Кирилицата е прашање на идентитет

2 views
Skip to first unread message

Комитата

unread,
Apr 23, 2008, 4:37:36 PM4/23/08
to Macedonia Discussion Group
Приятелите на македонската кирилица се сдружават.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=4D8186B509DB2348945E980FB4AA64C2

Кирилицата е прашање на идентитет

Иницијатива за зачувување на кирилицата под мотото „Го чувам своето -
додека пишувам на кирилица, постојам!“

Невена Поповска

Под мотото „Го чувам своето - додека пишувам на кирилица, постојам!“,
„Идеја плус комуникации“, Македонската информативна агенција и Имиџ ПР-
агенција за односи со јавноста, вчера со презентација на проектот ја
почнаа иницијативата за зачувување на македонската кирилица.

„Писмото е доказ за македонската колективна свест и одраз на
македонскиот национален дух. Досегашната огромна поддршка што ја доби
оваа наша иницијатива од научната јавност, надлежните институции, од
претставниците на бизнис-заедницата и истакнати личности од
општеството, е само потврда за потребата од ваков проект и желбата да
се зачува своето“, вели Иво Лауренчиќ, директор на „Идеја плус
комуникации“.

„Правилната употреба на македонската кирилица е од фундаментално
значење во напорите за нејзиното зачувување. Во тоа ќе успееме
единствено ако значајно го зголемиме бројот на поддржувачи и пријатели
на македонската кирилица. Тоа е една од основните мисии на оваа
иницијатива“, додаде Љупчо Јакимовски, директор на МИА, потенцирајќи
дека се добредојдени сите оние што на каков било начин сакаат да се
приклучат на оваа иницијатива.

Во рамките на иницијативата се предвидени низа активности преку кои
треба да се подигне свеста за значењето и правилната употреба на
македонската кирилица. „Основна цел на проектот е подигнување на
свеста кај сите генерации за потребата од правилна употреба и
зачувување на македонската кирилица“, велат организаторите. „Станува
збор за ентузијастички, непрофитабилен проект кој треба да придонесе
за афирмација на македонската кирилица и нејзиното надградување, но и
создавање голем број нејзини поддржувачи и пријатели.“

За промоција на кирилицата, македонската музичка легенда Влатко
Стефановски напиша специјална песна која ја отпеа заедно со детскиот
хор „Златно славејче“, а за популаризација на иницијативата е
изработен целосен пакет од промотивни материјали - видеоспот, рекламни
паноа, постери, маички, папки, тетратки, пенкала...

Покрај промотивниот дел, проектот предвидува одржување експертски
трибини посветени на македонската кирилица, како и конкурс за
изработка на правилни македонски кирилични компјутерски фонтови кои ќе
бидат бесплатно достапни и ќе можат да се најдат на веб-страницата
www.mojatakirilica.com.mk.

Во рамките на иницијативата е планиран и голем отворен настан на
плоштадот „Македонија“, кој ќе се одржи на 26 мај, каде што ќе се
слави македонската кирилица преку многубројни едукативни и забавни
содржини кои ќе бидат достапни за сите заинтересирани граѓани.

Проектот е поддржан од македонските медиуми кои бесплатно ќе ги
објавуваат промотивните материјали, како и сите активности и трибини
посветени на оваа тема
Reply all
Reply to author
Forward
0 new messages