http://nmladenov.blog.bg/viewpost.php?id=162290
11.02 16:36 - Aнти-български публикации нямат място в страна –
кандидат за ЕС
Днес внесох предложения за седем поправки в проекта за доклад на
Европейския парламент за напредъка на Македония през 2007 г. Докладът
цели да даде оценка на усилията на Република Македония в подготовката
й за започване на преговори за присъединяване към ЕС и предстои да
бъде обсъден в комисията по външни работи на Европейския парламент на
25 февруари.
Основните акценти на внесените поправки са:
- Призив към македонските власти да осигурят спазване на стандартите
на ЕС и Съвета на Европа за борба с т.нар. "говор на омразата" в
медиите, особено по отношение на съседни страни-членки на ЕС;
- Призив към македонските власти бързо да завършат останалата част от
ж.п. връзката между Скопие и София;
- Подкрепа за инициативата на правителството в Скопие за създаване на
съвместни историко-образователни комисии със съседните страни-членки
на ЕС;
- Призив към македонските власти да подкрепят съвместното почитане и
отбелязване на общото културно-историческо наследство със съседните
страни;
- Приветствие за подобрения диалог между властите и опозицията по
отношение на въпросите свързани с европейската интеграция, както и
създаването на Съвета по европейска интеграция, който е оглавен от
лидера на най-голямата опозиционна партия;
През последните години Република Македония положи много усилия, за да
се подготви за започване на преговори за присъединяване към ЕС. Този
напредък трябва да бъде оценен по достойнство от Европейската комисия
и подкрепен от Европейския парламент. Същевременно обаче толерирането
на анти-български публикации в македонската преса нямат място в
страна, която цели да бъде член на Европейския съюз. България винаги е
подкрепяла безкористно Република Македония по нейния път към Европа и
подобен тип изяви не съответстват на добрите отношения между двете
страни. Скорошната реализацията на ж.п. връзката между Скопие и София
ще бъде стимул за икономическото развитие на нашата съседка и затова
трябва да бъде приоритет за Република Македония и Европейския съюз.
Убеден съм, че внесените поправки ще бъдат подкрепени от всички
български депутати в Европейския парламент.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=A61C028CC8D4C5489EF61290BFAA1DE0
Бугарски идеи за заедничка историска комисија
Во предложените амандмани Младенов предупредува на стандардите на ЕУ
за „говорот на омразата“ во медиумите
Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска
Брисел - Бугарскиот европарламентарец Николај Младенов ја поздрави
иницијативата на македонската Влада за формирање заеднички историско-
образовни комисии со соседните земји-членки на Европската унија,
очигледно асоцирајќи таков потег не само кон Грција туку и во однос на
Бугарија.
Таквата иницијатива тој ја преточи во амандман кој треба да се најде,
ако биде поддржан, во извештајот на Ерик Мејер, во кој паднаа во втор
план сите внатрешни прашања и доминираат само односите со соседите,
пред се' со Грција, и прашањето околу името. Во седумте амандмани што
ги приложи деновиве на извештајот, Младенов ја поддржува
евроинтеграцијата на Македонија во Унијата, но предупредува дека
македонските власти, за да добијат датум за преговори со ЕУ, треба да
осигураат почитување на стандардите на Унијата и на Советот на Европа
кои се однесуваат на „говорот на омразата“ во медиумите, особено во
однос на соседните земји.
Барањето на Младенов во континуитет се турка во ЕУ од највисоките до
најниските нивоа и очигледно е резултат на усогласена политичка
позиција во Софија однесувањето на медиумите во Македонија, што се
оценува како антибугарско, да се издигне на ниво на услов за напредок
во евроинтеграцијата.
Вториот амандман, за заедничката историско-образовна комисија е дел од
предлозите на македонската Влада кои се однесуваат на мерки за градење
доверба со Грција, па не е јасно дали Младенов навистина ја поддржува
македонската иницијатива или, ставајќи ја во поширок контекст, и' дава
поголема регионална тежина и ја прави нефункционална во однос на
преговорите со Грција, кои како да влегуваат во финале.
Бугарскиот парламентарец, исто така, бара од нашата Влада да го
поддржи заедничкото оддавање почит и одбележување на „општото културно-
историско наследство со соседните земји“ и да го изгради делот од
Коридорот 8 на македонска територија, бидејќи ќе биде стимул за
економски развој на нашата држава, па затоа треба да стане приоритет и
за нас и за ЕУ. „Последните години Република Македонија вложи многу
напори за да ги започне преговорите за членство со ЕУ. Тој напредок
треба да биде оценет од ЕК и од Европскиот парламент.
Но, толерирањето на антибугарски публикации во македонскиот печат нема
место во земја која сака да биде членка на Европската унија. Бугарија
секогаш, и без да има од тоа корист, ја поддржува Македонија на патот
кон ЕУ, па ваквиот тип изјави не соодветствуваат на добрите односи
меѓу двете земји“, порача вчера бугарскиот европарламентарец.