Здраво на сите,
Се надевам имавте или сеуште имате убав летен одмор.
Имам две работи за покривање во овој мејл:
1. Периодов интерно преговаравме нацрт идеја за организирање на нијанса различен ЈУГMK настан. Имено, на последниот JavaSkop Call for papers, поголем дел од предлозите беа на повисоко ниво и некако доминираа теми поврзани со архитектура или high level организација/планирање на системи. Поради неможноста да направиме по широка програма, го откажавме настанот.
Она што сакаме да го направиме сега е да ги искористиме тие теми и да направиме еден или повеќе настани со оваа тематика каде таргет група ќе бидат поискусни девелопери и архитекти.
Е сега, за имплементација на ова има две идеи:
- еден поголем полудневен настан во две паралелни траки кој би се одржал некоја сабота во Септември.
- неколку помали meet-up-и со една до две презентации кои би се одржале во повеќе работни денови после 18h.
Поздрав,
Панче.