Здраво,
Верувам дека сите сте up-to-date со информациите за ширењето на т.н COVID-19 корона вирус и мерките кои се предложени од Министерството за здравство. Иницијално беше даден апел за откажување на поголеми јавни собири до 6ти март, што денес е продолжен до 13ти. Некои порадикални мерки или евентуално претварање на апелот во одлука сеуште нема. Ние моментално ја следиме ситуацијата и препораките кои се дадени од институциите.
Овогодинешниот JavaSkop е закажан на 28ми Март. Ова е две недели после моменталниот рок на апелот, што ни дава простор нам, барем за сега, да продолжиме со организацијата по оригиналниот план. Има некои претпоставки дека ако вирусот се однесува на сличен начин како сезонските настинки и грип, дека ширењето ќе запре со покачувањето на температурите. Ова секако дава малку подобар надеж дека ситуацијата ќе се подобри и некакви мерки за ограничување нема да бидат потребни.
Ако ситуацијата се промени и институциите излезат со продолжени или поригорозни мерки, ние секако ќе реагираме. Во крајно сценарио, целиот настан ќе биде одложен за понатака во годината. За жал ова не можеме да го направиме во некаков краен рок, бидејќи мора да се остави простор на предавачите од странство да ги повлечат резервациите за сместување и за пат. Поради тоа, ќе направиме апдејт на темата еднаш на 13ти и ако е потребно пак на 20ти Март.
Поздрав,
Панче.