Состанокот денес

25 views
Skip to first unread message

Martin Spasovski

unread,
Mar 7, 2010, 10:54:22 AM3/7/10
to Finki дискусија
Здраво,

прво забелешка, сте си направиле група само за студенти на ФЕИТ а ќе
се спојувате ПМФ-ИИ? Многу самобендисано.

Друго, видов во претходните постови многу луѓе нејасно имаат сфатено
некои работи, бев денес на состанокот па напишав блог пост со некои
информации.

http://moondowner.wordpress.com/2010/03/07/finki/

Поздрав, се читаме :P
Мартин

Бисерка

unread,
Mar 7, 2010, 10:59:04 AM3/7/10
to Finki дискусија
Хеј Мартин!

Веднаш штом се направи групава, му кажав на Димитар (@alifaan) и му го
постирав линкот на фејсбук, а и на твитер.

Групата е јавна токму поради тоа, да може да пишува и да коментира
секој.
И секако дека се добредојдени колегите од ПМФ. Колку повеќе мислења,
толку подобро.

Фала и за постот.

Поздрав,

Бисерка

Martin Spasovski

unread,
Mar 7, 2010, 11:09:05 AM3/7/10
to Finki дискусија
Се извинувам тогаш, Мите не ми пренел :)

Важно ние студентите ја пратиме работава, а ако не прашуваат тие "од
горе" за мислења добро ќе биде, да не си муабетиме во празно.

Како што гледам, нас и нема да не засега оваа работа многу, ќе си
дипломираме со своите звања, ама важно е за тие што се средно сега, и
за постдипломски нели за нас.

п.с.
и јас имам twitter :D (@moondowner)

Medo

unread,
Mar 7, 2010, 12:49:49 PM3/7/10
to Finki дискусија
@Мартин

Го прочитав твојот блог, се согласувам со поголемиот дел од твоите
мислења. Секогаш ќе постојат луѓе што различно гледаат на ситуацијата
и секако имаат различни интереси од истата:
Проблемот што јас го имам со овој предлог е следниот: На студентот не
му се дава ИЗБОР !!!

Целиот проблем е во тоа што институцијата на дипломата ќе биде
различна.
Ќе направам една неблагодарна споредба: Верувам дека и на MIT има ИКИ
како смер. Сакаш да кажеш дека дипломиран електро инженер насока ИКИ
на ФЕИТ има иста тежина како дипломиран електро инженер насока ИКИ на
MIT ? MIT е светлосни години пред ФЕИТ/ПМФ , но последниве два исто
така не се лоши, ако ништо друго имаат 50 годишно реноме. Наивно е да
мислиме дека само знаењето е важно во денешниот бизнис свет. Престижот
истотака игра огромна улога. Не би сакал наскоро да дипломирам на
факултет што во моментот кога го пишувам овој одговор сеуште не
постои.

Друг аспект е Strengths делот од SWOT анализата. Нивните ветувања се
прекрасни аудиториуми, најсовремени лабаратории, групи што не се со
200 студенти итн. Тоа секако е многу добро, се разбира ако има нова
зграда. Што ако ни дадат 100 најсовремени сервери ако немаме
просторија каде да ги сместиме. Наставата ќе продолжи да се одвива во
исти услови, бидејќи ист е бројот на студентите, професорите, бројот
на лабаратории, капацитетот на постоечките предавални, бројот на
столчиња. За 4-5 години ќе се изгради зграда на Зајчев Рид и секако
ова ќе се промени и ќе има оптимални услови. Јас дипломирам за 1
година. Ништо буквално мене нема да ми се промени, освен името на
институцијата каде што сум дипломорал. Наместо ФЕИТ, институција што
постои 50 години, ќе ми стои ФИНКИ(или варијација на тема) што може да
е најдобриот факултет на светот ама јас ќе бидам од класата на првите
дипломци и пола Македонија нема да има слушнато за него.
Простете ама тоа е незамисливо за мене !!! Освен тоа е кршење на
граѓанско право на слобода на избор !

Отварањето на ФИНКИ е од корист на сите, почнувајќи од владата,
професорите кои ќе имаат полн буџет,слобода да вршат истражувања и
прават проекти, студентите кои ќе имаат услови и можности за
усовршување, па се до секој разумен граѓанин што сака Македонија да
стане конкурентен пазар за развој на информациските технологии.
Меѓутоа дел од студентите особено оние кои се тековни студенти на ФЕИТ/
ПМФ ништо не добиваат од миграцијата кон ФИНКИ (се разбира нов
факултет отвара можност за многу нови вработувања, ама не може да има
600 асистенти/демонстратори).
Исти услови, исто знаење, а диплома која нема реноме.

Најлогичко решение е студентите да имаат избор дали сакаат да одат на
ФИНКИ или да останат и да дипломираат на ФЕИТ/ПМФ. Паралелно да си
постојат 3 факултети уште 2-3 години(таман да се заврши новата зграда)
при што ФЕИТ/ПМФ не би примале нови студенти на овие студиски
програми.По завршувањето на последната генерација запишани студенти на
ИКИ/ИНФО/ИИ нека се укинат тие смерови и ФИНКИ нека си остане
единствен таков државен факултет.
Знам дека за секој напредок треба да се направат одредени жртви, но
ова е проблем што има неколку реални решенија кои не го кршат
основното право на избор кај една индивидуа.

Поздрав

Martin Spasovski

unread,
Mar 7, 2010, 1:41:45 PM3/7/10
to Finki дискусија
@Медо

Те разбирам, и јас кога ќе му кажам на некој комшија дека студирам на
ПМФ си вика, ауууу синко, браво. Од таа гледна точка точно дека ќе
биде лошо. Треба да се направи или името на факултетот да биде исто
(си се запишал на ФЕИТ па и кога ќе дипломираш да ти стои ФЕИТ) или да
може да си бираш што сакаш. Треба да се избориме за тоа.

За вредноста на дипломата, надвор од Македонија на никого не му значи
на кој факултет си завршил. Со други зборови, само во Македонија кога
ќе кажеш дека си од ФЕИТ или ПМФ тоа значи нешто. На крај краева ќе
имаме дипломи од УКИМ, ако се смени името на УКИМ е тогаш ќе има
компликации, а внатрешно во кој факултет студираш ништо не значи за
странците и дипломата исто ќе ја третираат како што ја третирале
досега. Кога ќе дадеш CV се гледа кои предмети ги имаш слушано и што
знаеш...

За да ги стигнеме MIT, без одделен факултет, туку на два факултети
смерови кои се бават со информатика малце тешко ќе биде ;)) да -
престижот игра голема улога, ако не кажеш дека си од некој светски
познат факултет, а се бориш за работа со некој од MIT, во наш случај
може добра препорака те спаси, можеби;).

А и види пример, бараш работа во странство така, или тука, и
работодавецот ти вика, ааа дечко, твојот факултет веќе не се бави со
информатика, по која стара програма си слушал ти? Тоа е исто како на
пример, годинава држат CISCO академија по тековната програма, а знаеш
дека за некој месец ќе воведат нова, но кај нас таа догодина дури ќе
ја донесат. Што би направил? (може ова сценарио и да не се случи, но
ете, ми текна на тоа сега)

Идејата е добра, само се зависи од тие кои треба да ја имплементираат
дали ќе им се свиѓа:


"Најлогичко решение е студентите да имаат избор дали сакаат да одат на
ФИНКИ или да останат и да дипломираат на ФЕИТ/ПМФ. Паралелно да си
постојат 3 факултети уште 2-3 години(таман да се заврши новата зграда)
при што ФЕИТ/ПМФ не би примале нови студенти на овие студиски
програми.По завршувањето на последната генерација запишани студенти на
ИКИ/ИНФО/ИИ нека се укинат тие смерови и ФИНКИ нека си остане
единствен таков државен факултет. "

За нас апсолвентите нема никакви придобивки од спојувањето точно, т.д.
значи само на нас е сведено да се избориме да ни биде дадено да
правиме избор (да одбереме кој факултет да го пишува).. Рекоа ќе има
уште дебати, па можеме идниот пат и со оваа проблематика да настапиме.

Поздрав,

Medo

unread,
Mar 7, 2010, 4:08:27 PM3/7/10
to Finki дискусија
Се надевам дека овие трибини не се организираат чисто колку да се рече
дека се слушнал зборот на студентите, туку реално ќе не сослушаат, за
секој индивидуално да може да си ја крои иднината според сопствените
потреби.
Оптимист сум дека ќе се најде оптимално решение за иднината на
информатичките науки во Македонија, а притоа да не се оштетат
тековните студенти.

Bojan Mavkov

unread,
Mar 10, 2010, 5:48:43 PM3/10/10
to Finki дискусија
Koга сме кај МИТ , таму од накај 40 департменти од кои повеќето за
инженерство
сепак не постои департмент за информатика.
Electrical Engineering and Computer Science e одделот
во кој се изучува информатика!
така да сите приказни дека сегде во светов мора да постојат факутети
посебни за информатика паѓа во вода!
бидејки еве во најврвната институција во светот за тоа не увиделе
потреба
да имаат такви институти! Таму студентите имаат голема слобода на
избор на предмети од сите оддели.
Затоа сметам создавањето на такви поделби, пред се треба да зависи од
потребата на самиот уневерзитет а не да се наметнува
дека тоа е нешто неопходно !
и така во сите големи уневерзитети гледаат нивните студенти да слушаат
што повеќе разноврсни предмети од различни подрачја на науката
за да коа ке излезат нивните студети да бидат комплетни личности кои
пред се знаат да размислуваат и да решаваат поблеми
бидејки тоа е најважното!
и така според истражувања само негде 20% од лугето кои дипломираат
понатаму се бават со својата специфична област на која завршиле!

On Mar 7, 7:41 pm, Martin Spasovski <shorte...@gmail.com> wrote:

Aleksandar Malkov

unread,
Mar 10, 2010, 6:51:15 PM3/10/10
to finki-d...@googlegroups.com
aj boco brkaj si rabota na ksia i ko so ti kazav mozese odamna da odis na mit i ostavi ne da se dogovorime ko lugje tuka

2010/3/10 Bojan Mavkov <bojan....@gmail.com>
Reply all
Reply to author
Forward
0 new messages