Здраво на сите
Имаме прекрасна можност да учествуваме на традиционална Јапонска ракотворба со оригинална јапоска учителка. Ова не се пропушта и секој што може во четврток (не е на работа) убаво би било да се пријави, а петок е неработен ден, така да сигурно ќе нè има во поголем број.
Следи текстот за повик на Норика:
Во четврток (31 мај) во 13:00 ќе се одржи работилница за традиционална јапонска ракотворба во Сули-Ан (Стара Чаршија, Ликовен факултет).
Во петок (1 јуни) во 12:00, исто така во Сули-Ан со Токоро-сенсеи ќе се одржи работилница за кусакизоме!
Не можеме да примиме повеќе од 30 луѓе, затоа ве молам заинтересираните да ми пишат во инбокс, да ве ставам на список!
Работилниците се бесплатни и траат отприлика 60-90мин.
Се гкледаме