Мисля че е бил и участник на АСНОМ
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=89452&EditionID=1377
Почина академик Ксенте Богоев
Академик Ксенте Богоев, еден од доајените на македонската економска
наука, универзитетски професор и поранешен претседател на МАНУ, почина
завчера во Скопје. Богоев е роден во село Леуново, во 1919 година.
Докторирал економски науки на Универзитетот во Белград. За професор на
Економскиот факултет е избран во 1952 година. Во два мандата бил
директор на Економскиот институт во Скопје, декан на Економскиот
факултет и претседател на МАНУ. Академик Богоев, како експерт за
економија извршувал и значајни државни функции. Тој бил потпретседател
на Извршниот совет во Владата на СРМ и нејзин претседател во два
мандата, бил член на Претседателството на СРМ и гувернер на Народната
банка на СФРЈ. Ксенте Богоев е автор на 250 научни и стручни трудови.
Основоположник е на научните дисциплини од областа на фискалната и на
монетарната теорија и политика. За својата научна активност е добитник
на многу домашни и светски награди. Заедничка комеморативна седница на
МАНУ и на Економскиот факултет од Скопје ќе се одржи денеска, од 12
часот во Македонската академија на науките и уметностите.