Претставување на новиот Извршен и Надзорен одбор за 2017/2018 година

4 views
Skip to first unread message

Angela Jankoska

unread,
Jun 15, 2017, 5:43:09 AM6/15/17
to Elsa_macedonia

Почитувани ЕЛСАши,

Навистина ми претставува големо задоволство што денес за прв пат ви се обраќам како Претседател на ЕЛСА РМ и што ми е дадена честа да ви го претставам новото раководство за оваа година.

Во понеделникот, на 12.06.2017 година, се одржа 22-рото Генерално собрание на ЕЛСА РМ, на кое за членови на Извршен одбор за 2017/2018 година беа избрани:

1. Ангела Јанкоска - Претседател
2. Билјана Петреска - Благајник
3. Фанче Димоска - Потпретседател за академски активности
4. Тамара Велковска - Потпретседател за семинари и конференции 
5. Беба Жагар - Потпретседател за СТЕП
6. Ивана Ажиевска - Потпретседател за маркетинг

За членови на Надзорниот одбор 2017/2018 година се избрани:

1. Константин Битраков
2. Маја Вељанова
3. Мирослава Џаџева 

Воедно би сакала лично да се заблагодарам на членовите на претходниот Извршен одбор, со кои беше задоволство да се работи, со кои заедно постигнавме многу и кои со своите напори, жртви и идеи се заслужни за секој успех и за тоа што е ЕЛСА сега. 

Голема благодарност и до сите кои присуствуваа на Генералното собрание и кои го искористија своето право на глас за да допринесат кон развитокот на ЕЛСА РМ. 

Во престојната година, заедно со членовите на Извршниот одбор ќе бидеме секојдневно тука за вас, отворени за сите ваши планови, предлози и идеи, за дружење и соработка. 
Продолжуваме со активностите таму каде што застана претходниот одбор и се надевам дека пред нас ќе имаме плодна година и успешна соработка.


Срдечен поздрав со многу ентузијазам за престојната година, 

 Ангела Јанкоска
Reply all
Reply to author
Forward
0 new messages