Сакам да прашам (иако по нешто ми е јасно) што се случува со блогот а
и форумот кој (ако не се лажам) требаше да биде во функција?
Блогот не функционира со месеци што е жално. Не гледам причина зошто
да не функционира ако веќе групава хибернира. Разбирам ако има проблем
со доменот и со DNS сервери, меѓутоа на blogspot да се намести да
функционира default subdomain-от japmk.blogspot.com е 1 минута работа.
Како што знам (од Билјана и Васко), општо неофицијално прифатено беше
и на доменот jp.mk да биде подигнат форум со што би се избегнало
малтретирањето со DNS серверите и МАРНЕТ.
Навистина не сфаќам зошто ова не функционира веќе подолго време, иако
понудив помош да помогнам за било што (дали е тоа трудова, финансиска
или матерјална, без разлика).
Ако ова се случува со некоја намера, подобро да знаеме сите јавно. Ако
причината е немање време и неажурност (а искрено се надевам дека е),
ве молам да превземете нешто и од вашето драгоцено време да издвоите
15тина минути, барем овие работи да се средат, за да може полесно да
функционира групава. Макар и привремено тоа да е само блогот.
Discuss :)
А за форум мислам дека групава, како и блогот, беше дефинирана како
колаборитивна и сметам дека оние членови што и на почетокот беа
„одредени“ да го организираат, администрираат и модерираат блогот би
требало да работат на тоа. Не гледам причина зошто било чија
иницијатива би била одбиена, макар и на домејн што не е одбран веќе.
На крај краева, нека се одбери нов домејн, ако се нафаќаат повторно
членовите да работат на форумот, а гледам двајца веќе покажуваат
иницијатива, нека се подигни форум, па коментари за надоградба,
содржина и изглед нека се даваат и на групава.
Јас знам единствено дека можам да помогнам околу модерација, и
евентуално некоја графичка обработка... и теми како аниме (офкорс) и
новости во јапонската архитектура и дизајн.
Или едноставно, можеме да пробаме поинаку. И покрај тоа што нема многу
членови Македонци на MyAnimeList и групата таму не функционира како
што треба, имаме изненадувачки голема популација на луѓе што гледаат
аниме. Би било супер, барем да пробаме да направиме форум само за
аниме, и малку повеќе да се прошири или обедини целтата таа
популација, да видиме како ќе изгледа, ќе работи, па да се тргне
понатаму, и форумот за „јапонска култура“ да може да се дотера онака,
како што беше замислен иницијално
Муабетот е, што подфоруми на форумот ќе има е најмал проблем, тоа
лесно може да се измени во секој момент, мада и јас осеќам дека под
"аниме" ќе се вршат највеќе дискусии. Искрено, повеќе ми се дискутира
за non-anime related работи, пошто имам претстава по кој пат ќе се
водат дискусиите за аниме. xD
Бидејќи Марнет се доста бирократски ориентирани во работењето и поради
недостатокот на време (од моја страна) нејм серверите кои беа
променети не од наша страна не се префрлени на новите.
Тоа се надевам дека ќе се среди во следниве денови, кога ќе ги соберам
сите документи, потписи , печати од фирмата со која ги регистриравме и
ќе им ги однесам.
За форумот, веднаш штом ќе биде доменот повторно во функција, ќе
наместам A или CNAME рекорди за f.jp.mk и forum.japan.mk. Само кажете
каде да покажуваат.
Што се однесува до менувањето на адресата назад на дифолтната од
блогспот, не ми се чинеше како паметно решение да смениме, па да
разгласуваме japmk.blogspot.com, па откоа ќе се вратеше на .mk, да
почнеме пак со другата.
Поздрав.