Почитувани членови,
Ве потсетувам дека рокот за аплицирање за Конференцијата Право на игри на среќа завршува заклучно со 02.03.2017 година ,четврток!!!
Обезбедете го вашето место на време!
Законот за игри на среќа и забавните игри ни ги пропишува видовите, условите, организацијата и начинот на приредување на истите во Република Македонија.
Игри на среќа се и забавните игри, тие се организираат заради забава на учесниците во играта,како и за стекнување средства што се приход на Буџетот на Република Македонија.
За сите новости и полемики како предавачи ќе се јават практичари кои што биле дел од работната група за изработка на Законот, адвокат Никола Лазаров и адвокат Ангел Шоптрајанов.
Конференцијата ќе се одржи на 03.03.2017г. (петок) во Салата на ННС, со почеток во 12 часот, ПФ "Јустинијан Први" - Скопје.
Koтизација за учество 150 денари за членови на ЕЛСА и 200 ден за сите останати.
За учесниците следуваат сертификати!
Ве очекуваме!
ЕЛСАшки Поздрав,
Мартина Марковиќ
--
Martina Markovik
VP Seminars&Conferences
ELSA Republic of Macedonia
Faculty of Law “Iustinianus Primus"
Goce Delcev 96
1000 Skopje
Republic of Macedonia
mob.
+38971 499 181Web:
www.elsa.mk ELSA Republic of Macedonia's Partners