Со бавното будење на црешите, полека се враќаме со проекциите на
јапонски аниме и играни филмови.
Во новата Јапанорама бр. 11 ќе уживаме на нова локација. Овој пат
Културен центар ЦК ги отвора своите врати за новата сезона на
проекции. И додека, Јапонците моментално уживаат во ханами, во
цутењето на црешите по парковите, храмовите и светилиштата низ
Јапонија, ние ќе се обидеме да ви ја претставиме убавината на
растењето и животот низ розовите облаци од црешови цветови на нашата
нова проекција во Скопје.
Ви претставуваме едно од ремек-делата на на Mаkoto Shinkai -
прекрасната драма 5 centimeters per second. Целото име на анимираниот
филм е 5 Centimeters Per Second: a chain of short stories about their
distance (秒速5センチメートルアチェインオブショートストリーズアバウトゼアディスタンス ,Byōsoku Go
Senchimētoru a chein obu shōto sutorīzu abauto zea disutansu) Опфаќа 3
сегменти насловени како Cherry Blossom (桜花抄 ,Ōkashō), Cosmonaut (コスモナウ
ト ,Kosumonauto), и 5 Centimeters per Second (秒速5センチメートル ,Byōsoku 5
Senchimētoru) со вкупна должина од околу 1 час.
Дејството се одвива околу Takaki Touno, во 90-тите години на минатиот
век во Јапонија и раскажува за неговото пријателство и разделба со
Akari Shinohara, за нивниот однос низ растењето, проткаено со едно
постојано тажно расположение. Дејството е всушност недостаток од
дејство, од акција; раскажува повеќе за тоа како светот ги менува
луѓето, наместо за тоа како луѓето го менуваат светот.
Анимацијата е, очекувано, фантастична. Рачно нацртаните сцени се
доволни да го привлечат вниманието - доволно за да ви ја доловат
убавината на животот и емоциите.
Сето тоа надополнето со прекрасната пиано музика на Tenmon.
Како што вели Shinkai, за разлика од неговите претходни дела, во ова
нема вклучено ниту sci-fi, ниту фантастични елементи. Се сконцентрирал
на прикажувањето на реалниот свет, низ една поинаква перспектива, низ
секојдневните борби со времето, просторот, луѓето, љубовта.
Погледнете го трејлерот http://www.youtube.com/watch?v=PxKn5AwOTis
Се надеваме дека ќе бидете предизвикани да дознаете што има всушност
брзина од 5 цм/сек. овој петок, во Културен центар ЦК (на ул.
Илинденска бр. 38, поранешна Точка, до ИТ маркетот, кај Влада на
Република Македонија)
Овозможено од Japan@mk - http://japan.mk во соработка со К.Ц. ЦК -
http://www.cdathouse.org.mk/index.asp?id=news
http://skopje.on.net.mk/?lat=42.00075821803&lon=21.4267338486926
Овде.
... Али Антена не сум слушала со векови...
Треба да видам и за по другиве медиуми за во иднина...Денес во 08:45, на утринската програма на Антена 5 Радио, ја спомнаа и нашата Јапанорама :)слушаше ли некој или само јас слушам Антена толку рано?:)))Интересна најава, цитирам:„Јапанорамата повторно се враќа во Скопје - за сите вљубеници во Јапонија, овој пат во нови простории...не го пропуштајте неповторливото аниме на ...(и овде веќе почнаа да читаат од текстот на Александра - инфо каде шо како“ :)))Бистра