Кој е вашиот став во однос на отварањето на нов факултет по информатика?

43 views
Skip to first unread message

anna

unread,
Mar 5, 2010, 2:51:14 PM3/5/10
to Finki дискусија
Дали сте за тоа да се отвори нов факултет по информатика и смеровите
ИКИ и ИНФО да се одделат од ФЕИТ? Или имате некој друг предлог за како
да се реши ова?
Дали мислите дека квалитетот на наставата би се намалил или зголемил
со ваквото делење?
Каде би сакале да ги завршите вашите студии?

jovan

unread,
Mar 5, 2010, 2:57:38 PM3/5/10
to Finki дискусија
Прво мислам дека не сме доволно информирани за да знаеме кои се
предностите или негативностите од отворањето на нов факултет. Она што
до сега сум слушнал се само шпекулации, некој слушнал дека некој друг
слушнал нешто.

Мислам дека треба да добиеме повеќе информации за да можеме да
заземеме став.

jovan

unread,
Mar 5, 2010, 3:02:18 PM3/5/10
to Finki дискусија
Исто така, на кој начин студентите кои веќе студираат на овие смерови
се засегнати? Каде сме ние во сето ова? Зошто факултетот не започне во
нова академска година, почнувајќи со студенти кои за прв пат се
запишуваат...

anna

unread,
Mar 5, 2010, 3:13:29 PM3/5/10
to Finki дискусија
Она што се зборува дека сакаат да го направат е да се отвори нов
факултет, скоро сите (не сите значи) професори би се вработиле таму,
од септември за тие што ќе се запишат веројатно ќе треба да има нови
програми по кои би учеле.

Ние како сегашни студенти на ФЕИТ, или како што се збори би биле
префрлени со декрет на тој факултет, или ќе биде по своја желба кој
сака да се префрли таму.. Во секој случај, и кога би се префрлиле, ќе
си завршиме по нашата програма, но ќе земеме диплома од ФИНКИ, а не од
ФЕИТ.

Условите не е дека ќе се променат/подобрат. Пак ќе останеме во истите
простории (додека не се изгради нова зграда, што не се знае кога ќе
биде...). Незнам како е планот да функционираат институтите од ПМФ и
ФЕИТ заедно на две различни локации.. Или како би се префрлил цел смер
од еден од овие факултети кај другиот кога ни едните, ни другите
немаме доволно простор за одржување на наставата..

Ако знае некој нешто повеќе нека пише..

Aleksandar

unread,
Mar 5, 2010, 5:40:34 PM3/5/10
to Finki дискусија
Ова е одлична идеја од кој аспект, на предавање сме по 200 луѓе што ни
во европа е назамисливо а сепак постигнуваме солидни резултати, на
лабораториски сме од сабајле до вечер некои денови поради завземањето
на просториите од смерови кои имаат по 5 луѓе, и како последно е дека
70% од финансиите на ФЕИТ доаѓаат од ИКИ, затоа што на ИКИ има 400
студенти по генерација од кои 100 на државна квота = 20000 евра, и 300
на кофинансирање тоа е 180000 евра по година, 4 години 720000 евра. За
разлика од ИКИ сите други смерови вкупно се 300 луѓе и сите во државни
квоти значи 60000 евра, што значи не 70% туку 90% од сретствата се од
кај нас а да не збориме дека и некои од студентите на другите насоки
не плаќаат партиципација.
И ако овие сретства се пренасочат на новиот факултет мислам дека тој
факлтет ќе биде најнапреден на балканов а може и пошироко.
Затоа чукнете си ја тимбата и посакајте поубави услови кога тоа е
возможно.

Бисерка

unread,
Mar 5, 2010, 6:51:58 PM3/5/10
to Finki дискусија
Aна мислам дека не ни даваат никаков избор во врска со отворањето на
нов факултет. Изборот е веќе направен за нас, односно одлуката за
отворање на нов факултет е веќе донесена. Единственото нешто што сега
можеме да го направиме е да даваме идеи за тоа како да не организираат
и која програма да ја следиме.
Искрено мене воопшто не ми се допаѓа фактот дека по завршувањето на
ФИНКИ јас нема да бидам електро инжињер и дека ќе имам иста титула со
колегите од ИНФО (кои слушаат три години, а ние четири). Ако сакав да
стои само инжињер по информатика ќе се запишев на тој смер, или пак на
ПМФ. Моето прво прашање во недела ќе биди тоа: како планираат да не
стават во ист кош со ПМФ и ИНФО и која титула ќе ја носиме по
завршувањето на факултетот. Само тоа ме засега/интересира!
И мислам дека би ги поддржала само ако во недела се претстават со
конкретна програма, примамливи идеи и размислувања кои се подеднакво
добри и за студентите и за професорите. Јас навистина го разбирам
револтот на асистентите и професорите и навистина сфаќам дека работат
во навистина тешки услови, меѓутоа не можеме да се водиме само од
паричните средства и примањата на факултетот при донесување на вакви
одлуки. Нема да прифатам нешто се додека не видам било каква програма
за тоа што ќе се учи, каде ќе се учи и кој ќе не учи...

А тоа што го пишуваат по медиумите, може и да се само шпекулации, тоа
не ги одговара нашите прашања, нити пак ни кажува нешто повеќе од она
што веќе е познато.


Aleksandar

unread,
Mar 5, 2010, 7:11:52 PM3/5/10
to Finki дискусија
Мислам дека ние ке бидеме последната генерација на која ќе им пишува
дипломиран електро инжењер, а студентите после нас ќе имаат скроз
друга диплома.

Zlate Ristovski

unread,
Mar 5, 2010, 7:20:47 PM3/5/10
to Finki дискусија
И јас се согласувам со Бисерка, не може они да не стават на исто ниво
со тие од ПМФ, кога нивната и нашата програма се разликува и после
кога ние ќе дипломираме и тие од ПМФ на исти факултет ќе бидеме
практично еднакви меѓу себе, но тоа не може да биде така затоа што
квалитетот на наставата кај нив и кај нас не е ист. Во секој случај
ако сакаат да отворат нов факултет, нека го отворат, меѓутоа ние што
сме запишани по сегашнава програма, да завршиме на ФЕИТ и да останеме
електро-инжинери отсек информатика затоа што на крај краева ние се
запишавме на електро за на крај да дипломираме како електро инжинери.

Mario

unread,
Mar 5, 2010, 8:02:54 PM3/5/10
to Finki дискусија
И јас го делам мислењето со Бисерка. Нека кажат како точно ќе гласат
дипломите, што ќе се учи, кој ќе ни предава итн., па тогаш ќе може да
разговараме дали сакаме да се формира новиот факултет или не. Јас,
искрено, нема да прифатам формирање на нов факултет ако се смени
дипломата, во никој случај. Сакам дипломата да ми гласи дипломиран
електро инженер, а не инженер по информатика.

Medo

unread,
Mar 5, 2010, 9:48:53 PM3/5/10
to Finki дискусија
Апсолутно се согласувам со вас, потребата за отварање на
специјализиран факултет за нашата струка е очигледна и во целост ја
поддржувам идејата на владата да се формира ФИНКИ. Сопствен буџет,
зголемена комуникација со бизнис светот, посовремени лабаратории и
капацитет за одржување на квалитетна настава се само дел од
предностите на формирањето на една ваква високо-образовна институција
и како што напомена колегата Александар ќе претставува силна
кокуренција на сличните вакви институции од балканот па и пошироко.

МЕЃУТОА има неколку прашања што се надевам надлежниот министер ќе ги
одговори на нашите претставници во Недела:

1. Што се случува со постоечките студенти на ФЕИТ/ПМФ ?
Во НИКОЈ случај не смее да се издаде декрет што ги префрла сите
тековни студенти на новоформираниот факултет. Не само што е нелогички
туку и навлегува во доменот на ГРАЃАНСКА СЛОБОДА. Никаква влада/
институција нема право да навлегува во личната слобода и правото на
избор на граѓанинот(ова е од општа култура, не сум правник). Се
разбира доколку студентот има желба да се префрли на ФИНКИ поради
погодностите што би се укажале тоа е негово ЛИЧНО право.
2. Како ќе гласат дипломите на студентите што евентуално би сакале да
ги продолжат студиите на ФИНКИ ?
Дипломиран електро инженер на ФЕИТ пред се претставува еден вид на
престиж. ФЕИТ е институција со 50 годишно реноме и секој работодавец е
свесен за фактот дека дипломата е добиена со макотрпна работа,
снаодливост и упорност. Таа диплома не разликува од студентите на
приватните факултети и дисперзираните паралелки.Треба да има екстремно
добра понуда за некој да ме премисли да земам диплома од друг
факултет.
Не сум се тресел пред проф. д-р Панчо Врангалов за да дипломирам на
факултет без никакво реноме без разлика колку и да е потенцијално
добар.
Последново особено важи за студентите што се во 3та студиска година.
Едноставно нема логика ако си ги издржал сите фалинки на ФЕИТ да
дипломираш на некој рандом факултет(освен од тоа ако немаш некоја
полза, асистентско место, пракси во странство и сл.).
3. Каде ќе се одвива наставата на новоформираниот факултет ?
Колку што сум јас информиран не постои нова градба, што наведува на
фактот дека наставата ќе се одржува на постоечките локации, а тоа
никако не го решава проблемот што го имаме моментално (нефлексибилен
распоред за лабараториски вежби, пренатрупани аудиториуми итн.)
4. Што се случува со наставниот кадар ?
Дали сите професори со декрет ќе бидат префрлени на новиот факултет ?
Не гледам причина зашто тие би се бунеле, зашто на овој начин имаат
многу поголем буџет со слобода да управуваат со свои современи
лабаратории, асистентите многу побрзо би станале доценти, доцентите
професори итн.

Да резимирам, формирањето на ФИНКИ е брилијантна идеја, се додека има
физички можности(зграда со предавални и лабаратроии) да се реализира
истата и најважно до се на студентот да му се даде ИЗБОР каде сака да
ја продолжи својата академска кариера.
Ако горенаведените услови не се исполнети брилијантната идеја станува
ужасна идеја !
Се надевам дека состанокот со претставници од МОН не е само
формалност, колку да се рече дека сме ги прашале студентите, туку
владата ќе го сослуша нашето мислење,производ на општа логика и нема
да избрза со донесување на одлука што може да има големи последици.
НАПОМЕНА: Моето мислење е базирано на гласините што се шират меѓу
студентите и професорите, вистинскиот план на владата секако може
драстично да се разликува !!!

Се извинувам на опширната дискусија, меѓутоа како студент што во
светот претставува синоним за прогресивно интелектуално размислување
сум длабоко погоден од тековните случувања. Би било фино ако
информациите се прошират до сите засегнати студенти/асистенти/
професори и искрено се надевам дека дискусијава нема да добие
политичка конотација или уште полошо да биде искористена во такви
цели.

Поздрав,
Иван Медо Димоски

Бисерка

unread,
Mar 6, 2010, 2:34:53 AM3/6/10
to Finki дискусија
Иван Медо Димоски,

она што се знае е:

генерациите кои веќе се запишани не ФЕИТ по стара програма, а тоа
значи оние без државна матура ќе го звршат своето студирање во истите
простории. Значи наставата ќе се одржува во просториите на ФЕИТ,
програмата ќе биде сосема иста, а исти ќе бидат и професорите.
Единственото нешто што ќе биде различно за нас е: подобар распоред на
лабораториски вежби (зашто нема да се делат подеднакво термините за
лабораториите меѓу 5 и 400 души), ќе имаме поголема моќ при одлучување
во распоредот на простории, можност за работа во помали групи од
студенти, ако има донации за компјутери (пример) ќе се распределат
само на нашиот институт и сл.
А, наставниот кадар е решен и за целосно префрлување во друга зграда,
ако е тоа потребно. Што значи нив им е сеедно каде ќе предаваат, само
да предаваат на новиот факултет, каде средствата кои ги плаќаат
студентите од ИКИ/ИНФО нема да се делат со останатите институти. (за
кое се во право)

Она што не се знае е:

како ќе успеат да го остварат сето ова и да спојат три различни смера
со различна програма и различно звање. =)


anna

unread,
Mar 6, 2010, 6:23:28 AM3/6/10
to Finki дискусија
Еј браво Медо! (clap) (clap) (clap)
Вчера те баравме, ама штета не те добивме + не ти знаевме маил за да
те пријавиме да дојдеш..
Во секој случај, тие прашања ќе бидат поставени утре.

Бисерка, лошо ме имаш сфатено..
Не сум против отварање на нов факултет, нека се отвори, ама откако ќе
се создадат соодветни услови за тоа. Во моментов тие услови ги нема.
Пак ќе бидеме во истата зграда, во истите лабаратории, во исти
термини, професорите и асистентите во исти канцеларии.. Ако е така, се
додека не се префрли институтот во нова зграда (која моментално ја
немаме), проблемот со просторот/распоредите нема да биде решен...

И како што можам да забележам скоро сите се согласивме со тоа дека
сакаме да завршиме како електро инжинери, а не да имаме друга титула,
и да бидеме изедначени со колегите кои завршиле на ИНФО или ПМФ. Затоа
не смее да се дозволи да бидеме префрлени со декрет, и да добиеме
диплома од друг факултет, напротив, секој студент сам треба да си го
одлучи од каде ќе си ја добие дипломата.


Се надевам дека утре ќе добиеме подобра слика за она што се случува, и
како што рече и Медо, дека не е ова само маркетиншки трик, туку
навистина ќе се земат нашите ставови во предвид.

Бисерка

unread,
Mar 6, 2010, 6:46:00 AM3/6/10
to Finki дискусија
Да, да, те разбирам и поддржувам. Знам каде се запишав и од каде сакам
да земам диплома.

И воопшто не ми се допаѓа нивниот пристап кој е од типот: направивме
факултет, еве повелете префрлете се! А каде ќе ве префрлиме, како ќе
ве викаме, што ќе учите и кој ќе ве учи, ќе ви кажеме накнадно!

Не знам, искрено се надевам дека ќе ни излезат во пресрет и дека ќе
знаат да одговорат на нашите прашања.

Irina Trajanoska

unread,
Mar 6, 2010, 1:48:05 PM3/6/10
to Finki дискусија
Здраво на сите,

Моето мислење во врска со ова прашање е следново:

Секој студент има право на избор на факултет кој ќе го запише. Многу
логично е да добиеме диплома од факултетот на кој сме се запишале.
Затоа, на оние кои ќе присуствуваат на утрешниот состанок, им
предлагам да предложат факултетот да започне со работа од следната
учебна година, со што би се изготвила нова студиска програма, која би
ја следеле студентите кои ќе одлучат да се запишат на ФИНКИ. Сосема е
нелогично студентите кои со години следеле значително различни
студиски програми (студентите на ФЕИТ и ПМФ) да добијат иста диплома
која нема да ги разликува. Тоа, во секој случај, е на штета на самите
студенти. Никој не смее да ги менува нашите правила на студирање, како
и дипломата која сме решиле дека ќе ја добиеме со запишувањето на
ФЕИТ.

Од друга страна, сметам дека идејата за отварање на новиот факултет е
одлична и несомнено треба да биде реализирана, но за идните генерации.
И повеќе од очигледно е дека ако сме се запишале на еден факултет,
сакаме да земеме диплома од истиот. Спротивното би претставувало
кршење на нашите права, па затоа, како индивидуа која е лично
засегната од ова прашање, сметам дека не смееме да дозволиме да бидеме
изманипулирани. Нова зграда не постои и нема ни да постои додека ние
студираме, ќе ги имаме истите услови како и досега. Планот за новиот
факултет е одличен, но ние нема да го дочекаме. Кога ние би биле дел
од ФИНКИ, засега не би добиле никакви бенефиции, во спротивно - би ја
замениле дипломата, а средствата кои ги даваме за партиципација би
биле наменети за ФИНКИ, а не за ФЕИТ. Тоа е придобивка за новиот
факултет, но не и за нас. Нека си почнат од почеток, како што и
доликува.

За крај, сметам дека во никој случај, без согласност на секој
поединечен студент, не смее да се наруши правото за слободен избор,
кое сме го направиле кога сме се запишале на електро. Се надевам дека
утре гласот на студентите ќе биде послушан од страна на владините
претставници.

Поздрав до сите и со среќа на колегите кои утре ќе присуствуваат на
состанокот.

On Mar 5, 8:51 pm, anna <lee.anna....@gmail.com> wrote:

cvetanka

unread,
Mar 6, 2010, 4:22:58 PM3/6/10
to Finki дискусија
Ја подржувам идеата за нов факултет, и им посакувам на помладите
генерации да имаат многу подобри услови од нашите и квалитетно
образование. Но, пред се се согласувам со мислењата на моите колеги
(пр. мислењето на колегата Иван Димовски). Пред повеќе од 3 години
сама одлучив да се запишам на факултет со долго реноме и факултет што
гарантира одлично образование, ФЕИТ. Сега после 3 години вложен труд,
потрошено време и посветеност на моето образование, некој да дојде и
да ми рече дека нема да студирам повеќе на ФЕИТ и да донесува одлуки
во мое име, не може. Го имам граѓанското право за личен избор. Нека ни
дозволат ние да си дипломираме како последната генерација на ФЕИТ со
насока ИКИ. Јас не сум за никакво префрлање на студентите од ФЕИТ на
ФИНКИ, (доколку некој своеволно си реши, ок), затоа што некако тоа
сега за сега е план напишан на хартија и ништо не е превземено за
негово исполнување. Ништо не е одлучено, ни дефинирано.

Damjan Nikolovski

unread,
Mar 6, 2010, 6:12:21 PM3/6/10
to Finki дискусија
Ja ne znam sto tolku site se zivciraat. Ova utre ke bide cisto
informativen sostanok (vo toa sum siguren). Nego mi padna na pamet fin
biznis predlog da im dademe na niv utre: Posto kolku sto sum
informiran na noviot fakultet ke se diplomira so 180 krediti, a nie ke
gi napravime tolku vo juni, nie posteno da si odbranime diplomska
letovo na FINKI i edna godina da se dademe na pat okolu svetot. I
sekako da ne zaboravime da go blagoslovime ministerot

jovan

unread,
Mar 6, 2010, 6:20:34 PM3/6/10
to Finki дискусија
+1

On Mar 7, 12:12 am, Damjan Nikolovski <nikolovski.dam...@gmail.com>
wrote:

jovan

unread,
Mar 6, 2010, 6:38:19 PM3/6/10
to Finki дискусија
Се извинувам за дуплото постирање. Ова е интересна идеја. Ќе може да
ја предложат утре претставниците, ова да стои како опција? Мислење од
другите?

On Mar 7, 12:12 am, Damjan Nikolovski <nikolovski.dam...@gmail.com>
wrote:

Aleksandar

unread,
Mar 6, 2010, 6:40:52 PM3/6/10
to Finki дискусија
Тоа би било невозможно бидејќи ќе бидете од типот учени недоучени. На
што мислам, погледнете ги предметите во четврта и ќе видите дека се
битни предмети и не се лесни. Еве и еден пример ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА
Reply all
Reply to author
Forward
0 new messages