Драги ЕЛСАши,
Пред нас е уште едно ЕЛСА истражување, овој пат на тема „Миграциско право“!
Станува збор за соработка помеѓу ELSA International и Советот на Европа при што до секоја ЕЛСА група се доставуваат прашања на кои истражувачите треба да одговорат. Ваквите истражувања се прекрасна можност не само за да ги продлабочите своите знаења и да
ги подобрите своите истражувачки вештини, туку и за да бидете едни од малкуте студенти кои имаат меѓународно објавено истражување и со тоа да г о збогатите своето CV. Дополнително, истражувањата отвораат можност за учество на меѓународни конференции како и
соработка со останатите ЕЛСА групи.
Ги повикуваме сите заинтересирани да ни го испратат своето CV на vp...@elsa.mk најдоцна до
4ти мај!
Поздрав,
Fanche Dimoska
Vice President for Marketing