Стефан Влахов Мицов — Добрососедство на бугарски

4 views
Skip to first unread message

Комитата

unread,
Apr 10, 2008, 5:50:24 PM4/10/08
to Macedonia Discussion Group
Стигнахме до там Влахов Мицов да деконструира българската доктрина за
Македония, при положение че нашите умници сами не могат да я
формулират ясно. То не че казва нещо ново де — оказва се че според
него психичните проблеми на нацията формират доктрината ;-)

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=88711&EditionID=1367

Добрососедство на бугарски

Стефан Влахов Мицов

Мотивот за создавање на новата (понатаму ќе видиме колку е нова)
надворешно-политичка доктрина кон Република Македонија се бугарските
комплекси. Бидејќи авторите на доктрината се претставници на државните
институции, таа претставува актуализирање на дамнешни институционални
комплекси. Инаку, во надворешното нормално човечко комуницирање
никогаш немало проблеми меѓу македонскиот и бугарскиот народ. За
бугарските комплекси на државно ниво, вина има Русија.

Во напорите да создаде пријателска сателитска држава таа ја воздигна
бугарската елита и и всади илузорни мечти за иднината. Со тоа ја
инсталира да биде вечен сателит - ту нејзин (на Русија) ту на
Германија (два пати) , на поранешниот Советски сојуз, а денес на САД.
Како продолжение на Санстефанските наследства, всушност, уште пред
Берлинскиот конгрес, токму Русија предложи од проектираната територија
на Бугарија да отпаднат областите западно од Нови Пазар - Серез, т.е
речиси цела Македонија и дел од Србија, бидејќи биле населени со
„небугарско население“.

Бугарската доктрина кон Македонија од секогаш има два меѓусебно
спротивставени аспекта: пропагираната подготвеност за пружање помош и
ослободување на „сонародниците‘. и, реален однос: како кон туѓа
територија и народ, кои треба да бидат освоени. По поделбата на
територијата на Македонија во 1913 година и приграбувањето на Пиринска
Македонија, бугарските комплекси (истото се однесува и за грчките) ги
заплиснува нова струја. Тоа е резултат на стравот на крадецот дека
некој ден може да му биде поматена сметката. Затоа се и грчките
депортации на Македонци од Егејска Македонија и преземените раселувања
од бугарската власт на Македонци во цела Бугарија.

Опасностите за Бугарија и Грција ќе престанат само ако Македонците
исчезнат од лицето на земјата. Но, бидејќи тоа е невозможно ударот се
пренесува и врз државно правниот субјект Република Македонија. Токму
лицето на тој субјект и, уште поважно, лицето на македонската нација,
македонскиот јазик и култура, им пречат на бугарската и грчката
пропаганда да тврдат дека поседуваат само делови од „географската“
област Македонија. Оттука и тезата дека не постои македонска нација
или дека, ако ја има, е создадена по 1944 година,т. е по периодот кога
Грците и Бугарите ја поделија Македонија. И едните и другите ги
доживуваат болно оцените на западните набљудувачки дека нема
принципиелна разлика меѓу некогашната поделба на Полска и оваа на
Македонија.

(Продолжува)
Reply all
Reply to author
Forward
0 new messages