитров - истакнат бугарски шовинист, кој потоа направи кариера во ЦК
на БКП и стана двапати министер за образование, го протолкува како
подбивање со „бугарската историја“. Всушност дејствував во духот на
поговорката „каков повикал, таков се одзвал“. Се разбира, одговорните
фактори на Историскиот факултет се обидоа да ми ја смачкаат
физиономијата и за време на државниот испит. Во тоа време во Бугарија,
освен одбрана на дипломската работа, се држеше и обопштен испит по
филозофија, политичка економија и основи на комунизмот пред специјална
комисија.

Споменатата комисија беше инструирана да си поигра со мене, оценувајќи
ги моите знаења со „добар 4“ (во Бугарија највисока оценка е 6),
притоа изјавувајќи ми дека ми ја даваат „по милост“. Не им останав
должен, па, по тој скандал, побарав четворката да се поправи со „слаб
2“, за да се јавам повторно пред друга комисија. Можев да си го
дозволам тоа, бидејќи образованието го бев завршил една година
предвреме. По два месеца споменатата комисија се покажа... истата, но
поради мојот изглед - готов на се - по петнаесетминутен испит добив
одлична оценка и бев испратен „жив и здрав“.

СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ, ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Да ја бараш вистината за бугарската историја беше како да најдеш игла
во куп сено (5)
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1099&ArticleID=71434

Тешкотиите при одбраната на мојата дипломска работа ме одвратија од
идејата да се занимавам во едно скоро време со „македонското прашање“.
Неколку години подоцна, слични проблеми при одбраната на мојот
докторат ме оддалечија воопшто од научните истражувања по историја (за
сметка на филозофијата, социологијата и литературната критика).
Меѓутоа, Република Македонија ме влечеше со се поголема сила, и покрај
тоа што немав роднини во Вардарскиот дел. Ме влечеше како можност да
ја разберам вистината и за неа и за историските процеси на Балканот,
по кои, според својата универзитетска диплома, се водев како
„специјалист“.

По 1989 година со жалење бев принуден да си признаам пред самиот
себеси дека квалификацијата „безобразно информиран“, со која ме
удостои проф. Генчев, содржеше не повеќе од 10 до 15 отсто од
реалноста. Какво задоволство можеше да ми донесе фактот дека редици
мои колеги со успешна научна кариера жонглираа со по 3-4 отсто од
вистината? Не сакам да звучи како оправдување, но да ја бараш
вистината за бугарската историја, дух, психа и поведение и за заемните
односи со соседите, во тоа време беше како да најдеш игла во куп
сено.

Агресивната бугарска пропаганда беше во состојба да манипулира не само
со млади туку и со изградени западни научници, кои доаѓаа во Бугарија
во рамките на семинарите по бугарски јазик и литература или на
специјализација. Веќе го споделив на друго место своето мислење за
стрвта со која истражувачите на преродбата се нафрлија врз младата
Западногерманка Моника за време на симпозиумот во Пампорово, што им
претходеше на грандиозните празнувања за 1.300-годишнината на државата
во 1981 година.

„Гревот“ се состоеше во критичкиот прочит на тој историски период.
Острите протести во заштита на континуираната бугарска илузија се
редеа со предлози за консултации и специјализација, како резултат на
што следниот реферат на Моника неколку месеци подоцна можеше да се
натпреварува според тапоста со оние на академците Косев и Христов.

Неодамна ми падна в раце некогашниот докторат на францускиот професор
Бернар Лори „Судбината на османлиското наследство во Бугарија“, кој се
појавил како резултат од неговата специјализација во Бугарија во
1979-1981 година. Извонредно интересна тема, разработена со вештини и
замав, какви што и денес им недостигаат на тукашните научници. Но, во
однос на Македонија, тогашниот Лори се влијаел од бугарската историска
пропаганда. Како и американскиот професор Филип Шашко, кој во 80-тите
години од минатиот век често гостуваше во Бугарија. Денес се и
двајцата видни и заслужни македонисти, одамна еманципирани од
глупоштините на бугарскиот шовинизам и кога се сретнувавме на разни
научни симпозиум не гледаме смисла да го коментираме минатото. И ако
на овие страници се враќам кон него, тоа е заради поуките што ги
содржи во себе.

Има нешто гротескно, но и симптоматично во фактот дека токму по 1.300-
годишниот јубилеј на бугарската држава (од кое половина време таа не
суштествува!), патот кон Југославија, респективно Македонија, за мене
беше затворен. Според логиката на тогашната државна безбедност, вината
се состоеше во мене. Во 1982 година, кога побарав меѓународен пасош за
излегување надвор од Бугарија (во тоа време граѓаните на Југославија
имаа пасоши со кои можеа да патуваат слободно по цел свет, но
бугарските граѓани за да излезат во странство добиваа еднократни
пасоши, што требаше да ги вратат до три дена по враќање во земјата),
ми беше предложена зделка.

Во замена на добиената можност да ја посетувам Југославија требаше да
пишувам извештаи со кого сум се сретнувал таму, што сме разговарале
итн. Речено директно - да станам доушник на бугарската државна
безбедност. Функција со која денес откриените доушници на ДБ Красимир
Каракачанов, Божидар Димитров, високопоставениот агент „Гоце“ и други
особено се гордеат. Прашање на достоинство, на морал, на карактер, на
семејно воспитување. Моето чувство за слобода и презир кон доушниците
под какви било форми да се претставуваат, ме предизвика да го отфрлам
со негодување споменатиот предмет.


СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ, ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ
Државата си игра со граѓаните како мачка со глувци (6)
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1103&ArticleID=71623

Механизмот на дејствување на бугарските институции и „служби”,
независно од конкретниот политички режим и систем, целосно се содржи
во принципот на „стапот и морковот”. Уште за време на студирањето ми
беше предложено и едното и другото. По завршувањето на студиите -
одново по истиот ред. Тоа се практикуваше спрема луѓе што не се сметаа
како директни непријатели на системот. За последното заслуга имаа
моите родители, кои правеа се за да ми осигурат шанса за сигурна
реализација во ненормална Бугарија. Поради таа причина татко ми
настојуваше да станам инженер или архитект, а мајка ми - лекар.
Односно, специјалности далеку од општествените науки. Уште повеќе кога
го гледаа мојот, на прв поглед, кроток карактер и дури срамежлив
поглед, зад кои, меѓутоа, со секоја измината година созреваше
негативизам кон тињата која не заобиколуваше отсекаде. Тој негативизам
се засилуваше од чувството и разбирањето дека државата си игра со
граѓаните како мачка со глувци. На непокорните од рано „им ја гледаа
сметката”, а кај останатите всадуваа илузии за да ја фалат или
директно ги купуваа - за да го прават истото.

Во 80-те години на минатиот век илузиите ми испаруваа како врела вода
на оган. Сепак, сознавав дека вистината за моето македонско потекло и
идентитет минува низ полна анализа на таканаречената „бугарштина”,
дека во случајов фактите не можат да имаат стопроцентна улога (можеби
и затоа што омиленото занимање на бугарските историчари е да
шпекулираат со нив) и да ја изменат суштината на процесите, кои
создаваат или мотивираат еден или друг факт. Понекогаш се лутев на
решението на Коминтерната од 1934 година за македонската нација.
Зашто, од една страна реално дава стимул за нејзиното признавање, но
од друга страна, споредувајќи ја со „тракиската”, „шопската”,
„добруџанската”, налева вода во воденицата на шовинистите да тврдат
дека како што споменатите нации не суштествуваат и се вештачки
прогласени, таква е состојбата и со македонската.

Не случајно и Вапцаров, во својот познат реферат пред Македонскиот
литературен кружок забележува дека македонската интелигенција треба да
ги испреварува партиските решенија, а не да врви по нив. Уште во 19
век има дејци со избистрено македонско сознание, кое ги принуди
бугарските историчари да се повлечат на подалечна одбранбена линија со
смешната теза дека Србија решила да ги направи „Бугарите во
Македонија” Македонци уште во тоа време. Само што Македонци има и
далеку пред тоа, како што сведочат странските патописци од 16 и 17
век. Со други зборови, во времето кога Бугарите уште не знаеле дека се
такви.
Бугарското општество е длабоко искомплексирано, бидејќи преживува
криза на идентитетот, почната уште од создавањето на политичките
нации. И нападите на пропагандата против македонскиот идентитет (како
и тврдењата дека во сите географски правци Бугарија граничела со
самата себеси), всушност, го кријат стравот за самиот бугарски
идентитет. Колку народи има во светот, кои и пред 200 години, а и
денес, не ја знаат својата прататковина, ниту етимологијата на своето
сопствено име?

По 1989 година главна цел ми стана да ја напишам вистинската бугарска
етнопсихологија, која ќе ја оцртува драмата на бугарската политичка
нација не само со Македонците, туку и со самата себеси.

Бидејќи ослободена од Русија, Бугарија тргнува да реализира митови без
да располага со здрава основа. На ист начин средновековните локални
владетели мечтаат за Велика Бугарија уште пред да изградат народност
со свој облик. И по долго време напрегање на мускулите и на ресурсите
пропаѓаат - и наследникот на цар Симеон Први и наследниците на
Асеневци. Но, слично на Сизиф, бугарската политичка доктрина не се
менува до денес.
СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ (7)

Ме притворија на бугарската граница
http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=373&ArticleID=14975

Бугарското општество е длабоко искомплексирано, бидејќи преживува
криза на идентитетот почната уште од создавањето на политичките нации.
И нападите на пропагандата против македонскиот идентитет (како и
тврдењата дека во сите географски правци Бугарија граничела со самата
себеси), всушност, го кријат стравот за самиот бугарски идентитет.
Колку народи има во светот кои и пред 200 години, а и денес не ја
знаат својата прататковина, ниту етимологијата на своето сопствено
име?

По 1989 година, главна цел ми стана да ја напишам вистинската бугарска
етнопсихологија, која ќе ја оцртува драмата на бугарската политичка
нација не само со Македонците, туку и со самата себеси. Бидејќи,
ослободената од Русија, Бугарија тргнува да реализира митови без да
располага со здрава основа. На ист начин средновековните локални
владетели мечтаат за Велика Бугарија уште пред да изградат народност
со свој облик. И по долго време напрегање на мускулите и на ресурсите
пропаѓаат - и наследникот на цар Симеон Први и наследниците на
Асеневци. Но, слично на Сизиф, бугарската политичка доктрина не се
менува ни до ден денес. Од таа причина ги сметав за неопходни некои
делови од мојот подготвен труд, имено „Кој го уби Христо Ботев“ и
„Парадокси на социјално-политичкиот живот кај Бугарите“ да ги соопштам
како книга и како лексиконски курс на Софискиот универзитет.

И во последната деценија на минатиот век да го позајмам стихот на
Вапцаров, „со животот се гледавме строго“. Некогашната квалификација
„безобразно информиран“ под напорот на излезените на виделина
забранети документарни сведоштва, се повеќе се исполнуваше со
содржина. Се чувствував се повеќе еманципиран и внатрешно ослободен.
Не само поради мојата убеденост дека сум стигнал до филозофскиот клуч
за македонскиот идентитет, туку зашто ги разбрав причините за
комплексите на македонските негатори - Бугари, Грци и Срби. Поканата
да земам учество на 50-годишниот јубилеј на Институтот за национална
историја во Скопје, есента 1998 година, ја примив со задоволство на
човек кој има што да каже на тој висок меѓународен форум. Рефератот ми
е вклучен во сегашнава книга, но поинтересно е дека „двајцата“ бевме
притворени на бугарската граница. Случајот претставува куриозитет за
секоја нормална држава, но се запишува целосно во бугарските
„парадокси“.

Тргнав кон Република Македонија со мало куферче во кое беше мојот
реферат „Проблемите на балканската историографија и политиката кон
Македонија“ заедно со писмо до директорот на Институтот, проф. Новица
Велјановски, напишано од Виктор Цветаноски - тогашен кореспондент на
весникот „Нова Македонија“ во Софија. На бугарската граница кај
Ѓуешево се случи нешто за што дотогаш бев читал само во книгите. За
време на пасошката проверка бев симнат од автобусот што сообраќаше од
Софија до Скопје и затворен во една просторија, придружен од 4-5
цивилни лица. Почна детална проверка на мојот оскуден багаж и облека,
при што секој обид да направам некакво движење се спроведуваше со
извик: „Не мрдај!“.
Прашањата трескотеа како канонада: Кај кого одам? Зошто? Кој ме
испраќа? итн. Таа одвратна ситуација траеше околу два часа.
Претставете си: автобус, извршувајќи ја секојдневната маршрута со
патниците, кои, исто така, се заробени во автобусот околу два часа и
20 минути (моето симнување од автобусот се случи дваесетина минути по
собирањето на пасошите). Во меѓувреме, мојот реферат беше ископиран,
ѕвонеа телефони, а потоа разбрав дека е зборувано и со деканот на
Филозофскиот факултет, каде што предавав. Ме излуди стрвоста со која
цивилните суртуци ја проверуваа речиси секоја прашинка врз мене,
портфелот и секоја визит-картичка и белешка во него. Небаре бев
меѓународен суперпрестапник. Ќе излажам ако кажам дека во првите
минути не бев освен изненаден и исплашен.


СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ (8)

Симпозиумите ми беа прозорец кон светот
http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=374&ArticleID=15022
Притворањето всушност траеше доволно долго за да ми се врати
самочувството и од своја страна да станам остар и циничен. Напросто
бев сигурен дека нема да ме пуштат преку границата и не ми остануваше
друго, освен да бидам дрзок. Најпосле, проверките завршија, ми го
вратија оригиналот на рефератот и ми посакаа „Пријатен пат!“ На
прашањето: „Е, во што беше проблемот?“, ми одговорија: „Нема
проблем“.

Иако немав никаква вина, почувствував голема непријатност пред
патниците во автобусот за направеното задоцнување. Но, по моето
извинување кон нив, во нивните очи не прочитав укор, туку сочувство, а
неколкумина изразија негодување од дејствијата на граничните власти.
Подоцна разбрав дека во автобусот патувал и проф. Јан Рихлик од
Карловиот универзитет во Прага, со кого за време на симпозиумот во
Скопје станавме пријатели. Директорот на Иститутот за национална
историја, проф. Велјановски, и претседателот на организацискиот
комитет д-р Орде Иваноски имаа желба да го огласам моето задржување на
границата пред медиумите. Јас не се согласив, бидејќи симпозиумот се
одржуваше меѓу два круга на парламентарните избори во Република
Македонија и инцидентот можеше да се искористи за внатрешнополитички
цели. Сметав дека мојот реферат што беше прифатен многу добро не само
од македонските колеги, туку и од странските учесници на форумот, е
доволен одговор на провокацијата. Бев поласкан и од комплиментот на д-
р Иваноски дека „колегата Влахов е поголем Македонец од нас“.

За време на обратниот пат, на бугарската граница фарсата од пред
неколку дена се повтори. Одново, овојпат час и половина престој,
одново претрес и обид за понижување. Но, веќе бев подготвен за тоа, а
суртуците кои ровареа во мојот багаж ми изгледаа како пигмеи. Тие
несреќници не сфаќаа дека не можат да понижат еден човек кој е уверен
во своето право и кој благодарение на своите познанија се почувствувал
слободен. Претходната 1997 година бев за влакно близу до смртта, но
Господ беше решил да ме врати од „оној свет“. Истата година ја завршив
и ја објавив книгата „Илузиите на човечкиот род“ - истражување за
главоболките, претензиите и погромите на човештвото од почетоците на
неговата историја до денес. На нивниот фон великобугарските евтини
уцени и шпекулации можат да се обидат со скок на болва да ја
прескокнат египетската Свинга - симбол на древната мудрост.

Денес, враќајќи се назад во времето, разбирам дека слученото со мене е
верига од брутални и несмасни обиди да бидам отстранет од мојот
истражувачки пат, кој за жалење на моите непријатели, одамна е преку
Калотина. Додека тие, макар и веќе во границите на Европската Унија,
ќе продолжат да ја посетуваат Европа само како туристи. Што се
однесува до Македонија, таа ми даде (поточно – ми возврати)
исклучително многу. На прво место, самочувството и делумно изгубениот
идентитет. Пред четврт век беше преседан некој маж во Бугарија да носи
две фамилии. На многубројните прашања зошто ги потпишувам со името
Влахов-Мицов уште првите свои сериозни текстови во печатот, секогаш
одговарав дека ја уважувам роднинската крв и од страната на мајка ми и
од страната на татко ми. Низ нив во мене имаат средба различни етнички
заедници. Моето мешано потекло ме прави негативно чувствителен кон
секоја великодржавна идеја на штета на малцинствата во Бугарија и на
Полуостровот. Уште пред да го осознаам тоа, моите македонски корени ме
стимулирале кон слободољубие и духовна толеранција, ми ги поддржувале
поривите кон природност – без лицемерие и балкански сметки. Подоцна ме
дарија со пријателство, расказ што може да исполни една цела книга.
Животот во Бугарија ми беше со децении живот на внатрешен емигрант,
чии допирни точки со тукашната реалност се повеќе се истенчуваа. Во
годините со потрес набљудував како мнозина од пријателите и
познајниците се повеќе добиваат конформистички вид на ојадени чичковци
и тетки или на искомплексирани и депресирани индивидуи, кои наоѓаа
оддишка во слепата омраза кон на себе сличните и во фанатичниот
национализам. Велат дека со остарувањето човек се повеќе се доближува
до својата вистинска суштина. Би дополнил – и кон сушноста на етносот,
кон кој му припаѓа или го влече неговото срце. Во таа смисла, и покрај
животните непогодици, јас се чувствувам среќен. Бидејќи успеав да го
остварам и во духовна, и во реална смисла своето враќање во
Македонија. Со што го затворив долгиот животен емигрантски циклус на
моите предци.

СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ (9)
Балканот е центар на Духот
http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=375&ArticleID=15077

Одамна ни здодеало тривијалното сфаќање дека одредени фактори за секое
творештво се талентот и трудот на авторот. Но, надвор од тие,
амбиентот во кој живее и твори личноста, игра исклучива улога.
Амбиентот ги содржи можностите за слободно мислење и јавно изразување,
односно сите услови – социјални, од секојдневниот живот, верски и
државно политички. Нормално е дека истиот е поврзан со традицијата.
Тешко е да се создава амбиент ако нема традиција. Не е случајно што во
долговремени тоталитарни и ропски општества (кое всушност е идентично)
литературата и уметноста се слаби, ограничени, тесногради. По мое
мислење, духот на творецот се поддржува не толку од богатата
традиција, создавана од неговите предци, туку од тоа што го нарекуваме
„духот на местото“. Тој дух не се влијае од големината на одредена
култура и бројот на авторите, кои работат во неа. Постојат многу
центри низ територијата на разни држави кои, како да го поттикнуваат
творештвото. Некои ги нарекуваат енергетски, други – мистични.
Одредбите и толкувањата не се важни. На такви места како и дишењето да
е полесно, мислењето послободно, творештвото подолговечно.
Затоа овие места од антиката до денес се претвораат во центри на
духовниот живот. На такво место, духот е во состојба да поттикнува и
поддржува било кое творештво дури и кога авторот е далеку од него. Го
полни со енергија на ист начин како што спомените од детството живеат
во нашата свест, додавајќи му колорит и благородност на нашиот
амбиент. Од друга страна, животот на такво благословено место може да
го извиши духот на странецот, да му даде нов ритам и поттик. Идеалната
варијанта е кога духот на човекот и духот на местото се во хармонија.
Инаку речено, кога заемно ќе се најдат. Само тогаш може да речеме дека
творецот ја нашол својата вистинска татковина.

Многугодишната историја на Балканот создала неверојатна генетска и
културна палета, нетипична за другите потривијални географски широчини
со помирен ритам на мигрирање и живот. Одамна се знае дека генетските
смеси се како двоостар нож. Се раѓаат посебни личности, и во својата
величавост, и во своето злодејство, но слаби народности. Двете лица на
овој процес – истовремена симбиоза и судир, го прават тежок животот за
творците тука. Но, во исто време доминантниот цезаропапизам на
Балканот (односно надмоќта на световниот принцип над верскиот) ја
активира творечката различност и оригиналност.

Оттука и чудната алтернатива - добиваш можност да твориш по своја мера
и совест, но истовремено секој момент можеш да се разделиш со животот,
а творештвото да ти биде осквернувано. Со два збора - Балканот во
целина е центар на Духот, а проблемот е остварувањето на тие поттици.
Во едно интервју од 1996 година, на македонскиот драматург Горан
Стефановски, се вели дека на Балканот никој не успеал да се роди и да
умре во границите на една и иста држава. Конјунктурата на Големите
сили и балканските национализми во последните два века се обидуваа
големите личности, кои припаѓале на две и повеќе култури, не само да
ги раскинуваат додека биле живи, но и по нивната смрт. Најточно би
било да кажеме - на сите нас на Балканот и на целиот европски
континент.

Ако нашиот полуостров, наспроти сите променливости, е среќна оаза на
Духот, Охрид е речиси негов центар. Животот и судбината на неговиот
генијален син, Григор Прличев, во голем степен, го персонифицира сето
она за кое до тука станува збор. Имено, драмата на творецот, искушуван
и застрашуван со националистички пропаганди, чиј дух кон крајот на
неговиот живот го наоѓа своето вечно место и стапува во хармонија со
Духот на местото Охрид, а кој без успех го барал во соседните земји.
Тогаш тој не само што изрекува: „Мајка Македонија много е ослабена“,
туку и го оддава сиот свој респект, одушевеност и оган. На истиот
начин илјада години пред тоа симболот на Охрид, Свети Климент, го
препознал како свој Дух на местото благословено од Бога и ја впишува
својата мисија во него. Од своја страна, тој создал традиција и
амбиент за автентични следбеници.


СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ (10)

Деструктивната енергија на Балканот
http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=376&ArticleID=15153

Авторите кои расудуваат и пишуваат за Балканот се исплашени од две
возбуди. Од една страна, да го третираат Полуостровот и историските
процеси на неговите жители како нешто сосем различно од другите
населени географски региони. Оттука и квалификациите „балканско буре
со барут“ и „балканизација“. Со последниот израз се визира заканата за
Европа, од која всушност Балканот е дел. Создавачи на слични
квалификации се обично луѓе кои на Полуостровот гледаат со европско,
но западно „око“, кое се труди да се разграничи политички (и на секој
друг начин) од побунетата зона. И на тој начин да ги заглуши
сопствените комплекси од историско-географската припадност кон неа.
Гледната точка за „совршено-различното“ често се застапува и од
балкански автори со аргументот дека тукашните проблеми останатиот свет
не е во состојба да ги разбере. Поинаку кажано, на западно-европскиот
минус заради „совршеноразличното“ месните одговараат со плус.
Од друга страна се застапниците за унифицирање на Балканот не само со
останатиот дел на Европа, туку и со целиот свет. Приоритет за нив има
политиката и економијата, а не етничката или географската различност.

Вистината е дека на Балканскиот Полуостров протекоа и се во тек
историски и социјални процеси типични за целиот останат свет. Но
доволно е да ја погледнеме имено картата на светот за да ја видиме
разликата. Полуостровот е не само сврзувачка алка меѓу Европа и Мала
Азија, туку оттука со Азија и Африка. Во споредба со останатите
географски „мостови“ на земјата, негов единствен конкурент е тесниот
премин меѓу Северна и Јужна Америка. Впрочем, каде што денес се
наоѓаат државите Мексико, Гватемала, Хондурас, Никарагва, Панама. Не е
чудно дека и на „балканската порта“ кон Азија државите веќе се
десетина, со тенденција на зголемување. Уште повеќе, што од
недогледната древност до Новото време низ неа минале многу етноси. Од
секојдневната практика е познато дека кога превозните средства се
пренатрупани со луѓе, во нив полесно избиваат расправии и скандали.
Односно, се добива емоционална експлозија.

Зашто човечките биополиња (а познато е дека организмот не е само
биохемиска, туку и енергиска супстанца) се притискаат. Истото е во
густо населените градови и области. Споредувајќи го развојот на
историските процеси во различни делови на земјата, истражувачите
стигнале до заклучок за наличје на силни енергетски зони, кои ги
активираат. Балканот припаѓа кон таква зона, областа на Централна
Азија – исто така. Токму во тој дел од азискиот континент се
извршуваат во минатото етнички „ферментациски“ процеси.

А нашиот Полуостров е едно од местата низ кои веќе
самоидентифицираните етноси го продолжуваат својот пат кон своите
трајни пребивалишта. Во таа смисла од нив истрошената енергија во
Азија служи за диференцијација и поттик за раздвижување. Во географски
тесниот балкански регион, од една страна, се добива судир на
разнородни енергии при самото движење. Од друга – тука населените
етноси трошат енергија за завладување на територија и за нејзина
заштита од конкуренти кои имаат иста аспирација. Или се само транзитно
преминувачки.

Деструктивната енергија има различни насоки и појави. Таа се издигнува
на рамништето и на материјалната и на духовната култура. Истовремено
нејзината насока е, како меѓу балканските држави и народи, така и во
самите нив, а и во нивните односи кон другиот дел на Европа, и во
целост - кон светот воопшто.

Утре: Илузијата за богоизбрани народи

Dunek

unread,
Oct 4, 2007, 7:01:52 AM10/4/07
to Macedonia Discussion Group

On Oct 4, 11:46 am, Комитата <komit...@gmail.com> wrote:
> Представям ви първите 10 части на капиталния труд на Стефан Мицов за
> македонскиот идентитет.
> Чавдаре, така като чета какво пише за българските академични среди,
> това са камъни най-вече в твоята градина. Има и доста осъдени
> проявления на великобугаризъм ;-) Плаках, когато четох за
> репресираната западногерманска студентка.
>

> СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ, ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ  (1)http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Editio...

> Моите професори - еднооки во царството на слепите (2)http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Editio...

> Чипот во главата на Бугарите (3)http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Editio...

> Цел ми беше да бидам научник, а не патриот-пропагандист (4)http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Editio...

> во куп сено (5)http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Editio...

> Државата си игра со граѓаните како мачка со глувци  (6)http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Editio...

> Ме притворија на бугарската границаhttp://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Edition...

> Симпозиумите ми беа прозорец кон светотhttp://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Edition...

> Балканот е центар на Духотhttp://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Edition...

> Деструктивната енергија на Балканотhttp://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Edition...

Книгата е 350 денари ( 5 евра ) , ја има на секаде - достапна е ,
чуму толкав труд ?

Димитър Бечев

unread,
Oct 4, 2007, 7:26:47 AM10/4/07
to Macedonia Discussion Group
Не само че е досадник, а и негатор. Побугарчи го македонецот Итар Пейо
(од Мариово) :)

On Oct 4, 10:46 am, Комитата <komit...@gmail.com> wrote:
> Представям ви първите 10 части на капиталния труд на Стефан Мицов за
> македонскиот идентитет.
> Чавдаре, така като чета какво пише за българските академични среди,
> това са камъни най-вече в твоята градина. Има и доста осъдени
> проявления на великобугаризъм ;-) Плаках, когато четох за
> репресираната западногерманска студентка.
>

> СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ, ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ (1)http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Editio...

> Моите професори - еднооки во царството на слепите (2)http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Editio...

> Чипот во главата на Бугарите (3)http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Editio...

> Цел ми беше да бидам научник, а не патриот-пропагандист (4)http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Editio...

> во куп сено (5)http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Editio...

> Државата си игра со граѓаните како мачка со глувци (6)http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Editio...

> Ме притворија на бугарската границаhttp://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Edition...

> Симпозиумите ми беа прозорец кон светотhttp://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Edition...

> Балканот е центар на Духотhttp://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Edition...

> Деструктивната енергија на Балканотhttp://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Edition...

Filip M

unread,
Oct 4, 2007, 1:28:01 PM10/4/07
to Macedonia Discussion Group
Еве го целиот текст. Прекрасно четиво.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1090&ArticleID=71062

СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ, ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

(Продолжува)

(продолжува)
СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ, ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Цел ми беше да бидам научник, а не патриот-пропагандист

(продолжува)


СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ, ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Да ја бараш вистината за бугарската историја беше како да најдеш игла
во куп сено

(продолжува)


СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ, ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Не сакав да им се продадам на државата и на нејзините институции
Сепак, изгледа дека моето независно поведение им оставило впечаток на
соодветните „органи и служби“, бидејќи следната 1983 година добив
предлог да почнам да работам во Институтот на МНР. Во меѓувреме,
речиси ја привршував својата докторска дисертација на тема „Врските и
претставувањата на Бугарите во светот (до преродбата)“. Две години
пред тоа го добив конкурсот за докторантура по „социологија на
политиката“. Првпат во Бугарија се објавуваше конкурс во таква насока,
а искушението беше дека докторантот сам си ја избира темата за
дисертацијата.
Дотогаш, а и потоа - до денес, кандидатите се принудени да избираат од
определени теми, објавени во Државен весник. Како човек што не сака
некој друг да му ја определува насоката на неговите научни ангажмани,
откако го добив конкурсот, сам си ја избрав темата што ми се допаѓаше
и едноставно го известив својот научен раководител.
За таков одново го избрав професорот Генчев.
Не се раководев од конјунктурни методи, бидејќи во меѓувреме тој беше
паднал во немилост како рецензент на книгата „Фашизмот“ на Жељу Желев
и беше сменет од деканското место. Односите со него секогаш ми беа
сложени - од една страна тој ме ценеше и уважуваше, а од друга -
пројавуваше кон мене необјаснива љубомора. Беше националист, но да
бидат националисти бугарските историчари, во минатото и денес, е
прашање на честа. Истовремено, сепак, беше критички настроен кон
тогашната политичка реалност во Бугарија, кон тоталната советска
инвазија и ги симпатизираше западните демократии. Со Генчев се
разминувавме не само по прашањето за Македонија, но кога го решавав
проблемот за научен раководител сфатив дека не можам да направам
подобар избор. Најпосле, за докторатот ние разговаравме подробно
веднаш откако го напишав. Јас бев остар и необузден и тоа за малку ќе
ми донесеше сериозни проблеми на Првиот конгрес по бугаристика во мај
1981 година, кога остро се конфронтирав со многубројната советска
група на историчари. Така или инаку, очигледно моите изјави се
разгледувале „каде што треба“ и се сметаше дека можам да бидам корисен
по соодветното „спитомување“ во МНР. Подоцна прочитав изјави на шефови
на МНР дека за доушници врбувале луѓе со комплекси за да бидат лесно
манипулирани, а за МНР барале личности со карактер.
Појдовните предлози беа привлечни за секој што сака да прави кариера:
насочување на одбраната на мојот докторат до половина година,
секавично добивање софиско жителство и стан, двојна плата - како
научен соработник и како постар раководител во МНР. Да го добиеш сето
тоа на 27-годишна возраст, за што на обичните граѓани им требаа
децении, се сметаше за голема шанса. Но, како што веќе реков, целта ми
беше сосема друга. Сакав да бидам универзитетски научник и немав
намера да им се продавам ниту на државата и на нејзината државна
безбедност, ниту на нејзините помошни институции. Затоа отфрлив уште
еден предлог за работа - во Институтот на профсојузите, чиј бонус пак
беше да читам лекции по меѓународно комунистичко и работничко движење
во Латинска Америка. Мојот отказ „да свирам според туѓи ноти“ ми
излезе скап. Одбраната на докторатот ми задоцни три години, а потоа
беше осуетена. Кога подоцна го добив научниот степен настанаа проблеми
со жителството и со работата. Најпосле успеав да одам во Република
Македонија дури во 1998 година. По 23 години предавачка дејност на
Софискиот универзитет, два пати бев отпуштан, а и во тој период ми
ставаа пречки на секаков начин.
Ги бележам овие факти не за да се жалам, туку за да стане јасен
механизмот на дејствување на бугарските институции и „служби“,
независно од конкретниот политички режим и општествен систем.

(продолжува)
СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ, ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Државата си игра со граѓаните како мачка со глувци

(продолжува)


СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ, ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Колегата Влахов е поголем Македонец од нас!


Од таа причина ги сметав за неопходни некои делови од мојот подготвен
труд, имено „Кој го уби Христо Ботев” и „Парадокси на социјално-
политичкиот живот кај Бугарите” да ги соопштам како книга и како
лексиконски курс на Софискиот универзитет.

И во последната деценија на минатиот век, да го позајмам стихов на


Вапцаров, „со животот се гледавме строго”. Некогашната квалификација
„безобразно информиран” под напорот на излезените на виделина
забранети документарни сведоштва, се повеќе се исполнуваше со
содржина. Се чувствував се повеќе еманципиран и внатрешно ослободен.

Не само заради мојата убеденост дека сум стигнал до филозофскиот клуч


за македонскиот идентитет, туку зашто ги разбрав причините за

комплексите на македонските негатори – Бугари, Грци и Срби. Поканата


да земам учество на 50-годишниот јубилеј на Институтот за национална

историја во Скопје есента 1998 година, ја примив со задоволство на


човек кој има што да каже на тој висок меѓународен форум. Рефератот ми

е в клучен во сегашнава книга, но поинтересно е дека „двајцата” бевме


притворени на бугарската граница. Случајот претставува куриозитет за

секоја нормална држава, но се запишува целосно во Бугарските


„парадокси”. Тргнав кон Република Македонија со мало куферче во кое

беше мојот реферат „Прблемите на балканската историографија и
политиката спрема Македонија” заедно со писмо до директорот на
институтот проф. Новица Велјановски, напишано од Виктор Цветановски –
тогашен кореспондент на в. „Нова Македонија” во Софија. На бугарската
граница кај Ѓуешево се случува нешто за што дотогаш бев читал само во
книгите. За време на пасошната проверка бев симнат од автобус, што


сообраќаше од Софија до Скопје и затворен во една просторија,
придружен од 4-5 цивилни лица. Почна детална проверка на мојот оскуден
багаж и облека, при што секој обид да направам некакво движење се

спроведуваше со извик: „Не мрдај”! Прашањата трескотеа како канонада:
кај кого одам?, зошто?, кој ме испраќа? итн. Таа одвратна ситуација


траеше околу два часа. Претставете си: автобус, извршувајќи ја

секојдневната маршрута со патниците, кои всушност исто така се


заробени во автобусот околу два часа и 20 минути (моето симнување од
автобусот се случи дваесетина минути по собирањето на пасошите). Во

меѓувреме мојот реферат беше ископиран, ѕвонеа телефони, а потоа


разбрав дека е зборувано и со деканот на Филозофскиот факултет, каде

што предавав. Ме излуде стравот со која цивилните суртуци ја
проверуваа речиси секоја прашинка врз мене, портофелот и секоја визит
картички белешка во него. Небаре бев меѓународен суперпрестапник. Ќе
излажам ако кажам дека во првите минути не бев освен изненаден, и
исплашен. Притворањето всушност траеше доволно долго за да ми се врати
самочувството и од своја страна да станам остар и циничен. Наспроти


бев сигурен дека нема да ме пуштат преку границата и не ми остануваше

друго, освен да бидам дрзок. Најпосле проверките завршија, ми го
вратија оригиналот на рефератот и ми посакаа „Пријатен пат”! На
прашањето:”Е во што беше проблемот”? ми одговорија:”Нема проблем”.


Иако немав никаква вина, почувствував голема непријатност пред

патниците во автобусот за направеното задоцнување. Но по моето


извинување кон нив, во нивните очи не прочитав укор, туку сочувство, а

неколкумина изразија негодување од дејствата на граничните власти .


Подоцна разбрав дека во автобусот патувал и проф. Јан Рихлик од
Карловиот универзитет во Прага, со кого за време на симпозиумот во

Скопје станавме пријатели. Директорот на Институтот за национална


историја, проф. Велјановски, и претседателот на организацискиот
комитет д-р Орде Иваноски имаа желба да го огласам моето задржување на
границата пред медиумите. Јас не се согласив, бидејќи симпозиумот се
одржуваше меѓу два круга на парламентарните избори во Република
Македонија и инцидентот можеше да се искористи за внатрешно политички
цели.
Сметав дека мојот реферат што беше прифатен многу добро не само од
македонските колеги, туку и од странските учесници на форумот, е
доволен одговор на провокацијата. Бев поласкан и од комплиментот на д-

р Ивановски дека „колегата Влахов е поголем Македонец од нас”.

(продолжува)
СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ, ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Во мене средба на различни етнички заедници


За време на обратниот пат, на бугарската граница фарсата од пред
неколку дена се повтори. Одново, овојпат час и половина престој,
одново претрес и обид за понижување. Но, веќе бев подготвен за тоа, а
суртуците кои ровареа во мојот багаж ми изгледаа како пигмеи. Тие
несреќници не сфаќаа дека не можат да понижат еден човек кој е уверен
во своето право и кој благодарение на своите познанија се почувствувал
слободен. Претходната 1997 година бев за влакно близу до смртта, но
Господ беше решил да ме врати од „оној свет”. Истата година ја завршив

и ја објавив книгата „Илузиите на човечкиот род” – истражување за


главоболките, претензиите и погромите на човештвото од почетоците на
неговата историја до денес. На нивниот фон великобугарските евтини
уцени и шпекулации можат да се обидат со скок на болва да ја

прескокнат египетската Свинга – симбол на древната мудрост.


Денес, враќајќи се назад во времето, разбирам дека слученото со мене е
верига од брутални и несмасни обиди да бидам отстранет од мојот
истражувачки пат, кој за жалење на моите непријатели, одамна е преку

Калотина. Додека тие, макар и веќе во границите на Европската унија,


ќе продолжат да ја посетуваат Европа само како туристи. Што се
однесува до Македонија, таа ми даде (поточно – ми возврати)
исклучително многу. На прво место, самочувството и делумно изгубениот
идентитет. Пред четврт век беше преседан некој маж во Бугарија да носи
две фамилии. На многубројните прашања зошто ги потпишувам со името

Влахов - Мицов уште првите свои сериозни текстови во печатот, секогаш


одговарав дека ја уважувам роднинската крв и од страната на мајка ми и
од страната на татко ми. Низ нив во мене имаат средба различни етнички
заедници. Моето мешано потекло ме прави негативно чувствителен кон
секоја великодржавна идеја на штета на малцинствата во Бугарија и на
Полуостровот. Уште пред да го осознаам тоа, моите македонски корени ме
стимулирале кон слободољубие и духовна толеранција, ми ги поддржувале

поривите кон природност – без лицемерство и балкански сметки. Подоцна


ме дарија со пријателство, расказ што може да исполни една цела книга.
Животот во Бугарија ми беше со децении живот на внатрешен емигрант,
чии допирни точки со тукашната реалност се повеќе се истенчуваа. Во
годините со потрес набљудував како мнозина од пријателите и
познајниците се повеќе добиваат конформистички вид на ојадени чичковци
и тетки или на искомплексирани и депресирани индивидуи, кои наоѓаа

оддишка во слепата омраза кон себе сличните и во фанатичниот
национализам. Велат дека со останувањето човек се повеќе се доближува


до својата вистинска суштина. Би дополнил – и кон сушноста на етносот,
кон кој му припаѓа или го влече неговото срце. Во таа смисла, и покрај
животните непогодици, јас се чувствувам среќен. Бидејќи успеав да го

остварам и во духовна и во реална смисла своето враќање во Македонија.


Со што го затворив долгиот животен емигрантски циклус на моите предци.

Духот на Балканот


Одамна ни здодеало тривијалното сфаќање дека одредени фактори за секое

творештво се талентот и трудот на авторот. Но, надвор од нив,


амбиентот во кој живее и твори личноста, игра исклучива улога.
Амбиентот ги содржи можностите за слободно мислење и јавно изразување,
односно сите услови – социјални, од секојдневниот живот, верски и
државно политички. Нормално е дека истиот е поврзан со традицијата.
Тешко е да се создава амбиент ако нема традиција. Не е случајно што во

долговремени тоталитарни и ропски општества (што, всушност, е


идентично) литературата и уметноста се слаби, ограничени, тесногради.
По мое мислење, духот на творецот се поддржува не толку од богатата
традиција, создавана од неговите предци, туку од тоа што го нарекуваме
„духот на местото”. Тој дух не се влијае од големината на одредена

култура и од бројот на авторите, кои работат во неа. Постојат многу


центри низ територијата на разни држави кои, како да го поттикнуваат
творештвото. Некои ги нарекуваат енергетски, други мистични. Одредбите
и толкувањата не се важни.
На такви места како и дишењето да е полесно, мислењето послободно,
творештвото подолговечно. Затоа овие места од антиката до денес се
претвораат во центри на духовниот живот.

(продолжува)


СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ, ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Конструктивната и деструктивната енергија на Полуостровот


На такво место, духот е во состојба да поттикнува и поддржува било кое

творештво, дури и кога авторот е далеку од него. Го полни со енергија


на ист начин како што спомените од детството живеат во нашата свест,
додавајќи му колорит и благородност на нашиот амбиент. Од друга
страна, животот на такво благословено место може да го извиши духот на
странецот, да му даде нов ритам и поттик. Идеалната варијанта е кога
духот на човекот и духот на местото се во хармонија. Инаку речено,
кога заемно ќе се најдат. Само тогаш може да речеме дека творецот ја
нашол својата вистинска татковина.
Многугодишната историја на Балканот создала неверојатна генетска и
културна палета, нетипична за другите потривијални географски широчини
со помирен ритам на мигрирање и живот. Одамна се знае дека генетските
смеси се како двоостар нож. Се раѓаат посебни личности, и во својата
величавост, и во своето злодејство, но слаби народности. Двете лица на

овој процес - истовремена симбиоза и судир - го прават тежок животот


за творците тука. Но, во исто време доминантниот цезаропапизам на
Балканот (односно надмоќта на световниот принцип над верскиот) ја
активира творечката различност и оригиналност. Оттука и чудната

алтернатива – добиваш можност да твориш по своја мера и совест, но


истовремено секој момент можеш да се разделиш со животот, а
творештвото да ти биде осквернувано. Со два збора - Балканот во целина

е центар на духот, а проблемот е остварувањето на тие поттици. Во едно
интервју од 1996 година на македонскиот драматург Горан Стефановски се


вели дека на Балканот никој не успеал да се роди и да умре во

границите на една и иста држава. Конјуктурата на големите сили и


балканските национализми во последните два века се обидуваа големите
личности, кои припаѓале на две и повеќе култури, не само да ги
раскинуваат додека биле живи, но и по нивната смрт. Најточно би било

да кажеме на сите нас, на Балканот и на целиот европски континент.


Ако нашиот полуостров, наспроти сите променливости, е среќна оаза на

Духот, Охрид во кој се наоѓаме е речиси негов центар. Животот и


судбината на неговиот генијален син, Григор Прличев, во голем степен

го персонифицира, сето она за кое до тука станува збор. Имено, драмата


на творецот, искушуван и застрашуван со националистички пропаганди,
чиј дух кон крајот на неговиот живот го наоѓа своето вечно место и

стапува во хармонија со духот на местото Охрид, а кој без успех го


барал во соседните земји. Тогаш тој не само што изрекува: „Мајка

Македонија многу е ослабена”, туку и го оддава сиот свој респект,


одушевеност и оган. На истиот начин илјада години пред тоа симболот на

Охрид, свети Климент го препознал како свој дух на местото


благословено од Бога и ја впишува својата мисија во него. Од своја
страна, тој создал традиција и амбиент за автентични следбеници.

Деструктивната енергија на Балканот

Авторите кои расудуваат и пишуваат за Балканот се исплашени од две
возбуди. Од една страна, да го третираат Полуостровот и историските
процеси на неговите жители како нешто сосем различно од другите
населени географски региони. Оттука и квалификациите „балканско буре
со барут” и „балканизација”. Со последниот израз се визира заканата за

Европа, од која всушност Балканот, е дел. Создавачи на слични


квалификации се обично луѓе кои на Полуостровот гледаат со европско,

но западно „око”, кое се труди да се разграничи и политички (и на


секој друг начин) од побунетата зона. И на тој начин да ги заглуши
сопствените комплекси од историско-географската припадност кон неа.

Гледната точка за „совршено – различно” често се застапува и од


балкански автори со аргументот дека тукашните проблеми останатиот свет
не е во состојба да ги разбере. Поинаку кажано, на западно-европскиот

минус заради „совршеноразличното”, месните одговараат со плус.

(продолжува)


СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ, ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Етничката каша на Балканот
Од својата страна бугарскиот хан Крум ја разорува цела Тракија со
градот Одрин. Черепот на убиениот византиски император е преобразен во
чаша за пиење - „херојски“ акт што ги вдахновил средновековните
минијатуристи. Да не зборуваме за петнаесетте илјади војници на
независниот владетел Самуил, ослепени од императорот Василиј Втори. Ќе
забележите дека станува збор за дејства од страна на Византија, која
претендира на цивилизираноста, во чии очи нејзините конкуренти на
Балканот се варвари и дивјаци. Што останува за самите „варвари“ -
доволно е споменувањето на романскиот владетел Влад Цепеш, кој се
насладувал од глетката на неговите агонизирани жртви. Не помалку диви
страсти демонстрирале српските и хрватските владетели, а за инвазијата
на османлиските Турци на Полуостровот одвај можат да се најдат
соодветни зборови. Парадоксалното е на друго место - управувачките
дворови на сите средновековни балкански држави, вклучително и на
византискиот, се повеќе или помалку во роднински врски меѓусебе. Со
други зборови, идејата на Александар Македонски за сродување е
реализирана во практика. Но, тоа не ги прави помалку страсни и свирепи
војните меѓу Балканците. Зашто станува збор само за биолошко, а не и
за мисловно и интелектуално обврзување.
Насилничките преселувања во својот поголем дел се, исто така, плод на
источни дивјачки карактери (да не заборавиме дека другото име на
Византија е Источна Римска Империја со граници во Мала Азија, а
старото тракиско, македонско, римско и поновото славјанско население
на Полуостровот е обично измешано со новопристигнати од Азија
племенски групи и етноси) и одмаздништво, а не на успешно замислени
стратегиски цели. По покорувањето на македонската држава од страна на
Рим, освојувачите ја разделуваат на четири дела, забранувајќи ги
брачните врски на Македонците меѓу нив. Нивната цел е да ја нарушат
македонската етничка заедница, а со тоа и можностите за
спротивставување. Разните именувања на тие четири области имаат иста
задача - дискредитирање на македонското народно име. Реализацијата на
стратегискиот акт перманентно продолжува долго по крахот на Римската
Империја. Веќе споменатиот хан Крум двапати извршува насилно
преселување (вкупно околу 60 илјади луѓе) на население од Тракија
преку реката Дунав. По неколку десетлетија заложниците успеваат да
избегаат и да се вратат назад, резултатот, освен напразно фрлената
енергија, е што во тоа време областа во која се населени тие почнува
да се вика Македонија. Така, во времето на ханот Крум, Западна
Тракија, каде што извршува „етничко прочистување“, го носи името
Македонија.
Таквиот „прочистен“ род само ја продлабочува етничката каша на
Балканот веќе и терминолошки. Преселувањето, пак, на населението од
Мала Азија во области на Филипопол (Пловдив) во втората половина на 8
век за заштита на тогашната византиска граница, се претвора во
социјален бумеранг. Областа последователно станува расадник на
богомилското учење, кое претставува павликанска ерес (распространета
во Мала Азија) насадена на балканска почва. Накратко речено,
насилничките преселувања (прочистувања), без оглед на нивните размери,
на Балканот немаат траен ефект. Тоа го покажува историскиот развој и
во најново време - и на територијата на бивша Југославија, и во
меѓусебните односи меѓу Грција и Турција, Турција и Бугарија, Романија
и Унгарија итн. Своевиден инструмент за принудни иселувања без да се
искористи брза депортација, се т.н. земјишни реформи на Балканот.
„Етничко преструктуирање“ низ економска принуда се спроведува во сите
балкански држави по нивното етапно ослободување од османлиското
владеење. Во почетокот земјишните напади се меѓу „османлиското
наследство“. Подоцна под удар паѓаат малцинските групи: Унгарци во
Банат и Трансилванија, на границата на Романија, Албанци во Косово,
контролирано од Србија и Југославија.

> ...
>
> read more »- Hide quoted text -
>
> - Show quoted text -

Димитър Бечев

unread,
Oct 4, 2007, 2:50:18 PM10/4/07
to Macedonia Discussion Group
И какво му е прекрасното?

On Oct 4, 6:28 pm, Filip M <GoranAStoja...@hotmail.com> wrote:
> Еве го целиот текст. Прекрасно четиво.
>

> http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Editio...

> улога во ...
>
> read more »

Търновец

unread,
Oct 4, 2007, 3:11:31 PM10/4/07
to Macedonia Discussion Group
Да бе и аз това питам , какво му е прекрасното ?

Ама Мимитре ич не се учудвай , той Филип така си чете , като кон с
капаци евангелието ... нищо което смята, че по подразбиране е вярно не
подлага на съмнение :)))

> ...
>
> read more »

Чавдар

unread,
Oct 8, 2007, 7:44:23 AM10/8/07
to Macedonia Discussion Group
Не че всичко, което казва Влахов-Мицов е лъжа, но той не прави анализ,
а журналистическо-пропагандистки буламач: цялостно погледнато е крайно
тенденциозен, най-често тотален дилетант, а понякога мошеник и лъжец.
Много ме забавлява с твърдения за разни познати и мени личности като
Бернар Лори, когото той нарежда сред просветените „видни и заслужни

македонисти, одамна еманципирани од глупоштините на бугарскиот
шовинизам”... Имайки предвид, че на защитата на тезата ми Лори ме
разкритикува за некои моменти, в които виждаше реверанси към МК
историография. Например, заяде се за лафа ми „плеяда автори” за случаи
като Рацин, Ильоски, Крле, Панов: „плеяда” било преувеличено. Наряза
ме и за изказването ми, че литературната продукция на македонски през
междувоенния период била „впечатляваща”: според Лори, става дума
предимно за ученически и студентски драсканици... Всеки може да си
направи изводи за „македонизма” на Лори. „Видниот и заслужен
македонист” е диво мразен от шефицата на македонската катедра в ИНАЛКО-
Париж Фроса Пейоска-Бушро, която вижда в него тендециозен
пробългарин... Да му имам на Влахов адекватните наблюдения -
интелектуалец като за Газибаба, Чаир, Топаана и Маджир маало.

On Oct 4, 12:46 pm, Комитата <komit...@gmail.com> wrote:
> Представям ви първите 10 части на капиталния труд на Стефан Мицов за
> македонскиот идентитет.
> Чавдаре, така като чета какво пише за българските академични среди,
> това са камъни най-вече в твоята градина. Има и доста осъдени
> проявления на великобугаризъм ;-) Плаках, когато четох за
> репресираната западногерманска студентка.
>

> СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ, ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ (1)http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Editio...

> Моите професори - еднооки во царството на слепите (2)http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Editio...

> Чипот во главата на Бугарите (3)http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Editio...

> Цел ми беше да бидам научник, а не патриот-пропагандист (4)http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Editio...

> во куп сено (5)http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Editio...

> Државата си игра со граѓаните како мачка со глувци (6)http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Editio...

> Ме притворија на бугарската границаhttp://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Edition...

> Симпозиумите ми беа прозорец кон светотhttp://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Edition...

> Балканот е центар на Духотhttp://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Edition...

> Деструктивната енергија на Балканотhttp://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&Edition...

Димитър Бечев

unread,
Oct 8, 2007, 9:16:08 AM10/8/07
to Macedonia Discussion Group
А дано да си намери читатели и мющерии във въпросните квартали. Понеже
жителите им много-много не е**ват от филозофски клучеви.

> ...
>
> read more »

Reply all
Reply to author
Forward
0 new messages