Здраво,
Ми претставува задоволство да ве поканам на овој посебен настан кој означува значаен milestone во нашето заедничко патување - прослава на првиот роденден на Netaville!
Во текот на изминатата година, нашиот простор прерасна во енергична заедница, благодарение на прекрасните ИТ организации, поединци како и компании кои го направија Netaville ИТ хабот кој му требаше на Скопје долго време. За да го одбележиме овој момент, организираме роденденска прослава која ветува дека ќе биде вечер исполнета со забава, дружба и изненадување за сите присутни.
Детали за настанот:
📅 Датум: 14.09.2023
⏰ Почеток: 18:00
📍 Локација: Netaville, Скопје
За супер атмосферата ќе се погрижат The Ringtones и нашиот резидент Dj Anna!
Ве охрабруваме да ги поканите вашите соработници, пријатели и сите други кои би сакале да ја доживеат енергичната атмосфера на нашиот ITHub.
Со нетрпение очекуваме да го прославиме првиот роденден со вас, токму затоа ве замолувам да го потврдите вашето присуство најдоцна до 12ти септември 2023.
Доколку имате какви било прашања или ви требаат дополнителни информации, ви стоиме на располагање.
Ви благодариме уште еднаш што сте ценет дел од Netaville заедницата 😊
Се гледаме во Netaville!
Поздрав,
Аника
----
Толку од мене за сега, stay tuned за детали за настаните.
Поздрав,
Панче.