Моето име е Новица Наков. Од скоро преведувам презентации на TED, а
одамна ја следам конференцијата, и долго време бев организатор на TED
вечерите во рамките на СподелиКино (http://blog.spodeli.org) настан
што Слободен софтвер Македонија го организираше во КЦ Точка во Скопје.
Минатиот месец бев на настанот во Сараево (http://
novica.softver.org.mk/node/501), загребскиот морам да го скокнам
поради некои локални обврски.
Покрај образовноит аспект TED ми е одлична забава, па затоа мислам
дека тој спој вреди да се проба и на нашево поднебје.
Поздрав,
--
н.
Јас сум Илина Карева инаку мераклија на TED најпрво заради буквата Т,
а потоа и заради останатите :)
Мерак ми е да преведам некоја (ако стане интересно може и повеќе)
презентација
за да има што повеќе достапни "модерни" ресурси на македонски јазик.
Мислам дека Македонија не е толку назад од случувањата во светот и
заслужува и нешто како TEDxSkopje :)
Како член на студентски организации еден период ми помина и во
организирање на образовни настани
и нормално дека тие "искуства" би го споделила и за еден ваков
интересен настан.
И да секогаш се' започнува со еден маил :)
Поздрав,
Илина
Ќе бидеме ли јунаци да стигнеме до првата страна на најпреведувани ?
Последен пат кога видов, Хрватите, Чесите, Шведите и Виетнамците се со
околу 50 преводи, а ние „им дишеме во врат“ со цели 39 завршени
преводи!
Шала на страна, преводите ги почнав со малку себичен мотив .. да им ја
подарам убавината на ТЕД на моите дома што не разбираат англиски. Ама,
веројатно ќе послужи и за други.
Поздрав,
Драган
Јас сум Ивана и, како Драган, и јас се приклучив главно да им го
доближам
ТЕД на моите најблиски :) Досега имам два преводи и сега работам на
третиот.
Се надевам дека брзо ќе се најдеме на првата страна бидејќи веќе
имаме
40 објавени презентации, 4 на ревизија и се преведуваат 6 :)
Поздрав,
Ивана
--
Subscription settings: http://groups.google.com/group/tedmk/subscribe?hl=mk
Јас сум Ѕвезда, со TED си се дружиме одамна и како и повеќето од вас,
преведувач сум поради тоа што сакам да им го доближам и на луѓето што
не зборуваат англиски а се заинтересирани за новите научни
достигнувања. Добро де, најмногу заради дедо ми :)
Го прочитав постот на Новица за неговото искуство со TED Сараево, и
доста ми се допаѓа идејата да се изведе ова и кај нас. Не сум сигурна
колку е ова изводливо во наши услови, но еве од мене има целосна
поддршка. Не би можела да кажам дека имам искуство со организирање на
ваков вид настани - последниве години не ни живеам во Македонија - но
мислам дека би можела некако да придонесам со наоѓање на презентери.
И толку имав да кажам засега :)
Поздрав!
Првиот говор што го гледав на TED беше визуелизацијата на Ханс
Рослинг, оттогаш не можам да се оттргнам од фасцинацијата дека
големината на големите луѓе и идеи и постигнувања лежи во
едноставност, понизност, истрајност, многу работа. Ми годи една таква
врамнотеженост на силите во светот :)
Не сум преведувала од говорите досега, затоа што сум сметала дека само
на оригиналниот јазик се доловува вистински суштината на идејата, но
некои говори на јазици кои не ги зборувам ме колебаат - чекам да
налета непреведен говор на кој не можам да му одолеам.
Бев на TEDxZagreb пред две недели, беше на нивото на кое го очекував -
просто неверојатно. Многу, ама многу би сакала да заживее и да видам
TEDxSkopje, и не само тоа - подготвена сум да работам за таа кауза
(како партизан) :). Во таа чест, втората нишка ја отворам јас - кои 5
луѓе би ги поканиле како говорници на TEDxSkopje, зошто, линк.
(Сметајте дека мора да се 1000км во круг на Скопје, и по можност без
повторувања, и кажете општ коментар за претходно наведените)
Јас сум Катерина and I am TED-oholic и фала ви што ме примивте во
групава.
Многу ми е мило што гледам дека се собрало комјунити кое веќе
размислува за TEDx дружење во Скопје или Крива Паланка или Берово ако
сакате, не битно :)
Гледам ги имаме сличните симптоми на зависност, а посебно проблемот
настанува кога во живо ќе се почувствува енергијата на ТЕД, па во рок
од 2-3 дена ќе ги исчиташ сите можни правила, прописи за TED
лиценца,... па ќе почнеш да праќаш маилови до ТЕД ментори, ....ќе
бараш книги со име ТЕД фор дамис итн.
Ок.. то make the long story short..
Јас најмногу би сакала ако можеме сите овие наши желби да си ги
оствариме ... Ако некој од вас веќе почнал со апликација, веднаш се
пријавувам за чирак и го делам мојот конфузен фалј со име
Project_TED.mpp. ..
Else, .. слободно пишете ги вашите идеи па се надевам дека набрзо ќе
почнеме со изработка на иницијален концепт за апликација за лиценца.
Фала ви уште еднаш што ме ислушавте
Се најубавоооо
Ептен ми се допаѓа идејава, ТЕД со мерак ги гледам веќе 2 години.
Инаку сум ИТ гик, за инцијативава разбрав од блогот на Новица и
навистина сакам да направиме нешто околу ТЕДх!
Инаку имам искуство во организирање настани, некоклу години бев член
на БЕСТ (поздрав Илина!), а една и на ИАЕСТЕ, можам слободно да кажам
дека за логистика ме бива ептен.
Се надевам дека ќе се собереме критична маса од 15тина активни и ќе
тераме успешно.
Поздрав
Томи
Да го испочитувам редот, јас сум Васко Цацаноски, по професија ИТ
инженер, во слободното време и претседател на Скопско астрономско
друштво (САД - малку несреќен акроним што асоцира на друго).
За иницијативава дознав вчера вечер. Ги прочитав сите thread-ови, а со
тоа се запознав до каде е идејата кај вас. Запознаен сум детално со
тоа што е TEDx, кои се критериумите и условите што тој ги бара и
наметнува. Со некои од нив не се согласувам, но ќе мора да се
прифатат.
Независно од вас, на моја иницијатива во САД (види погоре) веќе сме во
поодмината фаза во организација на TEDx.
До каде сме стигнати: контактирано е и дадена е начелна согласност за
каде би се одржал настанот, дефиниран е датум на истиот, имаме
направено список на луѓе, а веќе почнавме денеовиве и еден по еден да
ги контактираме.
Не сакам да бидам погрешно сватен во следново што ќе го напишам
бидејќи е крајно добронамерно. Бидејќи идејата која сите ја имаме е
навистина благородна, сметам дека не треба да има простор за
конкуренција и некаков натпревар. Бидејќи веќе имам замислено концепт
на TEDx настанот, убаво би било поскоро (викендов) да се најдеме и
продускутираме. Колку и да ви изгледа дека сите исто си го замислуваме
TEDx, сигурен сум дека во нешто и нема да се согласиме. Спорни точки
може да бидат форматот и бројот на презентациите, датумот, самите
говорници... Го видов списокот со предлози, со 90% од луѓето се
согласувам, некои други ги има и на нашиот список, но има 10% за кои
„со две раце“ сум против :-).
Ќе напишам нов email во заглавјето „средби’.
Поздрав,
Васко
Јас сум Сања Заковска, дипломиран информатичар, моментално вработена
како дизајнер во маркетинг агенција.
Се придружив во групава затоа што сакам на помогнам на било кој начин
можам.
Имам работно искуство во графички дизајн, печат и веб дизајн, додека
за невладини
и непрофитни организации имам работено и како фотограф и колумнист.
Ergo,
може да ме вметнете во комбинација било кога да ви затреба нешто од
наведеното.
Инаку општо сум Apple фанатик како и брат ми, и поради тоа сме
сопственици на iZak
продавницата во ГТЦ. Сертифицирана сум како Аpple Product Specialist и
Apple Global Training
за последните две години. Со брат ми бевме делумно одговорни за
Macintosh предавањата кои се
оддржуваа пред половина година под организација на Дуна Компјутери. Во
меѓувреме
го водиме blog.izaksolutions.com блогот преку кој се трудиме да го
упознаеме народот со
опциите кои Apple ги нуди.
Инаку TED ги пратам веќе некое време (особено тие поврзани за
технологија и информатика),
и мислам дека вреди нешто такво да се организира и кај нас. Жал ми е
што технологијата во
Македонија е со векови уназад, а со неа исто и упатеноста на народот.
Греота е да се седи дома
и шехерезада да се гледа, а да не се знае дека еве, македонец работи
20 години во CERN :)
Епа доста за мене, ќе ви здосадам.
Поздрав, се надевам ќе се видиме на наредниот собир.
Јас сум Мите Кузевски, дипломиран новинар, моментално сопственик на
агенција за интернет маркетинг Њу Медиа МК (http://newmedia.mk) и
консултант за онлајн медиуми за програмата Младинска иницијатива во
Сорос Европа. Во слободно време сум фриленс фотограф
http://www.demotix.com/users/kuzevski/ и ентузијаст за документарни
филмови http://www.daazo.com/film/5ce4f2f6-6009-102a-baba-000e2e531ae0/.
Можам најмногу да помогнам со фотографирање, снимање и видео монтажа и
интернет промоција.
Поздрав,
Мите.
Јас сум Славица Илиеска, од Моменти-Агенција за организација на
настани. Заедно со двете партнерки, веќе неколку месеци разговараме за
можноста за организирање на TEDx настан во Скопје. Би можеле да се
вклучиме во сите аспекти на организација на настан, логистика,
ангажирање говорници, односи со медиуми. Она што ме интересираше е
дали размислувате за вклучување на партнерски организации во настанот
(невладини организации, фондации) кои можат да додадат на позитивен
публицитет. Истовремено, освен ваков вид на волонтерско ангажирање,
дали сметате дека би можело да се вклучат и комерцијални фирми, како
спонзори на настанот?
Бидејќи групава станува се поголема, и вашата иницијатива промовирана
на социјалните мрежи добива се повеќе заинтересирани, кога би можела
да се договори повторна средба?
Поздрав & Убав ден:)
On May 31, 11:11 am, Ilija Iliev <strum...@gmail.com> wrote:
> Поим немам со што и како можам да помогнам, ама ми се виде интересна идејата
> и сакам, барем, да сум информиран :)
>
> --
> Илија Илиев
> =Менаџер на продажба=
> НУТРИ ВИТА ДООЕЛ
> 29-ти Ноември бр.15 локал 3
> 1000, Скопје
> Р. Македонија
>
> Тел.: +389 2 3230 777begin_of_the_skype_highlighting +389 2 3230 777 end_of_the_skype_highlighting
> Факс: +389 2 3230 777
>
> Skype ID: strumjanmkhttp://www.nutrivita.mk
Здраво Славица ( и сите други што се пријавија на групава и
претставија овде )
> Бидејќи групава станува се поголема, и вашата иницијатива промовирана
> на социјалните мрежи добива се повеќе заинтересирани, кога би можела
> да се договори повторна средба?
Мислам дека на сите прашања можеме да најдеме одговор. Конкретно во
врска со вклучување на други организации и спонзори - сето тоа ќе
треба да се прави во согласност со лиценцата што би ја добиле. Не ги
знам тие детали на памет, но сигурно ќе разговараме за тоа на следната
средба.
А тоа е важното нешто за кое што сакав да напишам.
Претходниот пат разговаравме средбата да биде на 18 јуни (петок) од 18
ч. (по мое мислење добро би било да е на локација што не е кафич - а
ако не најдеме таква - тогаш барем некое место со поголеми маси поради
искажаноит интерес).
Можеби петок не е најсреќен ден, но е подобар од сабота и ќе биде
добар филтер за тие кои што ќе го гледаат токму тоа како пречка за
присуство.
Целта на овој собир ќе биде да се пресече во смисла на организациски
одбор, по што фактичкото организирање на TEDx би започнало.
Некои од нас веќе разговараа неколку пати и затоа за ова да биде што е
можно поинклузивно во деновите што следат ќе се обидеме да составиме
некој текст или слично за сите да бидат up-to-speed за тој состанок,
како не би губеле време на раскажување на што се случуваше.
--
новица