Дискусија во друг правец

15 views
Skip to first unread message

VVA

unread,
Mar 9, 2010, 5:24:48 PM3/9/10
to Finki дискусија
Со последните значителни промени на Законот за високо образование и
Статутот на УКИМ се тежнее кон интеграција на функциите на
универзитетот од повеќе аспекти. Меѓу сите тие аспекти се и
образовните, научните и апликативните процеси.

Пример, во ЗВО:
Член 18
................ Универзитетот ги интегрира функциите на своите
единици (функционална интеграција) и со своите органи го
обезбедува нивното усогласено дејствување, преку единствен:
стратегиски развој, донесување стандарди, нормативи и правила за
организација и вршење на високообразовната и научно-
истражувачката дејност; ЕКТС; применувачката, апликативната и
високостручната дејност; усогласено дејствување во финансискиот
сектор, инвестициите и развојните планови; профилирањe на научните
истражувања; критериуми за избор и напредување во наставни,
наставно-научни, научни и соработничките звања; .....

Член 19
Факултет е високообразовна установа која врши високообразовна,
научно-истражувачка и применувачка високостручна дејност во студиско и
научно-истражувачко подрачје, според студиска програма на една
или повеќе сродни и меѓусебно поврзани наставно-научни, односно
уметнички или стручни области од прв, втор и трет циклус на студии.

Пример, во Статут:
Член 61
Единиците на Универзитетот можат да се спојат, поделат или
припојат под услови и на начин утврдени со закон и со овој Статут.
Предлог за статусна промена од став 1 на овој член до
основачот дава министерството надлежно за работите на високото
образование.
Предлог за статусни промени до министерството надлежно за
работите на високото образование може да даде и Универзитетот.

Член 22
Универзитетот ги интегрира функциите на своите единици
(функционална интеграција) и со своите органи го обезбедува
нивното усогласено дејствување, согласно со Законот за високото
образование, како и преку:
...
4. организирање заеднички студиски програми;

Член 23
Единицата на Универзитетот во рамките на својата дејност:
2. врши високообразовна, научноистражувачка, применувачка односно
апликативна, односно уметничка и здравствена дејност во една или
повеќе сродни, односно меѓусебно поврзани научни и стручни
дисциплини, во една или повеќе сродни уметнички области во
рамките на Универзитетот и по овластување вон Универзитетот и се
грижи за нивниот развој;

Јас промените кои се најавуваат ги разбирам како успешно доколку се
прават промени во смисла на интеграција на процесите на УКИМ од
областа на информатиката.

Ако дополнително ги прочитате и илустрациите на страниците 12 и
16,17,18,19,20 (изворните страници обележани како Page xx) од овој
документ: http://www.acm.org/education/education/curric_vols/CC2005-March06Final.pdf
ќе видите какви се патиштата во развојот на образованието од
информатичките области кои се досега предлагани од ACM, AIS и IEEE-CS.
Тоа се областите CS, SE, IS, IT и CE. Ве молам разгледајте го
документот ако намеравате да продолжите да ја читата и одговорите на
оваа порака.

Оваа дискусија за ФИ(нки - мене не ми се допаѓа кратенката ФИНКИ,
повеќе би одел на општо име ФИ) што воглавном досега се развиваше на
овој форум беше најмногу обоена како би ја гледал некој што е
областите EE и CE, но треба да се погледне и од аспект на луѓето
заинтересирани за обласите SE, IS, IT, CS.

Затоа мојот став за правилно решавање на проблемите е со принципот на
интеграција и оптимизација на процесите на УКИМ. Формирање на факултет
со претежно информатичко јадро, во кој ќе преминат сите информатички
обоени кадри од цел УКИМ и само студентите кои се заинтересира за
исклучиво информатичка диплома, и кој ќе биде сервис за информатичкиот
дел од потребите на ЕТФ и ПМФ, е најдобро решение кое на сите би им
одговарало. Така сите ќе можат да си ги имаат дипломите кои си ги
имаат, сите ќе можат да си продолжат во насоките во кои си работеле
ако сакаат, или да преминат на нови ако им изгледаат поактуелни и
поконкурентни, наставниот кадар ќе може пооптимално да се организира и
како посилен и интегриран, заеднички да се бори со предизвиците на
новото време.

Значи дискусиите досега беа можеби помалку насочени повеќе кон
сопствени интереси, кој каде ќе заврши, каква диплома ќе има, колку ќе
биде признаета итн. За се тоа може да има решение ако се гледа на
универзитетот како на интегрирана целина и ако така го раководат
ректорите и сенатот од горе, но и ако ние им помогнеме со промовирање
на новите начела од доле.

Универзитетот веќе не треба да е здружение на изолирани острови,
универзитетот не треба да е чорба од мешани надлежности, универзитетот
не треба да е спрега на сопки и подметнувања, најголемиот државен
универзитет треба да е интегриран еко-систем на научни, образовни и
други видови организациски единици фокусирани кон меѓусебна соработка
и соработка со државните органи и стопанството за промовирање и
поттикнување на визии за сеопшт развој во целата држава.

Ако дискутираната иницијатива е во ваква насока, јас ќе ја поддржам.
Но, засега сум слушнал само дискусии и не сум видел ниту еден документ
со конкретни ставови по кои би можел да одлучам, па се ова е само
академска дискусија :)

м-р Вангел Ајановски
асистент на Институтот за информатика

Патем, не мислете дека само вие кои формално се чувствувате како
студенти дека сте засегнати. И јас се чувствувам како студент. Можеби
немам индекс, но сум студент. Во моментов имам пријавена и одобрена
тема за работа на докторска дисертација на ИИ при ПМФ со која би
требало во следниов период да го завршам формалниот дел од моето
(досега) 21-годишно информатичко образование. Потоа секако ќе
продолжам, но помалку формално. Сигурно не би сакал да го поништам
вложениот труд или не би прифатил толку лесно некој друг да го
поништи, нели?

Reply all
Reply to author
Forward
0 new messages