JavaSkop '19 Call For Papers

25 views
Skip to first unread message

Pance Cavkovski

unread,
Jan 8, 2019, 4:42:13 PM1/8/19
to Java User Group Macedonia
Здраво на сите,

Време е за уште еден JavaSkop!
Иницијално, наредната едиција на JUGMK Community конференцијата ќе се одржи на 30ти Март, 2019 година, на истата локација - Cineplexx, Skopje City Mall.
Ако имате идеа за учество со презентација, и сакате истата да ја споделите пред публика од државата но и странство, пополнете го следниот формулар:

Темата на презентацијата може да биде се во и околу Java еко системот:
  • Java or other JVM languages, JDK, JVMs, specifics, improvements, future …
  • Java frameworks, Spring, Java EE …
  • Connected technologies: JavaScript, JavaFX, ECMAScript, TypeScript, Angular, React, HTML5/CSS3, SCSS, etc …
  • Emerging technologies: Machine Learning, Blockchain, IoT, AR / VR …
  • Databases
  • IDEs and Tools
  • Ops: (continuous) integration and delivery, virtualization, containers, orchestration, monitoring, distributed systems …
  • Methodologies: Agile, Not agile :), communication, education …
  • Soft skills, career management, success stories, lessons learned …
  • Various…
Има три типа на презентации:
- Целосно предавање, 40 минути
- Кратко предавање, 20 минути
- Ignite talk, 5 минути, 20 слајда кои автоматски се менуваат на 15 секунди
Времето за предавањата е со вклучено време за прашања. Тоа значи дека реално треба да го темпирате предавањето од ваша страна да трае 30/15 минути.

За возврат, како благодарност од наша страна, ќе добиете персонализиран JUGMK подарок и секако нели почит и препознавање од публиката и заедницата :)

Ако имате било какви прашања, нешто да се појасни или помош за оформување на наслов/абстракт, контактирајте ме директно.

Поздрав,

Панче.

Pance Cavkovski

unread,
Feb 13, 2019, 5:04:29 AM2/13/19
to Java User Group Macedonia
Здраво,

Повикот за презентации е сеуште активен. Досега има доста малку предлози пријавено.
Ако имате некаква идеја за презентирање, пријавете се што е можно побрзо. Иницијалниот рок завршува за една недела, и не би сакал да го продолжувам, бидејќи ни прави проблеми понатака со планирање и комуникација.
Ако имате некои прашања, сум на располагање.

Поздрав,
Панче.

Pance Cavkovski

unread,
Feb 20, 2019, 7:45:44 AM2/20/19
to Java User Group Macedonia
Здраво,

Бидејќи сеуште имам во најава од неколку луѓе за пријава за презентации, рокот го продолжуваме до крајот на неделата, заклучно со 24ти.

Поздрав,
Панче.
Reply all
Reply to author
Forward
0 new messages