ДОБИЈ 1.000 ЕВРА КОИ ТИ ГИ НУДИ “СЛОВЕНСКАТА ФИЛХЕЛЕНСКА МРЕЖА“

8 views
Skip to first unread message

Васко Глигоријевић

unread,
Mar 29, 2009, 9:52:09 AM3/29/09
to Macedonia Discussion Group
http://vardaraxios.wordpress.com/2009/03/29/sfmkonkurs20092010/


СФМ распишува меѓународен награден конкурс "Потрага по вистината". Од
секој учесник се бара да во согласност со долуопишаните техничките
стандарди испрати доказ дека од периодот од 600 до 1800 година од
нашата ера на подрачјето на Повардарје постоел "македонски народ" со
јазик и културна форма кои претходат на денешните "Македонци" од
вариетет познат во комунистичка Југославија по 1944.

Од тебе се бара да, приложено на долупоставениот формулар, поднесеш
доказ дека во посочениот историјски период:

1) Индивидуа од домашно потекло (треба да се образложи неговата
културна припадност кон домашната средина) се нарекла себе си
"Македонец", својот јазик "македонски јазик" (со таа фраза или на
одделен начин кој експлицитно демонстрира "македонски" карактер на
јазикот), својот род, група личности или индивидуа, од област од
Повардарјето, или од цело Повардарје "Македонци".

2) Индивидуа од странско потекло, која на некој потесен начин била
поврзана со просторот на Повардарјето, дала сведоштво дека личност од
домашно потекло или група луѓе од Повардарието со јазик предок на оној
говорен од мнозинството денешни жители на таа област, е етнички
"македонска" и говори "македонски јазик"

При овој конкурс НЕМА да се земат во предвид:

-Изјави и сведоштва за постоење на област "Македонија" или референци
кон стари географски мапи каде е представена истата. Дека постои
област "Македонија", како што постои област "Далмација", "Тракија",
"Славонија" е познато. Не интересира постоење на категориите
"Македонци" и "македонски јазик".

-Мислења за постоење на поединечен "Македонец", "македонски јазик" или
"македонски народ" од автори кои се напишани долго време по феноменот
кој детално го опишуваат и не може да се сметаат за примарни извори,
вклучително, но не ограничено, на дела од модерната наука каде авторот
проектира ретроактивно постоење на тие категории во посочениот период.
Не интересираат само примарните извори.

Земи и ти учество во овој конкурс! Секојдневното бомбардирање од
страна на Режимот во БЈРМ дека твојот народ, кој е номинално
"македонски" е најстар, "библијски" народ, доколку е вистинито значи
дека за посочениот период, од 600 до 1800 година од нашата ера,
постојат огромен број сведоштва за "Македонци" и "македонски јазик".
Народ со такво име и карактеристики кој се протега на значителна
балканска територија секако не можел да остане незабележан од
хроничарите, доколку Режимот е во право. Тебе ти останува само да ги
земеш твоите 1.000 Евра, а ако не сакаш да учествуваш, помогни некој
друг да ја земе наградата со тоа што овој текст ќе го распростаниш на
интернет или ќе направиш копија и ќе ја поделиш на заинтересирано
лице.

Поднесените апликации до конкурсната комисија треба да стигнат до 10-
декември-2009, додека наградените дела ќе бидат објавени на овој блог
и на посебен веб-сајт. За секоја поднесена апликација ќе биде објавено
образложение на Интернет зошто се прифаќа како победничка или зошто е
отфрлена како неоснована на 10-јануари-2010. Анонимноста на
наградените и останатите учесници е потполно загарантирана. Апликации
кои не се поднесени на приложениот стандарден формулар, вон закажаниот
рок и кои нема да ги исполнуваат наведените стандарди нема да се земат
во предвид.

Формуларот кој е базичен поднесок можете да го симнете од тука:

http://www.vardaraxios.info/konkursenpodnesok.pdf

Комплетираните пријави НЕ се примаат преку електронска пошта, туку
исклучиво на адреса на "Словенската Филхеленска Мрежа":

СФМ (за конкурсот)
Бул. Јане Сандански 12/2-22
Скопје

ГСтојанов

unread,
Mar 30, 2009, 9:59:03 AM3/30/09
to Macedonia Discussion Group
Може.

Ама ти прво да ни дадеш докази за истото нешто за нашите драги
хеленски соседи. Некаков навод дека во истото време, 600-1800 (значи
пред 1829 година кога западноевропските филхелени им смислија што
треба да бидат) се викале самите себеси Хелени, а јазикот хеленски,
дека збореле и пишувале на катаревуса пред 1840 (кога им ја смислија)
и слично.

После малце попрочитај од историја (за која велиш дека ја студираш) за
времето на национализмот, кога почнува, како и зошто.

Васко Глигоријевић

unread,
Mar 30, 2009, 12:29:51 PM3/30/09
to Macedonia Discussion Group
Не е фер:-)!

Понуди конкурс, да се офајдиме ние кои знаеме подобро.

Е Горане, Горане, следиш ли вести? Сакаш да бидеш исто со онаа толпа
од пред некој ден: "Исус Ристус (сик) цар македонски, убијте ги
другите" "Македонија, Македонија"....."Груевски, нов Аце Наш
Македонски".........небричани нискочелаши, бесен
"народец".............тоа се животни кои времето ги згазило во овој
транссциентистички, информатички свет на корпоративна работна етика и
стратификација и прагматичен индивидуализам. Размисли за тоа.

ГСтојанов

unread,
Mar 30, 2009, 1:13:51 PM3/30/09
to Macedonia Discussion Group
Јас знам и кој сум и што сум. И кој биле татко ми, и дедо ми и прадедо
ми.

Ако ти сакаш да го иссмееш национализмот кој бара исконски корени и
кој игнорира дека нациите се производ на 19 век, зошто не почнеш од
нашите комшии. Грците веќе 4000 (илјади) години биле нација Хелени,
Бугарите 1300 години биле нација Бугари, Србите не знам колку (од пред
амебите)...

Македонскиот национализам е многу по неинтересен. Тој е само
одбрамбена реакција на агресивните соседни национализми.

Не знам како не се најде некој да им каже на нашите комшии дека ништо
не е покорисно за консолидацијата на една нација од надворешни
непријатели. За таа про-десничарска атмосфера во Македонија, заслугата
не е домашна. Треба да се бара во Атина и Софија (или каде битисува
Каракачанчето и Божидар).

А дека македонскиот народ се консолидира, еве ти едно видео: Село
Емборе - Кајларско (демек Птолемаида):

http://www.youtube.com/watch?v=JfoF9k6sbWM

On Mar 30, 12:29 pm, Васко Глигоријевић <fyromolog...@gmail.com>
wrote:

> > > Скопје- Hide quoted text -
>
> - Show quoted text -

Васко Глигоријевић

unread,
Mar 30, 2009, 3:20:16 PM3/30/09
to Macedonia Discussion Group
Патем, Горан, не дека не сакам да дискутирам, туку забележав дека
Чавдо, Джими, Симеон и другите квалитетни дискутатнти не постираат
подолго време. Штета, бидејќи живееме во интересни времиња.
Универзитетските обрврски се големо бреме, меѓутоа се надевам once in
a while дека ќе имаат време да не посетат.

Патем, ти беше од САД? Види, нема тука никаква "десница" во БЈРМ,
"десница" во сите форми е организирана околу капиталот и кооптирана со
неекономската елита. Овде имаме судир на две естетски матрици: анти-
интелектуален (псевдо)-историцистички романтизам и урбана поп-култура.
Едноставно, имаш два табора со спротиставен "вкус", две субкултури, и
двете ад-хок склепани. А нема десница со капитал, етички конзерватизам
и не левица со утопијски егалитаризам кои и во помали и многу
позаостанати средини од американската црпат гориво во фискални,
биодетерминистички, лабуристички, еколошки, биоетички,
глобализацијски, енергетски и други современи теми.

ГСтојанов

unread,
Mar 30, 2009, 3:38:19 PM3/30/09
to Macedonia Discussion Group
Ако ти фали Чавдар, еве си отворил блог:

http://tchmarinov.blogspot.com/

За македонската политичка сцена: до неодамна националистите беа
малцинство. Таа песна заврши. Грците ја претераа и сега овој трн уште
долго ќе ги боде. Тие се што започнаа со псевдо историцистички
национал романтизам. Нема ништо послатко од да го претепаш арамијата
со неговата ластегарка. После можеш да ја искршиш и да си ја го
навалиш огништето.

Инаку во Грција полека привршува првата фаза од националната преродба
на Македонците. Песните и игрите, панаѓурите и карневалите, тоа е веќе
освоена територија. Букварот е исто отпечатен. Сега се на ред речници,
учебници, книги, часови по македонски, театри...

Со Господ напред.

Reply all
Reply to author
Forward
0 new messages