Здраво и фала на сите што ја мапирате Македонија.
Дали некој знае има ли конфронтација меѓу ГММ и ГП кога се додава некој ПОИ. На прим: имам направено пои во ГММ, а исто така и во ГП. Дали треба да го избришам едното? Можат ли да се спојат? Воопшто, каде е повалидно да се внесуваат ПОИ понатаму, бидејќи со работава (вебсајт градба) на клиентите им креирам и мапа на локација. Преферирам да ги правам во ГП, бидејќи имам лошо искуство со ГММ. Некој направил таква збрка со Мастерспорт во Беверли Хилс , Капиштец, (инфо прозорецот припаѓа на друг бизнис од Полска) што единствено решение ми е да го избришам во ГММ па да го креирам во ГП. Го пријавував со `пријави проблем` но не се реши.
Сè најдобро, Д