LOL
whatever, мене ми е фејсбук презагаден со непотребни информации, едноставно премногу шум. Тој е супер за ширење на инфо за ивенбти каде што треба да се информира поширока јавност, но во овој случај воопшто не е соодветен.
Башка, едно е група, друго е цела социјална мрежа, кај што има ем блог (односно секој корисник има блог, а сите постови се појавуваат на главна страна), ем форум (ете цел форум кој се мачиме да го заживееме цела година и фазла), ем атачирање на слики и видеа (секој посебно, а може да се појавуваат сите заедно), ем рсс фидови (кои може да се од најинтересни сајтови поврзани со темата), ем чет (риал тајм разговор со конкретната група), и уште триста чуда.
Но види, мене не ми е целта да ве убедувам, доколку сака некој нешто да правиме заедничко и овој начин му се допаѓа нека се приклучи, доколку не, има потполна слобода да направи така.
Можеби ова сега за сега изгледа рудиментирано, но потребни се луѓе за да го заживеат, сепак се работи за социјална мрежа.
Мене може да ми е интересно и да се само 5 души доколку се активни и си правиме тоа шо сакаме, но на овој начин најмногу може да се изрази колаборативноста, слободата и учеството. МОжеме да се договараме и за ивенти и да дискутираме на форум и да споделуваме нови вести преку блог и да се информираме од рссот и да си споделуваме слики и видеа...
Едноставно мене ми се виде како ептрен супер место кое е најсоодветно за нашата група, ако сеуште постои.
Поздрав