Драги ЕЛСАши,
Би сакала да ве известам за една одлична можност за продлабочување на вашите знаења од областа на човековите права, конкретно во однос на заштита од дискриминација.
МЗМП, поддржано од Француска амбасада, организира Практична обука за студенти по право, адвокати и млади правници за заштита од дискриминација во меѓународен и домашен контекст која ќе се одржи од 04ти до 06ти Октомври 2017 година во Хотел Монтана, Крушево.
Целта на обуката е подобрување на знаењето за заштита од дискриминација кај студентите по право, младите правници и размена практични искуства со искусни адвокати.
Предавачи на обуката ќе бидат Г.дин Себастјан Ботру Бонтере, аташе во Француската амбасада во Р. Македонија и поранешен директор на Институтот за човекови права во Каен, Р. Франција, Г.ѓа Јасна Оровчанец Арангеловиќ и Г.ѓа Александра Цветановска од МЗМП.
ЕЛСА ви нуди можност да учествувате на обуката. Доколку сте заинтересирани за учество,
испратете мејл на vp...@elsa.mk најдоцна до 28.09.2017 (четврток).
Изборот се врши по приципот ,,прв дојден, прв услужен"
Во прилог, можете да ја погледнете агендата за обуката.