Петар Богдани нашият Петър Богдан ли е?
Омакедончен?
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=83045&EditionID=1292
Зошто го сменија името на Куршумли хан?
На сите нас тешко ни паѓа настојувањето на Грција да ни го промени
името на државата. Повеќето од нас што живееме во Македонија не сме за
тоа името да се промени. А сигурен сум во тоа дека сите Турци што
живеат во Македонија се против барањето на Грција.
Од друга страна, пак, сведоци сме дека називите на некои објекти од
историско значење во Скопје многу лесно добиваат некои нови имиња.
Така, Беговата кула доби име Феудална кула; Турската чаршија се нарече
Стара чаршија; Фатих мостот доби име Јустијанов мост, најновата
измена: Куршумли хан се нарече „Петар Богдани“. Јасно е дека ова
последново се случи затоа што во Куршумли хан се смести албанската
институција.
Но зарем не беше подобро доколку Куршумли хан го задржеше своето име,
а во неговите простории да има место, како културен центар, не само за
Албанци, туку и за сите национални заедници - Турци, Власи, Роми и
Срби.
Куршумли хан го граделе османлиите за потребите за бесплатно ноќевање
на луѓето што доаѓале во Скопје да пазаруваат или да извршат некои
други лични работи. Османлиите не само што мислеле на луѓе патници,
туку и за нивните коњи и магариња, за што и изградиле штали.
Со промена на името на Куршумли хан, јас како граѓанин на Скопје се
чувствувам погоден. Често се вели за турската заедница во Македонија
дека е мост на пријателство меѓу Турција и Македонија. Доколку во тој
мост јас претставувам еден камен, отсега тој мост го имате ама без
еден камен.
На времето кога во Турција некои се обидоа да го променат името на
едно ерменско село, се спротивставија интелектуалци во Турција од
типот на Џенгиз Бекташ, по што остана старото име на селото, како е
дел од историјата.
За измената на името на Куршумли Хан очекував реакција на големите
македонски интелектуалци, особено од познатите јавни дејци како што се
господата Марјановиќ, Фрчкоски, Цуцуловски, Мухиќ, но и познатите
албански интелектуалци, господата Ким Мехмети, Назми Малиќи и други.
Но тоа не се случи. Имав прилика да прочитам мислење на проф.
Марјановиќ дека градоначалникот на Скопје Трифун Костовски не треба да
го гради „Кермез“ со изменети димензии. За намерите за градба на
поинаков „Кермез“ сите во градот бевме запознаени, да не речам и
чавките во градскиот парк.
Но, за промена на името на историскиот објект-Куршумли хан никој до
сега ниту кажа, ниту пак напиша ништо повеќе од ова мое писмо!
Месуд Неби, дипл. град. инж.